дефенитивно се согласувам за љубовници али како што викаш и подзакот влијае многу, а не знам кој му беше Не може сите луѓе со исти знак да имаат исти карактеристики,тоа е смешно, али секоја чест на твојот дечко за романтика и љубовни ствари ( малце љубоморам ) Ако сретнам некој вага да ги има неговите карактеристики БЕГАМ, нејкам пак да се замарам со истото
Мажот вага е најголемиот мачо фраер во цел зодијак.Не постои жена што нема да падне на неговиот изглед и шарм.Негативното е тоа што поголема ветрушка од овој фраер не постои.
Значи вака.. дечко ми е вага.. негативни карактеристики: неодлучен за се и сешто, (речиси) секогаш сака да е во право и знае на моменти да е ироночен ама ништо од тоа не трае долго. Додека се останато е супер, знае да ме утеши кога ми е најтешко, му верувам потполно и има причина за тоа... до утре можам да набројувам.. Јас сум рак па си се надополнувам од се по нашто.. Мислам дека си одговараме совршено
па дечко ми е вага јас сум лав и мислам дека работите помеѓу нас се совршени искрени сме и двајцата дури и премногу си веруваме еден на друг сме немале некои посериозни проблеми е сега понекогаш се случило и некој спор ама брзо се решава и најчудно е што секогаш знам што мисли во моментот што сака а и тој исто имаме исти идеи и цели и можам да кажам дека е најпрекрасниот човек за мене
е ако е навистина вака супер иста комбинација, јас лав он вага.. ке видиме како ке биде, уште не сме до врска дојдени ххххахх
Вака нова на форумов, забегав на темава и викам да си се регистрирам да пишам по нешо и јас туку, во однос на вагите, јас сум вага и сум имала искуство со ваги, зборувајќи за машките, во основа многу добри се, но според мене големи лигуши, едни исти фори на секоја девојка и оноа од типот те сакам срценце миличко уште по прво виџуење ). Во лажење, за жал се експерти, и женски и машки ) проблемот е што се соживуваат со лагата и живеат у неа аххаа, во секој случај додека трае е убаво само да трае бидејќи вагата многу често поради досада и незаинтересираност или мал проблем во одредена фаза се откажува и бара поинтересен партнер. тоа е тоа ))
Дечки , колку што можете да забележите, сите од скоро имаат различно искуство со машко вага. Ај еве и моето ќе ви го споделам . Маж ми е вага. Значи склон е кон лажење, ама она непотребно лажење. Значи нема никаква потреба ад сокрие нешто и пак ќе излажи па и не признава дури ни кога ќе го фатиш во лага Инаку неговиот надворешен изглед му е важен, повеќе од мене е пред огледало. Патиките ги чисти пред секое излегување, косата исто така и обрнува внимание, а за облеката па и да не зборувам. Не мислам на педантноста, (да бидам искрена не е во тој поглед педантен, некогаш и непеглан сака да излези ) , туку мислам на по последна мода, т.е. ужива да носи брендирана облека. Допбро, ова најмногу се однесува за патики и тренерки....По природа е весел, и во случај на бес екстремно се контролира ( не знам како му успева), комуникативен и дружељубив, трпи зафрканции на своја сметка, ужива да слуша музика итн итн. Искрено Ваша Дарла хехе.
за ова си потполно во право дечко ми е вага само имам коментар на претходните ком. дека не се верни ако не му е гајле или ако не ја сакаат партнерката а ако ја сакаат тогаш се мн верни ама сакаат и таа нив да му биди верна инаку ..... а и да прашам дали вага (машко) и водолија (женско) си одговара или пак не...??
катастрофално. пред да се зближам со него ги читав сите ваши коментари али си реков, ај за секој е различно. сега сфаќам колку само згрешив. типот на почетокот беше толку фин...абе ист како мене (близнак) али со тек на време сфатив колку само он незнае што сака. секој ден нешто ново. еден ден сме заедно, еден ден не ме познава. еден ден ме сака мене, еден ден неа. многу скриени работи. многу лаги. и да... последниот пат кога разговаравме ме убедуваше како треба пак да излеземе...наредниот ден случајно излеговме во исто друштво и типот се правеше дека не ме познава....па ај сега...
Јас како водолија и маж ми како вага, засега функционираме неколку години. Ама ќе треба да ти обезбеди слобода (т.е. водолијата не треба никој да ја ограничува), а ти ќе треба да се навикнеш на неговите лаги ( знае да лаже и кога и треба и кога не треба)
Ах, не ми земај здраво за готово, нели секој си е посебен карактер, јас кажувам лично за мојата вага дома. ПА не некои огромни лаги, ама ме нервира мене на пример што ем не знае да лажи ем и ако го фатам во лага, упорно ме убедува дека не е така. Што нема смисла Ама тоа е, не се опасни лаги, затоа и се навикнав мн да не се нервирам, тој ако намисли нешто , јас нема да успеам да го преубедам па колку и да се нервирам...
Пирамитке вагите ти се ... како дувне ветерот. Ич не се стабилни и живеат по фикс идеи, што се мењаат со сезоните. Некако не ми се омилени за партнери, ама за пријатели се многу забавни..Опуштени и искулирани... Not the brightest crayons in the box,though
Кој ме излажа дека вага и водолија идат заедно?! Јас нестабилна - тешко се одлучувам (зелено или сино? Мислам, сино или зелено? Ај зелено. Не ај сино. Ај у Пиринска!) уште една нестабилност до мене и ќе биде Фреди Кругер Или опуштеност и искулираност, ко што знам понекогаш да не се замарам со ништо А да си се клонирам јас самата себеси во машко, згодно издание? Најубаво ќе ми биде Како и да е, вака или онака, не секогаш човек може да се потпре на хороскопот, ова само онака ми падна у окце нешто темава, чисто случајно кхм кхм (кашлање)
Хмм ете ти и јас се слагам со погорните мислења.Вагите се некако многу лабилни личности во суштина иако делуваат дека знаат што сакаат и знаат кои се .Сакаат многу внимание,сакаат да им се делат комплименти...иако нема да се трудат многу околу вас очекуваат за возврат вие да се трудите околу нив доста.И машки и женски се слични...И секогаш нешто кога треба да одлучат се премислуваат...Не одлучни се.Меѓутоа не се сите Ваги нели исти ...Тука е под знак тука се планети итн.
Јас сум водолија а дечко ми е вага.Во денот по сто пати се караме,лутиме,се инаетиме...а сепак се сакаме Шала на страна,но навистина ми смета што понекогаш се чувствувам како врзана,нели како типична водолија која бара независност и слобода,за разлика од него кој сака целосно да му бидам предадена,да бидеме двајцата ко едно и да си живееме среќно и весело до крајот на животот. Мислам дека вагите се доста чувствителни,но за моето разбирање за нив влијае и тоа што во подзнак сум вага