Како со машко Вага?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од princess483, 17 мај 2010.

  1. princess483

    princess483 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Ме интересира мислење..искуства..Карактеристики..однесување..најдобро ако имате или сте имале искуство..
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    550
    многу лошо искуство, сака се по негово, за се е тој во право, никако не прифаќа туѓо мислење. Многу лажеше, абе незнам више што да кажам едноставно тој хороскопски знак го замразив, ама па еве ја мајка ми е вага и се сосема спротивно од него. Тоа е индивидуално, јас не верувам во тие работи
     
    На okcenzi и LadyH им се допаѓа ова.
  3. kristina84

    kristina84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    9
    Не знам од каде да почнам...
    Оние кои јас ги познавам се многу мили, пријатни и допадливи. Не се наметливи, но имаат некој природен шарм, ако можам така да го наречам. Одмерени се, често до граница на неодлучност. Не избрзуваат во одлуките, што значи дека доообро треба материјалот да одлежи за да донесе некаков продукт од тоа.
    Оние кои јас ги познавам имаат капацитет за долги врски, што значи немаат проблем со врзувањето (искуствово ми е без исклучок). Семејството им е една од главните вредности.
    Во секој случај убав знак за машко (Вага), за женските имам соооооосема други искуства, накратко се терсене табиети.
    Ова беше се на што во моментов можам да се сетам.
    П.С информацииве се базирани на моето лично искуство изразено во лаичка форма на хороскопско толкување.
    Се надевам дека ќе ти биде од помош ;)
    Поздрав.
     
    На heart.stealer, mari77, Danilela и 3 други им се допаѓа ова.
  4. princess483

    princess483 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Па некои велат дека не се верни,а јас мислам спротивно од тоа.Семејството,љубовта и среќата им се на прво место и сакаат мир и спокој.
     
    На SunnyGirl2, Veki4kaa и mari77 им се допаѓа ова.
  5. Jacy

    Jacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Не се верни,а ако чекаш да ти каже дека те сака,ќе почекаш :) Можеби ќе биде и доцна.Но во секој случај се секогаш скоцкани и педантни.
     
    На okcenzi и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    12.750
    Допаѓања:
    58.577
    Пол:
    Женски
    Машките во знакот вага се темпераментни, дружељубиви, ги бидува за добри совети,баш напротив знаат да ги балансираат работите, шармантни се, романтични и големи љубовници, сакаат да им се покаже колку се сакани...и да, преголеми филозофи се :D
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    269
    и преходинот дечко со кого имав врска 2 години беше вага и сегашниот со кого одам 3 години.Кога ќе видиш сосема се различни,но имаат и заеднички особини.
     
  8. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    128
    добро ми дојдоа претходниве поставени размислувања...
    јас сум на пат за во врска со Вага ( машко) :!: :D :)
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.531
    Од мое искуство вагите се романтични, духовити , самобендисани , премногу им значи надворешната убавина ,кај нив секогаш другиот е крив за се, дружелубиви се, шармантни ..
    Понекогаш: екстравагантни, нерешителни, мрзливи, свртени кон луксуз, лесноверни...
    На лично ниво, Вагата никогаш нема да каже „не“, па ветува повеќе отколку што може да исполни. За последново сум убедена :wasntme:
     
    На IamSexyAndIKnowIt и De-lovely им се допаѓа ова.
  10. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    269
    потполно се сложувам со сево ова :D
     
  11. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    703
    а може некој да ми каже како си одговараат рак и вага од лично искуство или нешто?:)
     
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.531
    Кога вага и рак се во љубовна врска, тие меѓусебно си ги надополнуваат оние работи кои недостигаат кај секој од нив. И двата знака бараат сигурност и безбедност во врската и уживаат во убавината и задоволствата кои ги пружа животот. Кога имаат иста цел, вагата и ракот умеат хармонично да ги „измешаат“ нивните енергии. Овој пар може побавно да прогресира во однос на други, бидејќи на почетокот ним може да им изгледа дека немаат ништо друго заедничко освен потребата за добро друштво, блискост и убавина. Но, ако си дадат повеќе време за да се запознаат подобро, ќе препознаат многу квалитети кај секој од нив, кои вредат за почит.

    И на вагата и на ракот им е многу важно чувството на среќа и изразувањето на мислите и чувствата. Ракот го привлекува шармот, воздржаноста и тактичноста на вагата, а нејзините дипломатски способности може да го смират и во најкритичните ситуации. Од друга страна, вагата која е љубител на естетска убавина и хармонија, го почитува ракот поради неговиот инстинкт за негување на домот и безбедноста која доаѓа во пакет. Ракот има тенденција да избрзува со заклучоците и да донесува непромислени одлуки без да ги знае сите факти. Затоа е тука неговата вага која може да му помогне да ги види и другите перспективи на ситуациите. Ракот е предводен од Месечината која ги симболизира чувствата, а вагата од планетата Венера која е симбол на љубовта. Овој пар дели заедничка љубов кон домот, семејството и романтиката. Овие партнери најчесто би избрале хармоничен однос во врската, а не карање. Повеќе од која било друга љубовна комбинација, овој астролошки пар внесува чувство на топлина, нежност и стабилност на луѓето околу него.

    Наспроти нивното согласување и единство, кај овој пар може да се јават несогласувања. Во тој контекст, вагата ги формира своите ставови врз база на разумот, па понекогаш може да се однесува супериорно и снобистички спрема својот љубовник. Од друга страна, ракот го гледа светот низ „емоционални леќи“ па лесно можат да му бидат повредени чувствата. Додека ракот го креира мислењето врз база на инстинктот и говорот на телото и е задоволен кога се земаат предвид неговите чувства, вагата бара нешто што ќе ѝ го стимулира умот, обидувајќи се да ја најде логиката на нештата. Поради ваквите разлики, на овие партнери понекогаш им е тешко да се разберат еден со друг. Конфликт може да настане и доколку ракот е премногу нерасположен и намќорест, а вагата премногу иронична и провокаторски настроена. Наместо да се караат кој повеќе се бори за врската, кој ги носи одлуките или кој ја одржува контролата, двата партнера треба да научат дека тие имаат различни гледишта кон светот. Ако неодлучноста на вагата го иритира ракот, таа може да ги употреби својот шарм и справедливост и да се согласи со неговите одлуки, но за таа цел тој мора да престане да се мурти. И двата хороскопски знаци се иницијатори по природа, што значи дека кога нивните идеи и погледи се разликуваат, настанува вистинска војна.

    Која е најдобрата работа во оваа љубовна комбинација? – Нивната заедничка почит кон стабилноста, хармонијата во домот и љубовта кон удобниот живот. Сличните вкусови и желби ги зближуваат овие партнери, кои целосно се предаваат на врската и заеднички уживаат во нивната одлична смисла за убавина.
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. budalce.budalo.malo

    budalce.budalo.malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
  14. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    703
    fala vi mnogu!:) :*
     
  15. budalce.budalo.malo

    budalce.budalo.malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Nisto poveli i drug pat, me interesira horoskop mnogu :P
     
  16. ChocolateAddict

    ChocolateAddict Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Со машко Вага..... само трпение. Сегашниот дечко ми е вага и никогаш досега не сум сретнала некој толку неодлучен. И не мислам неодлучен само за крупни работи, туку и за најбаналните глупости се мисли пола сат. Однесувањето му е прилично ОК, на моменти има испади и премногу е импулсивен. Додуше и татко ми е вага па не е толку неодлучен. Многу е ќутлив и затворен. Се на се вагите не се лоши хороскопски знаци, за разлика пример од Лавот (бивш дечко, одевме 2 години) со кој имам многу лошо искуство, ама тоа е друга приказна :)
     
  17. budalce.budalo.malo

    budalce.budalo.malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    зашто со лавот лошо????????дечко ми е лавче и баш е фин =)
     
  18. irenina

    irenina Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Вага (момче) и Лав (девојче) ??? :?: Во врска??? :?:
     
    На Gargamel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    2.085
    Пол:
    Женски
    За да бидеш во врска со вага треба да имаш многу големо трпение и јаки живци
    Со машко вага имам многу лошо искуство
    Тој беше единствениот што го знаев во знакот вага и си велам ај баш ќе проценам какви карактеристики има според хороскоп ( а многу читам такви работи и верувам )
    Што почнав да сфаќам што човек е, ми се одмили.
    Секогаш сака да е право, не поднесува кавга, затворен во себе, никогаш не можев да му извлечам ништо, дури ни едно те сакам, не верува на никој, мисли дека сите го лажат и дека се е некаква завера.
    Со еден збор многу чудни личности
    Се надевам дека другите ваги што ќе ги запознавам тековно во животот дека нема да се како него, иначе тешко мене
     
    На okcenzi, IdenUmetnik и MissSippy им се допаѓа ова.
  20. irenina

    irenina Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Дечко ми е вага и баш е чуден... али не секад. Супер е али знае да изненади со она што е љубоморен, сака да е во право, верува али не секад, ако му влезе нешто во глава и тоа е тоа не се докажува (како тој ќе замисли така е)...... а за те сакам и романтични ствари као љубовни пораки, некои идеи за како што со мене... за тоа е прв :) за подароци, за изненадување го бидува :) П.С Можда и подзнакот многу да влиае и тоа доведува до различни особини меѓу хороскопските знаци. Али во суштина вагите се тиа... тврдоглави, инаетчии, само да е по нивно...... И добри љубовници се :$