Tipot e lav a i jas sum lav eve vtor pat mi se slucuva da si imam rabota so lav ,samo sto so ovoj tip e porazlicno onaka bukvalno sme isti za mn raboti,za isti raboti isto reagirame,on e ljubomore jas sum,koga praime muabet bukvalno za isti raboti isto razmisluvame isti raboti praime i slicno,koga go gledam nego ko sebe da se gledam moze da me opise so eden zbor isto i jas nego,onaka duri strav ima od so se prepoznava sebe u mene bar taka mi kaza,i sea ne znam dali bi uspeala vrska so nego... bas me interesira ako nekoj ima isto iskustvo da mi dade sovet... [mod-kirilica:3ryexezd][/mod-kirilica:3ryexezd]
Маж ми е лав. Самоуверен,шармантен,горделив,дружељубив. Повеќето време оптимистично расположен но во деновите кога не е, подобро не го чепкај.Остај го да му помине после сам ќе ти ја каже причината.На моменти право маче кое обожава да се мази. Сака кога го фалат и кога му даваат комплименти. Праведен и нешто што најмногу мрази се лаги. Секогаш ќе ти каже што мисли, некогаш и претерува во тоа и несвесно можи да те повреди,посебно ако си чувствителна.Не му е тешко да каже извини. Е тоа е моето лавче..
со лав тешко, себични се сакаат се по кефот нивни да се оди , или тие како сакаат или никако, љубоморни ,
Jас сум лав и лавовите не се воопшто себични а за тврдоглави да, тврдоглави се, сакаат по нивно да биде и да се во центарот на вниманието. И мислам дека се многу љубоморни кога се во врска (барем јас сум )
лав + стрелец = неуспех барем според мене.. лавовите се тврдоглави, стрелците бетер и никако не можевме да се погодиме.. тешки луѓе се тие лавовите, ептен самобендисани, само по ниво да било, е не може исто сакаат да доминираат во врската..
Најмногу од се, за да се погоди врската преку хороскопски знак, треба да се знае подзнакот, бидејќи тој има најголемо влијание за карактерот на една личност. Јас и вереникот сме таква комбинација , јас сум стрелец (и сум толерантна, не сум тврдоглава, никогаш не сум изневерила, а се збори дека стрелците не се верни и тако даље) а тој е лав (точно е дека се самобендисани и тврдоглави ама па ако знаеш како да го надуваш ќе си немаш мака Нас ни е супер ама па погодени ни се подзнаците, ама ЕПТЕН
Јас како лав сум била во врска со лав и многу тешко успева..потребно е многу труд од една проста причина и основна карактеристика на сите лавови- лавот е крал и така и треба да биде третиран и основно и најнеопходно е да биде СЕКОГАШ НА ВРВОТ !! Доколку не можиш ова да му го овозможиш на лавот подобро раскини. Секогаш е во право, ако не е треба со убаво да му напомениш дека МОЖЕБИ греши, но никако не се труди да го убедиш. Ако сакаш нешто да добиеш од лавот услуга или било што секако дека ќе добиеш со задоволство ќе ти го даде или ќе направи, НО само ако со убаво си побараш. Ако му наредиш или не дај боже подвикниш дури и со цело срце да сака да ти услужи нема да го стори тоа. Потребно е да му кажиш дека е НАЈдобар, НАЈсилен, НАЈубав и се НАЈ, затоа што лавот не се задоволува со добар си, силен си, убав си. Ракоплескај на она што ќе го направи. Ќе ужива и подоцна ќе те награди на најдобар можен начин. Љубоморни сме !! Никогаш нема да ти признае, но Е !! Не очекувај да ги признае грешките дури и да е свесен дека згрешил нема да признае попрво ќе почни да те убедува во она погрешното иако знае дека е погрешно, се само за на крај да испадни пак во право. Е сега конкретно за врската лав со лав може да биде СОВРШЕНА доколку се ДВАТА на врвот еднакво или ако едниот лав доброволно прифати да слези од тронот-што верувам дека никогаш не се случува. Најуспешни врски лично јас остварувам со близнаци-се е феноменално без ниедна мана и кога се работи пријателство и за љубовна врска. Овенот, стрелецот и водолијата исто така може совршено да остварат врска со лавот. Со шкорпија и бик не се обожава многу. И на крај ние сме сепак само мачиња, ако знаеш како да се однесуваш со лавот што не лесно, но ако еднаш научиш верувам дека ќе имаш врска од соништата.
Јас сум јарец и со лав не си одговарам ама ич,алергична сум на нив Сум имала 2ца во животот,ама едноставно не иде таа комбинација,никако,а можеби и има врска тоа што сум подзнак лав...
љубоморен,самоуверен,секогаш во право за се,он е над се и сите,горд....но секогаш искрен и директен,мрази лаги. сака акција,но ужива и во нежности и гушкање.секогаш позитивен. е вакво е моето лавче само истрпете го моментот кога лавот е лут за нешто и не го распрашувајте мн,кога ке му помине лутина ќе се разберете супер.
Мајка ми и татко ми се стрелец и лав и да не урочам се во брак 25 години Ја сум јарец дечко ми е лав . Сега е добро . Не е горделив , не е инат , не сака да има доминација во врска , се срами , ама сака внимание од сите , сака да е во центар . Не е самобендисан . Татко ми исто , само што мајка ми ми вика лавовите биле мрзи И ја така мислам ....
Мојот дечко е лав прочитав и др што напишале отприлика сите имаат слични или исти карактеристики инаку за лавот можам да кажам ми пречи тоа што се премногу горделиви и не дај боже да го излажеш или изневериш засекогаш си завршил кај него,првин ке остави да помине некое време и подоцна ќе ти се одмазди на тој начин што нема да ти даде да дојдешво контакт со него а тоа е нешто најболно за некој што се кае да не може во лице да му се извини и да му каже се што мисли.Обично како деца се мн наивни и искрени и речиси секогаш остануваат од некоја си бивша љубов мн повредени и поради тоа потоа ги гледаат девојките како предмети се додека не почувствуваат дека се заљубени пофторно и тоа повеќе од претходно,тогаш душа и срце даваат за девојката и кога сакаат сакаат навистина со лавовско срце,ретко ќе ги препознаеш кога се повредени зошто толку добро можат болката да скријат разочаран лав ќе најдеш како се забавува со другарите се опијанува иако претходно не водел таков живот се смее ама се е тоа лажно само за да не го приметат др зошто за лав е кукавичлак да покаже слабост никогаш пред тебе нема да заплаче иако се чувствителни,никогаш пораз не ти признаваат ниту кога згрешиле ќе признаат тие мислат дека се секогаш во право а можеби само во себе ќе се покајат ама нема да ти го признаат тоа...има уште мн нешта да се кажат за лавот но да не пишувам реферати се надевам дека е доволно
Мојот дечко е исто така лав во хороскоп , а јас сум овен што значи дека сме и двјацта огнени знаци и на некој начин си одговараме, Лавовите во принцип сакаат да владеат во секоја смисла а особено во врска, нивниот збор да биде главен. Лавовите сакаат бурни авантури и да менуваат девојќи , но кога ке засаакаат , сакаат многу искрено и се многу верни, и исто така се премногу предани. Тие се љубоморни но на некој посебен свој начин , едноставно те сакаат само за себе и не те испуштаат од вид . Една многу важна особина е тоа што не сакаат да не останат забележани , каде и да се сакаат да направат бука, било да се во диско или на некое помирно место,еедноставноо обожаваат да привлекуваат внимание. Горделиви се , понекогаш себични,но верувајте секој знак си има своја маана, затоа што јас сепак мислам дека на знакот дури и премногу влијае подзнакот го кажуваам тоа од свое искуство , зашто како што кажав јас сум овен и во подзнак сум рак кој ме прави многу чуствителна и го стишува огнот во мене
Имам лошо искуство со машко во знакот на лав... Погорделиво и самобендисано суштество не сум запознала до сега. Страшна работа. За него важеше правилото-Или ќе биде по мое, или нема да биде. Инает невиден, само се противеше на тоа што јас ќе го кажев, па и на нешто најдобронамерно, само за да се докажува колку е тој над сите. Сакаше се да направи, по секоја цена, за да биде во центарот на вниманието. Точно, сакаше постојано да доминира ама тоа со мене малку потешко му одеше, не му дозволував. Сега да не излезе дека имаше само лоши особини, да кажам дека беше доста грижлив, интелегентен, помагаше кога можеше, исто така и доста страстен љубовник. Тоа е тоа што јас го забележав, а не значи дека сите лавови се исти нормално.
Зависи колку си подготвен да истрпиш тој секогаш да е во центарот на вниманието, да му укажуваш колку е најдобар, најубав, постојано да му ја докажуваш љубовта, да ја издржиш неговата љубомора. Јасно да ги читаш неговите игри, инаку ќе искинеш живци. Сакаат да ја имаат контролата, би бил преголем проблем ако си ја цениш слободата и не сакаш да те ограничува и да се однесува ко да те поседува. Освојувањето и заведувањето им оди од рака, прават да се чувствуваш посебно, се големи креативци, даваат многу, а бараат уште повеќе. Иако имаат големо срце, гордоста им е на прво место и многу ретко ќе признаат дека згрешиле. Врска со лав бара голем напор и живци. Секако, се зависи од комбинацијата.
Јас сум лав. И првиот дечко ми беше лав. Комбинација смрти и затоа не издржавме воопшто. Јас сакав да ја имам контролата над врската, и тој. Јас самобендисана, и тој. Тој љубоморен, јас помалку, не сум многу љубоморна личност Гордоста и беше и мене и нему пред се. Инат водевме двајцата. Но сепак, мислам дека комбинација лав со лав си одговара. Еве и една статија за лав со лав http://www.kafepauza.mk/astrologija/lav ... mbinacija/ за која не би се согласила баш. Е сега можеби зависеше што тој беше во подзнак, не е битно. Јас сум скорпија, со мене тешко се излага на крај, секако тоа http://www.kafepauza.mk/tag/%D0%9B%D0%B0%D0%B2/ и еве за сите хороскопски знаци како одговараат со лав
Го имам читано тоа, а и сите статии за комбинацијата близнаци-лав и си се тешев дека може да успее. Еден астролог убаво кажа-вие нему совршено му одговарате, но тој не ви одговара вас. Така што, јас навистина не можам да се справам со еден лав. Ама еве ветувам дека од денес ќе се обидам да не ги плукам лавовите, само зашто сум се изгорела на еден таков.
Горденце, поточно ова неможеше да го кажеш. Егото негово... само јас требаше него да го викам, поканувам, као јас сум таа што сакам да сум со него... како не беее... Можеби не контрирање, но работите кои ги кажува мисли дека се најточни на свет, не дај Боже да преречеш нешто, незнае да дебатира, одма избувнува. За сеир фаќање е прв, а не дај Боже он да направи грешка, неможеш ни да се пошегуваш на негова сметка зошто он нетрпи ни мало зезање за него. Лутко невиден. Одма длабоко издишува у знак дека не му одговара муабетот. Неможе да трпи ако сум јас поуспешна во нешто (ова е притаена љубомора, му се згрчува фацата кога јас се фалам и издигам а он неможе да ми парира...пак и егото негово). Незнае да прифати макар да изгуби една партија хант, табла, пинг-понг...не не не... Неможе да трпи критика, ако му кажеш дека фризурата боље му стоела поинаку, ќе оди да се прешиша уште истиот ден. Не е за мене тој човек. Он може да доминира пред другарите, пред колегите, пред роднините или домашните, ама не и пред мене...алооо брее ја сум скорпија. Не знаел он со кој се закачил уште. Попрво јас ке се откачам од него отколку што ќе треба да го издигам и да го закачувам за мене...
Тешко многу особено кога се работи за комбинација шкорпија и лав Си имаме ние турболенци колку сакаш, ама барем со тек на времето научивме како се справуваме во „кризните„ моменти.Оставаме да олади ситуацијата ,оти ако одиме до крај ќе има трета светска војна