Мажот ми е Вага јас секогаш се зафркавам со него дека еднаш е вака еднаш така иако е вага не е урамнотежен инаку имаат убави очи и широко лице, тешко прифаќаат туѓо мислење и си стојат на нивниот став, сакаат да наметнат свое мислење. Не се трудев многу околу него на почетокот на врската мислев само онака сме излеглеама баш се запна човекот карактерно сме различни, додека јас летам со идеи (типична Водолија) тој е многу приземјен. Типичен пример сме дека спротивностите се привлекуваат, инаку е посветен маж и сопруг, и семејството му е на прво место
Кажете некои особини за машко вага Не сум препознала вага до сега од бифшиве али детево троа харизматично е Рак сум, дали би си пасувале?
Како - никако. Што подалеку од ваги. @Feminka22 Немој со вага ништо да имаш, после од затвори ќе треба да те извлекуваме. Ни минута нема да помине, а веќе ќе ти чекори по раб на нерви. Не дека е правило некое хороскопов и не ни верувам многу, ама со сите што се вага не сум се согласувала. А ако одиме по логика дека и рак е воден знак како и скорпијата, мислам дека ќе имате тепачки.
Јас сум рак,дечко ми е вага и функционираме 1 ипол година супер.Така да ич да не се секираш ке си пасирате Btw не верувам во хороскоп баш баш.
И јас како @Purplelilac ќе ти речам подалеку од ваги, тежок карактер се и мажите, а и жените, само ќе се нервираш. Мажите ваги и не се баш верни.
Аман те бе луѓе... Шо напрајвте со муабетиве. Маж ми е вага, а не сум заприметила вакво нешто... Или неам осет, или хороскопот ви е грешен
Баш ми е мило за вас Јас сум исто Водолија,дечко ми е Вага(и во Подзнак,значи дупла Вага ама се ни е океј,(да не урочам) ,дека сме различни ДА, ама посветен дечко,паметен,разбирлив,се согласувам со тебе дека е приземјен и дека ние Водолиите така малце си летаме со идеи и ДА , преубави очи имаат Се најубаво
Во подзнак што си? Повеќе импакт има подзнакот него знакот. Дај ми лични податоци време и датум на раѓање да ти отворам натална карта, и да видам во седмото поле за брак кој астероид и планета ти се наоѓаат.
Еј, жени ракови се мошне мили, мајчински настроени и емотивни. Светот треба да учи од вас. Дајте ми податоци, ќе ви кажам. Расположена сум денес за гатање, озбилно.