Точно е дека сакаат внимание, нежност, ласкање. Но доколку тој е вашиот човек тоа таканаречено ласкање нема да ви биде тешко, бидејќи и покрај се вие вистински го мислите тоа. И верувајте дека доколку машкото лав ве љуби ќе ве воздигне до небесата - со комплименти, внимание, дела. Лавовите бараат многу ама и не се воопшто себични. Тие се подготвени се да дадат за личноста која стои до нив. - Љубомората кај мажот лав зависи од неговиот начин на перцепција на околината и од неговиот ментален склоп. Лавовите се екстремно љубоморни, но знаат дека со прикривање на таа љубомора ќе добијат повеќе поени и затоа се контролираат. - Гордост имаат, тоа да, и тоа е најтешката препрека која општо лавовите мора да научат како да ја преминат или барем ублажат. - Контрираат невидено! Но направете им добра дебата и доколку сте човек кој им значи ќе ве ислушаат од збор до збор. Постои можност пак да продолжат да си мислат дека тие се во право. Тешко е да се променат нечии ставови, треба долг процес за сето тоа. И тоа е супер одлика бе. Па значи не е некој без свое јас и без свое умнение. - Не се фалат. Токму спротивното сум го приметила. Не сум го фатила да фаќа сеир за нечиј изглед. Може да каже некогаш нешто за нечие однесување ама да го исмејува тоа не сум приметила. Тоа е она кое ми се допаѓа најмногу кај лавов кој е до мене. За неприфаќање пораз мора да признаам дека сте во право.
бев во врска до лав - јас сум шкорпија, и искрено да кажам беше ужас врската, што кога сакав да му раскинам ми се закануваше дека ке ми врати и мени, демек ке ми го уништи животот. хах незнае со. кој си имал работа. Морее бегај од лав.. .
Ако сакате да останете со него,постојано давајте му комплименти, нека биде вашиот центар на светот, инаку...Многу прават драми. од мравка слон, сакаат пристојни девојки, културни.
Лавот е дружељубив и сака весели и расположени лица околу себе. Со секој може да се спријатели. Сака да биде забележан и да привлече внимание. Сака да освојува и не се откажува од замислата додека не успее да ја оствари. Повеќе сакаат сериозни и долги врски отколку само забава.
Ние лавовите сме егоцентрични и арогантни. Сакаме внимание, што ќе зацртаме тоа е. Немој да го нервираш оти си го разбудила ѓаволот во него тоа значи бегај што дајле од него. Тврдоглав со големи амбиции.
Тешки се за освојување, на луксузни подароци највеќе. Покани го на вечера,зготви му нешто. Немој да го лажеш, ќе ти избега. Не сакаат нападни луѓе и скандали. Романтични,однеси го на кино. Спреми му некое јако изненадување и многу пажливо со него зашто ако не добие внимание ќе ти го вади низ нос. Тешки навидум зашто машките лавови имаат поголемо друшство од женските лавици. Многу се борбени и упорни.
Дај бе кажете што треба за умот да им го земеш на овие, да ги направиш љубоморни. Прва сум за провоцирање, душата ми иди да му ја извадам од што ме нервира. А јас сум овен btw if you couldn't tell
Не го слушај.Сакаат да е се по нивно, посесивни се, сакаат да се во центарот на вниманието.И машките и женските. Највеќе ги боли ако ги потцениш тогаш горат во себе бидејќи се преценуваат од Day 1. Не му оди по г**от, терај инает и ете ти.
Ова одлично е за да ги изнервираш, но ми треба ЉУБОМОРЕН да го направам да пукне од љубомора..бидејќи знам дека ќе трча по мене.
Оф..не се замарај тогаш. Ако трча остави да трча од задоволство не од мука и љубомора. Најлесно ќе љубомори како и секое машко ако види дека имаш друг во животот ама може и да престане да се замарам.
Мм е лав прв и единствен пат кога видов љубомора од негова страна уште додека одевме. Почнавме да се контраме нешто околу вибер он шо ми пишал ја него шо. И мх отиде окото во разговор со другар ама ептен од детството другаров последно имаше пишано фала ♡ тоа беше врв. После го исчита разговорот и толку беше.
Направи лажен фб и прати си nude сама на себе и по грешка покажи ја пред него.Ќе пукне од љубомора чоечето а може и дисплејот од телефонот
Јас јарец тој лав единствено заедничко амбицијата и инаетот. Би го опишала како горделив љубоморен со изразрна желба да биди центар на светот. Кај мојот егото е малку намалено во последно време. На почеток беше многу напнат и вршеше притосок ама со мирен разговор му кажав некои работи и свати оти мене не ми е проблем да му покажувам дека мојот центар е тој . Од друга страна е романтичен, посветен, ако прима љубов дупло ја возвраќа, човек кој е секогаш тука за се. Совет никогаш не тестирајте лав,не го лажете, немојте да ја штедите љубовта и убавите зборови кон него.