Чувствителни се многу, емотивни, многу се поврзани со женските членови од нивното семејство и ако им погрешиш нешто на нив ќе наебиш, злопамтила, упорни во работите што ги сакаат, интелегентни, добра смисла за хумор, сакаат да се мешаат низ кујна чат пат....за да ги придобиеш направи му тестенини со многу зачини.
@julie77 да ти кажам , така и правам . На пик ми е, али по се шо изначитав , и следејќи му го однесувањето ова ќе трае, а башка и не знам дали ќе има некаков ефект. Затоа, го имам на пик али не се форсирам , Онака ми е.
Такви се пасивни, тоа им е некако лоша страна. И очекуваат од другата страна да биде по активна. Повеќе да превзема акција. Како и да е, ќе видиш до кога ќе можаш да издржиш. Е, а кога те губат се повлекуваат и молчат, може и на подолг период. И туку од нигде никаде во даден момент сами се јавуваат.
Ами да превземам акција кај некој шо дава знаци во одредена ситуација, ама вака не ми лепе . Не му се замарам , два дена не му ни враќам кога ми пишува ,ионака само линкови ми праќа. Ќе пишам нешто поинтересно ако има.
Денеска не е до хороскопот, туку општо машкиве станаа пасивни во секоја смисла. Да ги мотивираш, да ги тинтраш ... Сега жените се освојувачи. А плус тој како Јарче ќе чека на тебе повеќе ... Остај го малку на игнор.
Јарец Овој знак тешко донесува одлуки како за крај, така и за почеток на врската. Кога еднаш се најдат во озбилна љубовна врска, со цела своја сила,трпение и чувства вложуваат во неа. Но спремни се и да се откажат кога почувствуваат потреба да бидат сами или пак кога мора да се одлучат помеѓу љубовта и кариерата, која им е најважна. Бидејќи по темперамент не се склони кон отворање на срцето и признавање на најдлабоките чувства, повеќе заминуваат тивко и без објаснувања. Тоа не значи дека ќе исчезнат, туку дека своите намери ги покажуваат индиректно преку одсутноста и нервозата. Дефинитивно ова важи, од искуство со ваков, знам.
И јас сум женско Јарец и едно ќе кажам: Кога Јарец ќе заљуби и некој ќе му 'легне' на срце СЕ ЌЕ НАПРАВИ, буквално СЕ. И верувајте дека сме толку упорни. Јас велам : Немој само да ми 'легнеш' на срце оти лошо ти се пишува. (упорна ќе бидам) Значи, ако зацртам дека ќе бидеш мој и ќе бидеш и точка.
Вљубен јарец Од сите зодијачки знаци Јарците се едни од најпребирливите кога станува збор за љубов или романса.Не станува збор за тоа дека не знаат да сакаат,но нивната вродена внимателност им помага да се поштедат од многу љубовни болки и проблеми.А тоа пак од друга страна може да ги попречи нивните амбиции во работата,што им е многу битно. Да видиме какви се припадниците на овој знак во љубовта Маж Јарец На прв поглед никој не може да делува понезаентересирано од него.Секогаш внимателен,Мажот Јарец нема да избрза во впуштање во нова романса или врска. Својата партнерка ја бира критички и рационално и од неа очекува безусловна љубов и посветеност. Иако по природа независен и самостоен,со желба за материјален просперитет и успех,не секојпат умее да се снајде во прашањата на љубовта.Истата умее да делува збунувачки врз него.Не се работи за тоа дека тој не е емотивен,напротив! Но,бидејќи негов владетел е Сатурн, кој носи инхибиции и ограничувања,не очекувајте од него љубовни изјави.Припадниците на овој знак обично не знаат како да ги изманифестираат чувствата кон партнерот/ката. Дури откако ќе се увери во вашата љубов(а,за тоа,според него,треба време)и откако сфати дека нема да го исмеете,тој емоционално ќе ви се отвори малку.За да ви ги раскаже своите најинтимни мисли и чувства ќе му биде потребно уште повеќе време. Сепак,целата оваа емоционална резервираност не подразбира и отсуство на страст.Тој може да биде страствен,но бидете сигурни дека тоа не ви е никаква виза за пат до неговото срце,затоа што никогаш нема да дозволи страста да му го помати разумот. Иако навидум ништо не го интересира освен кариерата,мажот Јарец умее да се бори за тоа што го сака,особено во љубовта и тоа поради две причини.Првата е што и самиот добро знае дека не секоја жена може да ја издржи нековата критизерска природа,камоли да го засака,а втората е тоа што му е навистина тешко да се вљуби.Доколку смета дека сте вистинската за него,нема да признае Не за одговор.Ќе ја урне секоја пречка која му стои на патот и нема да си замине со празни раце. Како партнер е верен и лојален.Од него не можете да очекувате секојдневно да ве опсипува со букети и скапи подароци,но можете да очекувате почитување и сигурност.Ако евентуално и успее да ви изјави љубов,бидете сигурни дека тоа е засекогаш. Совршен состанок Јарците,бев оглед на полот,сакаат околина која може да ги стимулира на ментален план. Концерт,театарска претстава или филм со некоја сериозна тематика ќе ја побуди нивната љубопитност.Доколку пак одите во ресторан на прв состанок,изберете некој помирен,каде што нема да ви пречи бучавата.Јарците сакаат да комуницираат,па ако забележат дека не ги следите,ќе помислат дека сте незаентересирани и ќе се повлечат.Затоа изберете го местото за излегување внимателно. Компатибилност Ракот е зодијачки спротивен со Јарецот.Затоа се привлекуваат како магнети.Имено,тоа може да биде врска на се или ништо,фатална љубот која може да заврши успешно или катастрофално.Ракот е мајчински настроен,и со тоа совршен емоционален баланс за Јарецот,кој пак од своја страна финансиски обезбедува.Со тоа ги имаат сите предуслови за среќна врска или брак. Слично е и со припадниците на другите два водени знака,Шкорпија и Риби.Емотивната и романтична риба умее одлично да го скрши иницијалниот отпор на Јарецот,а со Шкорпијата ги поврзува силна амбиција,упорност и издржливост.Бидејќи се работи за две силни природи,неретко Јарецот и Шкорпијата умеат и да влезат во конфликт.Но доброто е тоа што знаат брзо и да се смират. Со земјените знаци,Бикот и Девицата,Јарците споделуваат иста енергија и ги чувствуваат за најблиски.Ова особено важи за Девицата,со која можат меѓусебно да се излудат во критизерство.Сепак,ако сфатат дека никој не е совршен и се фокусираат на љубовта,можат да успеат.Со Бикот ја споделуваат желбата за класа,успех и престиж.Воедно,Бикот може и да го подучи Јарецот како да ужива во животот и да си дозволи по некое хесонистичко задоволсво одвреме навреме. Со припадниците на воздушната група Јарците не секогаш можат да се најдат на пола пат,бидејќи истите по природа не се материјалисти.Она што а Јарецот е материјален успех и статус,за воздушните знаци,Близнаци,Ваги и Водолии е слободата,како ментална,така и физичка.Проблеми можат да настанат ако Јарецот сака поголема лојалност и прииврзаност отколку што добива,а воздушниот знак тоа го перцепира како атак врз неговата лична слобода. И за крај,огнената група,со која Јарците имаат најмал потенцијал да се сложат.Зошто? Едноставно,затоа што Овенот ,Лавот и Стрелецот се сосема спротивни на нив.Додуша,со Лавот може да ги спои желбата за статус и моќ,но тоа е се.Јарецот ќе го иритира потребата на Лавот постојано да биде во центарот на вниманието.Овенот може да ги привлече затоа што поседува борбеност и иницијатива која ја немаат,но на долги патеки,тоа може и да ги иритира.Стрелците нема ни да ги привлечат,бидејќи им делуваат незрело и авантуристички настроени,а овие пак од своја страна ги сметаат Јарците за здодевни и конзервативни. За крај,ако се уште се премислувате дали да започнете врска со припадник/чка на овој знак,имајте на ум дека и покрај иницијалната резервираност,Јарците се навистина верни и стабилни партнери,кои своето срце им го подаруваат само на оние кои ќе заслужат.
ЈАРЕЦ –КАКО ДА ГО ЗАВЕДИТЕ Мажот Јарец е прилично конзервативен. Ако сакате да го заведете со провокативна шминка, предизвикувачка гардероба или со фалење на своите лични работни успеси, можете да постигнете единствено вашето име да го избрише од телефонскиот именик. Овој маж, секако, има свој идеал на жена, но тоа често е таков тип што однесувањето на вашата баба во младоста, за него би било авангарда. Но, можеби е малку претерано, сепак типичен претставник на овој знак со кој владее стегнатата планета Сатурн, мечтае за жена во традиционален и буквален смисол на зборот. Можеби ви делува премногу преокупиран со сопствената работа и затоа изгледа незаинтересиран. Но не се залажувајте. Под маската на вреден работник се крие исклучителен романтичар, но за да дојдете до тоа потребно е многу трпение. Смејте се на неговите шеги, направете покрај вас да се чувствува пријатно. Со еден збор храбрете го. Покажете искрено интересирање кон неговото семејство (мајката) и убедете го дека и вие копнеете за едноставен, топол дом. Ако сте доволно упорни и навистина искрени, вашиот дом ќе биде палата, затоа што постојат малку работи кои овој вреден маж не би ги направил за својата сакана жена. А како да го натерате да бидете заедно,во врска?
Нема тактика. Само големо трпение, искрени емоции, ако тој те засака ќе биде упорен и нема да се откаже никогаш. И кога ќе се повлекува без збор да не го напаѓаш. Оставај го тој сам се појавува. Само ако имаш дебели нерви да издржуваш периоди на "студенило" од негова страна. Јарецот едноставно се плаши од емоцијата.
Пак ќе кажам... Јас сум јарец... Ако сакам некој /нешто-Готово е. Мој е. Точка. Ништо не ме интересира (освен ако е во врска не чепкам таму). Значи се пополека со време... Толку сме несигурни... Ау Боже... Верувајте, нема понесигурен ззнак... Многу сме внатрешно чувствителни...само ладно изгледаме..
Пробајте со понежни зборови. Сакаме (јас барем) многу гушкање и бакнување. И мн нежни зборчиња :срце, срцко.. И сл.
Kako stanuvame povozdrasni muva ne ne lazi. Pa vie gledajte so kogo si pocnuvate rabota. Jarec, toa ti doaga nesto kako Pinoce style. Si gledame za sebe potocno prvo sebe pa ostanatite i si znae da si dava rspored na rabotni zadaci, blago receno dobar organizator e. . Najdobro od se: ako imate partner jarec ili drugar togas znajte deka stom ste so nego ve ceni beskrajno. Ne igrajte so toa zosto ako ednas ja izgubi doverbata gotovo e se.
Не е дека мува не ве лази, туку сте уплашени од тоа да не разочарате или ве разочараат. Се плашите од емоцијата, затоа што ако ја дадете очекувате да биде вратена сигурно. А знаете да дадете искрено, така очекувате да ви се возврати.