1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со машко Јарец?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 15 април 2010.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.546
    После години во врска со Јарец, можам да кажам дека ако пак треба да сум со Јарец во животов, подобро сама да умрам со 20 мачки околу мене кои ќе ме изедат додека ме најде некој. Одвратни се, со најубав збор опишано. И другарите јарци се неподносливи. Знаат да прашаат колку пари имаш во џеб за да планираат дали ќе им платиш. Дечко јарец ќе те гледа како капитал, секое негово трудење кон тебе е инвестиција. Сексот е тажен.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски

    Јас сум Јарец па не сум циција. Никогаш не се стегам и не очекувам некој да ми плати. Јас мислам дека машките Девици во хороскоп се најужансни и тие се такви, за парите. Жал ми е што таков ти се погодил. :)
     
    На Cacii123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    @Cka ме насмеа. :D :) Мислам дека нивниот знак е воден од амбицијата да се ствара, самите да бидат успешни во она што го работат, да создадат поради себе и другите кои нели им се најважни. Има да и такви, себични, кои не би се потрошиле баш тек така, ама веројатно позади стои некоја причина ... А има и широкогради. Едно е заедничко, кариерата пред се'. Амбицијата. Далеку од тоа дека се' гледаат низ призма на материјално. Би рекла Биковите се можеби повеќе наклонети кон тоа, па и Лавовите.
    Сепак верувам имаш да одвоиш и по некоја позитивна црта кај него ;)
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Да се надополнам. Јарците понекогаш си имам комплекси кога го избираме партнерот. Сакаме да е на наше ниво. На пример ако работам јас, сакам и партнерот да работи, ако јас студирам и тој да студира и сл.
    Често пати работите не се како што замислуваме, па може и за образованието да се сконтраме со партнерот. Затоа викам комплицирани сме. Не менува ништо дали има некој факултет или не, бидејќи има многу луѓе со добри факултети што немаат работа, ама ете Јарец и на материјалното мисли, за да види дали во иднина може да функционира партнерот.
    Ако партнерот нема исти замисли за иднината и нема некоја цел, тогаш тоа е проблем и може да наштети во врската. :)
     
    На Cacii123, GirlLove, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Ова хороскопов значи колку и да не сакаш да му обнуваш внимание и да му веруваш, доста често се поклопува со некои работи вака кога ќе прочиташ.
    Инаку јас сум во врска со јарец веќе 4 и кусур години и доста голем дел од сите работи што сте ги набројале сум ги приметила и јас, па ај ако ви е од помош да направам некоја анализа на брзинка :)
    Позитивни и негативни страни, секој индивидуално си ги сфаќа, за мене ако нешто е мана, за некој е доблест и сл.
    Инаку доста се посветени и упорни, тоа е како најглавна црта. Без разлика дали станува збор за љубов, работа, пријатели...тоа што го зацртал молкум ќе си го бутка без многу галамење и чаталење и вредно ќе работи на тоа да си го оствари замисленото.
    Доста тврдоглави особи што ретко примаат совет и се убедени дека самите знаат најдобро како треба, тешко прифаќаат промени и сакаат удобно да си функционираат онака како што навикнале во текот на времето и онака како што се чувствуваат најсигурно потпирајќи се на дотогашното искуство.
    Кога нешто не им оди од рака знаат да се затворат во себе па ти мисли му ја што е. Не се типови што ќе кукаат и што ќе се жалат, преферираат сами да се излечат и да си го решат проблемот без никој да им се меша, пошто нели, они најдобро знаат како, муабетот од погоре :lol: Секако овие работи се менуваат после одредено време, кога ќе почнат да те осеќа како поблиска особа, а не како странец. Но тоа може да се одолговлекува и на почеток и да фрустрира. Кога сме тука веќе, покажување премногу емоции уште од сам старт е мисловна именка, веројатно тоа е некој одбранбен механизам, ама вреди да се има трпение. Не дека се ладни ко камен, но додека сите на почеток на врска се а гу гу, они се сталожени и пополека се движат.

    Инаку за изненадувањата не се согласувам, јас на неколку наврати сум ги добила најдобрите изненадувања во животов баш од него, од причина што намислил-се посветил-остварил...како и за се друго што му е битно.
    Исто...скржав мојов не е, напротив повеликодушна личност не познавам. Сексот е се освен тажен :whew:

    Ако одлучил дека ве сака и дека тоа е тоа ќе добиете лојален и искрен однос, надополнет со многу дела што ќе го покажуваат тоа, а со помалку зборови, коректен однос без драматизирања и испади на посесивност.
    Доверба многу тешко се стекнува, а од друга страна трајно може да се изгуби ако го направите мајмун.
    Генерално гледано јарец може да биде доста тежок карактер ако не успееш да се усогласиш со него. Не можеш многу да го промениш и да му триеш сол над глава, треба само да се надополнуваш, да го разбереш, да не го ограничуваш и да не му попречуваш во останатите цели и задоволства што си ги има на ум, затоа што во спротивно ќе се осеќа загушено и заробено.
    За возврат секако ќе добиете се од набројаното.

    Накратко (facepalm) тоа :D
     
    На Cacii123, GirlLove, Valerin и 2 други им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Значи еден од по комплицираните знаци се Јарциве. :) Само треба да ги разбереме и да пробуваме да им се прилагодиме.
     
    На GirlLove и tessie им се допаѓа ова.
  7. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    269
    Јас сум вага , а тој јарец во врска сме веќе 5 години . Функционираме некако , тој е инат исто и јас, имам направено неколку грешки кои ми ги опрости со тешко срце , секогаш кога ќе направам таква глупост сфаќам колку ме сака, после тоа се каам зошто така сум постапила, но едноставно неговата ладнокрвност ме довела до тој степен.
    Го сакам премногу кога ќе се скараме неможам да издржам додека не го решам тоа, постојано ќе го задевам. Воопшто не е романтичар, троши повеќе од тоа што има, тврдоглав.
    Љубоморен е се лути кога ќе излезам сама со другарки или ќе направам договор без да го прашам, а кога тој ќе излезе сам со другари тоа е ок...
    Ме нервира тоа што јас сакам рамноправност, балансиранос , а тој сака да владее секогаш тој да има повеќе права од мене бидејки е машко.
     
    На BabyStyle, julie77 и tessie им се допаѓа ова.
  8. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    еве и јас да кажам неколку збора за јарците .. тврдоглавии нема до каде , инат со нив не фаќајте бидејки само на лошо ќе оди . Не простуваат веднаш , лесно се лутат, не простуват лаги , кога некоја работа ќе ја почнат ја завршуваат до крај , доста се посветени на работата понекогаш може и да ве изостават - овие се негативните работи
    А позитивни се - знаат да сакаат , почитуваат , ќе направат се за вас доколку не ги нервирате , чувствителни се и емотивни , верни , се грижат за вас сето воа доколку јарецот вистински ве сака , добри другари , сакат да помогнат на секој и така
     
    На Cacii123, Acka22, SimonaTino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Тоа е тоа. Сакаат да имаат контрола над врската, односот. Само така сигурноста може да им е загарантирана. Ама јасно дека во суштина не може да биде така. И секогаш имаат план, повеќе време им треба веројатно дури го остварат. Пре ветуваат него исполнуваат. Исполнувањето ако се случи може да мине многу време или воопшто да не се случи. Приметувам има треба време, време и време ... Некако од сите најмногу можат да губат време додека нешто завршат до крај.
    Инатот им е нај силна страна. |( Знаат да попуштат ако видат дека и вие знаете да го терате до крај. Ама очекуваат да им биде попуштено и да им се прости. Во суштина тие се каат, се јадат, плачат од внатре ама пуста надворешност која оддава сигурна, силна личност не им дава да биде срушена.

    Значи однадвор толку силни, сигурни, а од внатре толку емотивни, несигурни и полни стравови.
     
    На GirlLove и tessie им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.546
    Видете, моетолошо искуство со јарец, не знчи дека е ефинитивно. Јас не можам да се трпам со јарец, од едноставна причина што парите ми се многу неважни, што повеќе би гладувала и би шетала, отколку некој да ме прашува редовно колку пата и когами стигнала.

    За тоа дек се амбициозни, се. Ама не треба да е жената попаметна од нив. Ако е он доктор, она може а е сестра. Ако е он проф др, она може да е асистентка. Се им е пресметано и изборјано. Уживање нема. Нема што да се троши на алишта, кога може со старото. Нема што да се порача храна, има и домашна.

    Внатре се исплашени, и ги јадат другите за да покажат дека и они вредат. Жените можеби се срциња, не знам, ама мажите се...чувај Боже.
     
  11. Hija.de.la.luna

    Hija.de.la.luna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Јас сум опкружена со јарци (дечко, најдобра другарка, најдобар другар и близок колега) и најдобро се согласувам со нив. Си одговараме, се надополнуваме, иако си имаат моменти кои се скроз несфатливи за мене, во смисла на понекогаш не ја разбирам потребата од такво однесување. :D

    Би кажала дека се доста посветени на работата и кога ќе зацртаат нешто ќе дадат се од себе за да го остварат. Лесно се лутат, ама многу кратко им трае лутината, па знаат први да се јават после кавга.
    Нема шанси да заборават дата од роденден, годишнина, име на некој рандом лик, детали што сте им ги кажале пред година дена... значи памтат се! :D Друга заедничка карактеристика на овие јарци што ми се блиски е што имаат смисла за хумор, умирам од смеа кога сум со нив. :D
     
    На Cacii123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Секој има слично или различно искуство. Сепак се е до нас дали и како ќе ги прифатиме. Јасно дека треба да се има толеранција и трпение максимално. И да им се даде правото на главна улога во било кој однос. Уствари да си увртат у глава дека се "главни". :wasntme:, ;)
     
  13. Ferhundela

    Ferhundela Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2015
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Девојки помагајте, ми се налути мојот јарец :D, крива бев признавам, мегутоа му се извинив и не попушта до кога ке го држи лутинава кој знае, не знам што да правам, дали да го заамрам или да го оставам да му помине.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Остави го да му помине, когаа ќе види дека си се повлекла сам ќе те побара. Ако го замараш ќе рече дека го притискаш и што ти не.
     
    На JK888 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Остави го да олади. Доволно е што си се извинила. Ќе почекаш може повеќе, ама сам ќе те побара ко да ништо не било. Само очекувај да биде онаа ладна маска, знаеш сепак Јарецот е доминантен. ;)
     
  16. Ferhundela

    Ferhundela Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2015
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Многу претерав стварно бев крива што ти све не му реков, ама малку и поднапиена бев синока ама сабајлево и му вртев и не ми крена порака му напишав и само ми врати уживај и толку
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Остави го. Инаку ќе го напнеш па ако тогаш му влезе инатот, со месеци нема да те констатира. Ќе те побара сам.
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Ако сте заљубени или пак сте во врска со некој кој е Јарец во хороскоп, сигурно веќе знаете дека станува збор за еден многу специфичен знак со кого не можете да излезете на крај, но со малку труд и разбирање и невозможното може да стане возможно. Затоа денес ви откриваме некои специфични карактеристики за лицата кои се родени во знакот Јарец.

    [​IMG]

    1. Насочени се кон остварување на целта
    Јарците секогаш имаат зацртани цели и ќе направат сè за да ги остварат. Иако на прв поглед изгледаат како личности кои вршат милион работи во исто време, тие имаат јасен план во својата глава како да ги завршат сите обврски навреме. Тие се немилосрдни во добивањето на она што го сакаат, а ова важи и за личностите кои сакаат да ги освојат и кои им се допаѓаат.

    2. Имаат многу високи стандарди
    Јарците освен што се мегаломани и сакаат скапи и луксузни работи, тие исто така имаат поставено многу високи стандарди за личностите со коишто сакаат да излегуваат. Нив навистина треба да ги импресионирате со вашиот став, интелигенција, харизма, односно со целата ваша личност за да би имале некакви шанси кај нив.

    3. Тие се работохоличари
    Јарците се опседнати со работата. Секако, постојат и исклучоци, но во поголем дел од случаите тие се вистински работохоличари. Постојано се во движење, со нови идеи на ум, а тоа го почитуваат и кај другите луѓе. За Јарците работата е игра и во тоа се состои целиот шарм на овој хороскопски знак.

    4. Брутално се искрени
    Со Јарците секогаш ќе знаете на што сте. Тие секогаш ќе ви го кажат своето мислење, ако им се допаѓа нешто, тие јасно ќе ви го нагласат тоа, па затоа може да се каже дека тие се најискрените знаци во целиот Зодијак. Ја ценат искреноста кај другите луѓе, па затоа немојте да ги лажете, бидејќи може да ги изгубите како партнери, но и како пријатели.

    5. Тие се вистински натпреварувачи
    Кажете ѝ на личноста која е Јарец во хороскоп дека не може нешто да направи и гледајте како ќе направи сè за да ве увери во спротивното. Освен што се многу тврдоглави, Јарците се и многу натпреварувачки настроени, па немојте да се изненадите ако се такви и во врската.

    6. Многу се посветени
    Во оној момент кога Јарецот ќе ве засака, тој потполно ќе ви ги предаде својата душа и своето срце и целосно ќе ви се отвори. Затоа често нивното срце е скршено, бидејќи тие не знаат да се дадат половично туку се предаваат сто проценти. Такви се во семејните, во пријателските и во љубовните врски. Не сакаат да изневеруваат, ја ценат личноста која ја имаат покрај себе, па затоа немојте да ги изневерите.

    (превземено)
     
    На Cacii123, Snow-Star и GirlLove им се допаѓа ова.
  19. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Јарец- најтешкиот човек со кој сум била. Нема по тешко створење, ладно, промислено... Сеуште сум...Незнам само до кога :rofl: ... Ужас ... а зошто сум и сама незнам :) веројатно има нешто посилно од ужасниот карактер... :makeup: Ме доведува понекогаш до " благо лудило" . A јас ВАГА :) комбинација снова ...:rock:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Откако ја пролистав темава, уште повеќе не верувам во хороскоп.
    Исто како и вие. Јас сум дупла вага, тој е јарец со подзнак лав. Страшна комбинација. Скоро 5 год сме во врска. Меѓутоа кај нас обратни се работите. Како јас да сум јарецот. :lol:
    Јас сум поизбувлива, повеќе терам инат. А тој е посталожен, балансира и некогаш дури и да не е крив ќе се извини само да не сме скарани. :sun: Остава на мене да пресечам за некои работи и често знае да рече - Јас не сум папучар само мн те сакам. Со љубомора речиси и да сум немала проблем. Сум одела и на семинари, летни кампови и сл не ми забранил никогаш, ниту пак имало испади ако искачам со другарки и другари. Ја има онаа симпатична љубомора што годи ништо повеќе. Истата сум и јас. Бескрајно си веруваме. Се на се, Јарец е човекот на мојот живот и не би го менувала за ниту еден друг знак. :inlove:
     
    На India и julie77 им се допаѓа ова.