^Гледаш дека пали ладниот однос ?? Наши се де, мало скандалче, подбуцнување, ау уа... и воала. Ако на мојата риба, не му ја мавам рецката, така одреден период, во смисол, ладна сум, троа незаинтересирана, си иде самиот назад со потвиткана опашка. Цела книга можам да напишам на темава. Тактики, тактики... Мора човек со тактика да се расправа со рибите.
Абе ако на некој му значиш секкао дека ке реагира на ладниот туш. Среќа ова со рибава моја се заврши во најдобар ред. Мада мн се затворени или така ми се чини бре хахаха
Тоа да ако сте веќе во врска ама ако сте у фаза на мување и флерт а рибата исто ја фати инат може да не упали игнорот. Јас исто реагирам ко твојот, се прв сум попуштал ама ако ми пукне филм тогаш ако другата страна не попушти крај ќе биде . Рибата е многу трпелива ама ако еднаш и преминеш црвена линија знае да експлодира и да се чудиш што станало од фината риба и зашо одеднаш станала пирана Ти си во врска и за кај тебе важи тоа што го кажа .
Ајаааа, како бе дури сеа ја глеам темава? Барав ваква тема пред некое време ама незнам зашо не ја најдов сум ја скокнала најверојатно, ама супер што на некој му текнало. Инаку колку е само точно ова што го кажа икс мен, ако сакаш да признае нешто испровоцирај го ( хаха секогаш го правам ова ама баш секогаш ), а ке се согласам и за ова на игнор. Инаку Doozy фрли ма некоја тактика на темава
Нема тактики, се откажав. Всушност, многу се покомплексни знаци отколку што ги мислев. Си имаат некои филмчиња, благи депресии и чудни моменти. Ако се потруди, можеби и ќе го проучам уште малку, ама инаку... Њет. Штом на рак како мене му дошло преку глава, верувајте дека ептен се однесени. Без навреда до рибите на форумот.
Од мое лично искуство ,90% од сите Риби што ги познавам биле вејки на ветрот ,нестабилни ,несериозни фаци кои лесно потпаѓаат по влијание и може секој кој има став да ги навие како што си сака. Од друга страна ,пак ,компензираат со добродушноста и уникатната смисла за хумор ,која често се граниќи со будалштина ,па затоа и се толку интересни. Тоа е за моите Риби ,нагласив ,90% од нив. Рибо ,ти..баракудо ,тебе не те сметам во нив ,колку да не ми се накострешиш
дечко ми е риба,и знаам дека рибите сакаат да им казуваш колку ги сакаш,дека ти се потребни,дека се единствени,и кога риба ке засака се понаша како сенка на партерот,буквално се лепи за неа и не и дава простор,менува расположение,и морам да додадам рибата е мн љубоморна и посесивна.
и јас сум со едно рипче сега(знак и подзнак риба) незен, приврзан, страстен и љубоморен јас рак тој риба-велат совршена комбинација времето ке показе
рак и риба е најдобра комбинација,од почеток и мојов беше нежен,а со тек на време се поприврзан и повеке љубоморен,а сега од сабајле до вечер на тел и заедно и сама никаде
Досега никогаш не сум имала врска со риба, ама ако веќе имам, јас риба - тој риба, абе тоа ќе биде убиствена комбинација! Ама сепак, мислам дека нема да функционираме заедно зашто ги поседуваме истите карактеристики и накрај осеќам дека гадно ќе се закараме и дека ништо нема да ни успее. Еј, јас веќе филм си направив, и како ќе почне замисленава врска и како ќе заврши.
Да ти ја пукнат жчката се ако не ги тепкаш од време на време. Добро кажа Маршелин, ветрушки и вејки невидени, накај дува ветрот, натаму се свртени. Мнооогу нестабилни карактери, се разочарав од рибиштата никакви.
Мојава е стабилна, ептен стабилен карактер, дупла риба, само мнооогу подобро функционира ако го протепаш од време на време... Па сега да не биде нели, доцна, за џабе, откако е штетата направена, го протепувам чат пат, онака, чисто превентивно
Мојот дечко е риби во хороскоп и е многу комплексно суштество, молчелив, смирен, ретко си ги издава чувствата и грижите и некогаш многу сум и благодарна на сопствената интуиција, зашто само така знам дека нешто не е во ред. Мојот татко од друга страна е исто риби, и е тотално неподнослив за околината, невиден дрдорко, темпераментен, но... ретко си ги издава чувствата и грижите ... Значи рипчињата не одат наоколу и да лаат и заморуваат со своите проблеми, грижи и недоумици. Малку се и ситничари и многу внимаваат на некои сопствени принципи и правила. Убаво си кажа Енца, од време на време им треба малку реалити чек, зашто знаат да забегуваат во некој свој свет, и таму им е супер . . . Ама во принцип се фини суштества, многу чувствителни, нежни и фини, и секогаш подготвени да помогнат. Со рибите само полека... и од време на време по некое шамарче или разговор на повисок тон.
На крај кога видов дека си овен само си го потвридв мислењето дека и овен во хороскоп и навистина имаш лоша претстава за маж кој во хороскоп е риба, рибите се еден од најубавите знаци...највнимателни...кога се заљубуваат во една личност и се предаваат до бескрај...тоа е знак кој е многу романтичен, можеби понекогаш малку фантазира меѓутоа не е ужасен како што си напишала!
А вистина ли е тоа дека рибите сакаат девојки кои ќе им се лигават и фини да се? Оти има тука еден риба што го свиѓам и само му се инатам,ич не му се лигавам,добро понекогаш му пуштам водичка онака,и да,вистина е тоа што го кажавте за топло ладно..пред некој ден ме изнервира и му викам ајде сеа фаќај патот (ама луто) и ми вика така ли...и му реков да,ајде чао! и си ја свртев глава и си замина....и еве го по 2 минути се враќа и ми вика ај јас фанав патот и се вратив
Дечко ми е риба и ете што дојдов до заклучок од хороскопот! Да стекнуваат пријателства од детство точно! Уживаат во музиката многу точно! Имаат пријатели и добри се и кон тие што не ни заслужуваат точно! Не сакаат да се истакнуваат иако многу придонесуваат со својата работа точно . Во работата се уредни и секој неред ги воэнемирува и мачи ич не е точно пасивни се и мрзливи!! Поради својата педантност не поднесуваат да некој поседува нивни работи, па поради тоа многу и ги сметаат эа скржавци, иако тоа тие не се- значи скржави се и тоа многу!! никогаш нема да бидете ние туку секогаш ти и јас-тоа со сигурност! но тука играа и други фактори! Не се срамежливи туку кутливи, многу ретко искажуваат емоции!!