Покажете му дека вие поседувате јака психичка и емотивна состојба. Кога ќе флертувате со него, бидете сигурни дека само вие двајца го слушате муабетот за да тој се чувствува удобно покрај вас.
Знаат и од нигде никаде, за да ти се прашуваш самата, да не прават муабет. Повлечени во својата школка. Со нив да имаш само преголемо трпение.
Добра тема,дури сега ја забележав За јарциве можеме да збориме со денови ама никогаш нема да ги сфатиме Скоро се што прочитав е вистина за нив.Јас веќе 6 год сум со Јарец и до ден денес има моменти кога едноставно незнам како да излезам на крај.И да е крив ќе го сврти целиот разговор така да ти да испаднеш виновен,за инаетот и за тоа колку може да држат лутина едноставно се неверојатни мојов и на неговите кога ќе се налути не им збори, незнам како издржува хах Од друга страна па и имаат и доста позитивни карактеристики. Нервите и толеранцијата треба да ти бидат на високо ниво очигледно бидејки со нив на избувлив начин нема да се излезе на крај,мора што и да сакаш да кажеш,да одбереш правилен начин а не е дека нема да сфатат само се прават бидејки нели тешко им е да кажат извини.
@Kala22 Баш фино што имаш искуство со Јарец. Сподели уште нешто, каков е или како се однесува со тебе ... Посебно во емотивниот дел каков е ...
Хаха сепак без разлика на тоа дали веруваме или не во хороскоп мислам дека секој хороскопски знак е препознатлив по некои посебни карактеристики Еве на пр Јарците по овие ,што веќе голем број членки ги навеле во темава...Каков е со мене во емотивниот дел хах да ти кажам искрено добро прашање од мое искуство кај Јарциве зборовите се ништо,мојов само на дела покажува,како што кажав Извини нема да ми каже ама ќе ми покаже на многу други начини,истото се однесува и кога сака да ми покаже љубов.Точно дека се ладни и дека понекогаш ќе се прашуваш и ќе се двоумиш во неговите чувства ама едноставно се такви и како такви треба да ги прифатиш.Ако нешто сум сфатила кај нив ништо со сила неможеш да изнудиш,со тек на време сами ќе станат поопуштени и послободни.Кога се нервозни и кога нешто ги мачи сакаат да се сами,ќе ги приметиш дека нешто не е во ред ама ако сакаш до утре прашувај нема да ти каже што е.Сега веќе не прашувам сам си кажува,треба да им се остави простор.Ние искрено не се караме не дека нема ситници што ни сметаат ама секој пат кога имаме несогласност оставаме да помине време неколку часа зошто во тие моменти Јарците можат многу работи да кажат што не ги мислат па да испадне на поголемо.Кога има нешто што ми смета му го кажувам,само што треба да бирам на кој начин да го кажам хаха тешко признаваат вина.Никогаш не ми кренал глас,знае да ме ислуша,знае да ми помогне,некој пат да ме искара,да ме посоветува,да ме гушне...Нашата врска одреден период се одвиваше на голема далечина и мислам дека и тоа доста допринесе да функцонираме како што функционираме.Ја започнавме во период каде што уште созреваш и со секакви бубачки низ глава тогаш беше љубоморен доста,сега веќе не,мислам дека се едни од постабилните луѓе.Секогаш се праведни,ама ако еднаш им згрешиш многу ,многу тешко се враќа довербата кај нив.
И по цена целосно да ја изгубат личноста која им значи многу, од пуста тврдоглавост и чудна пасивност, се повлекуваат без збор!? Чудно комплицирани се машкиве претставници на овој знак ...
Болдот да и кога ќе сфатат дека ја губат, ја бараат премногу дури и те гушат на тој начин, ама веќе е предоцна.
Јас сум Јарец и сметам дека истите одлики што ги имаат женските ги имаат и машките. Тешко викаат те сакам, чувства искажуваат само ако навистина те сакаат, ама им треба мнооогу време. Ако партнерот му е за онака, колку да се занимава можно е пред карање да го омаловажуваат и вреѓаат. Јарецот си ја става кариерата на прво место. Ако му стоите на патот на остварување на некоја цел, може да ве остави. Не водете инает со Јарец, но бидете покрај него кога му треба поддршка. Овие се негативни карактеристики. Ако Јарецот навистина ве засака е тогаш треба да сте многу внимателни да не го повредите. Ако Јарец плаче пред вас, целосно е ваш. Тоа значи дека има доверба во вас и ве смета за доволно близок.
Позитивно: Многу се посветени кон девојката, многу внимание добиваат, романтични се, тврдоглави, но се упорни во се. Мојов правеше се за мене, доаѓаше и во лето и зиме со точак за да се видиме. Делевме се, не се караат но со нив имаш и слога и пријателство. Многу сакаат да помагаат. Кога сакаат значи не забораваат ниту една дата нити па твојот роденден. Родени се да бидат сакани. И многу се верни. Негативно: Не се љубоморни ( ова баш и не е некоја негативна карактеристика), но секаде се мешаат. Еднаш мојот ми се мешаше во односот со моите другарки, тој си го бранеше својот став и сметаше дека е така. Сакаат да контролираат. Но, кога се повредени тие се како да ти кажам, се повлекуваат одма ќе си одат. Негативно е што незнаат да спремат изненадувања и во некои ситуации како што кажа самата ти прават нешто што по секоја цена можат да ја изгубат девојката, но тоа не го знаат. Мојот ми бранеше да излегувам со другарки во дискотека и се љутеше за тоа, ме гушеше така, па се повлеков. Од кога ќе се повлечеш сфаќаат дека изиграле лошо и веќе не е тоа тоа те бара, те гуши, трча по тоа. И така тоа е тоа.
И болдот посебно искосениот е точно дефинитивно. Хм, имаат значи свои посебни заеднички црти. Ама таа нивна голема тврдоглавост, сам против себе, да се повлечеш само затоа што се осеќаш неспособен да исполниш нешто или да направиш чекор напред ?? Зошто пак таа пасивност во емотивниот дел, зошто ако другава страна очекува од нив да ја водате напред врската, некако може нагло да се повлечат? Толку таа несигурност внатрешна? Или егото е пресилно кај нив?
Мислев тој да плаче ... значи она до бол ... Навидум толку сигурни и силни, а во суштина толку се емотивни и несигурни ...
Не, тие го погазуваат своето его. Ќе дозволат други да ги викаат папучари едно друго, но нив тоа не ги погодува. Ги погодува ако те виделе некаде со некој друг и одма извадат некој муабет за тебе. Па не сакаат кога некој ги претркува и им се прави паметен. Сакаат они да ја имаат контролираат врската ти кажав и во претходниот пост.