Дали имате некое искуство со машко со хороскопски знак - СТРЕЛЕЦ?И какви се тие,според вас.Што ги привелкува/а што не..Што сакаат/несакаат...?
Спонтани се и многу отворени личности, искрени и реални (иако може да се случи малку да забегаат), авантуристи во душа и сакаат да се забавуваат. Не го рецкаат ни два посто туѓото мислење, најважни си се самите на себе. Доста се оригинални и се истакнуваат во толпата. Знаат да се заљубат до коска, и да бидат искрени и верни. Машките сакаат оригинални и спонтани девојки, спремни за се, кои не се плашат да ризикуваат, или малку повеќе да се „извалкаат“. И да, во сексот доста експериментираат....
Јас сум имала искуство со машки Стрелци ..некако различно.И мислам дека повеќе не би сакала да имам ништо со Стрелци..
И јас имам такво мислење за стрелците.И често сакаат да биде по нивно. Други карактеристики,доколку се најде некој што знае повеќе за нив нека пишееееее!
Имам некакво си искуство со Стрелец. Постот од Annath е скоро целосно точен, уште за сексот да знаев да кажам, ама мислам дека е точно хахахах. Знам дека мојов е баш таков: авантуриста, го цени најмногу своето мислење, доволен е сам на себе, но знае што сака и се стреми кон тоа, и бара љубов, вистинска, голема. Сака убави работи и многу спонтани работи, изненадувања. Многу е стрплив, учи од се во животот (дури и од филмови), се истакнува во друштво. Во девојките бара интелигенција, спонтаност, страст, одличен изглед, девојка со широки гледишта, некоја која не се лути, која е своја, посебна. Стрелецот Знае да дава внимание и да изненади максимално. И доколу му влеете доверба, многу се искрени, за најмали детали дури. И да спонтани се, ризикуваат, никогаш не се досадни. А како да го привлечеш: биди оригинална, забавна, зборувај доста, биди елегантна, но и спортска, во својот дух но и изглед. Така некако, но ваљда не е кај сите исто. хехе
ууу тешки личности, се по нивно да е, самите себе си се најважни... авантуристи невидени... значи се она што го постира аннатх ама велат дека ако се заљубат тоа е од срце и дека навистина знаат да сакаат и мојот е стрелец, додека бевме помали очи вадевме
Малце да ја раздрмам темава! Не за друго и ја сум стрелец и можам да кажам дека се што е напишано погоре е точно... Најголема мана ми е што секогаш сме во право и не даваме на друг да ни докаже....трдоглавоста е нешто што јавеќе го мразама кај себе ама тоа е,не можам да се борам...појако е од мене...и да има вадење очи и тоа како...ние ме најпаметни и секогаш е како ние што ќе кашеме...ја имам една изрека што често ја употребувам во вакви ситуации ‘‘ Ти мисли што сакаш, и ја исто ‘‘ Ама пак затоа имаме поише доблести..еве кој не сака да се дружи со стрелци...забавни сме, никогаш досадни, многу зборуваме, авантуристи, секогаш спремни за дружба, искрени некогаш и претерано а пак кога ќе се заљубиме и со душата и телото сме посветени на партнерот...и плус верни сме...ако сме авантуристи.... Уфф фалеете ме усто, да не ве расчепам
мисс, умрела циганката што ги фалела стрелците се шалам, знаеш да бе, се они во право ама и вредни домаќини се :geek:
Бројче скар.. Знам дека се шалиш инаку не би била толку време со стрелец...еве кажи што ти фали?? Ете се најдобри особини соберени кај нас....абе We are the best, so F*ck the rest!!! hahahha
машко-стрелец нешто по тврдоглаво, посебично, мислам дека не постои ЈАС што ке кажам така е , и ти нема да ми се противиш анти романтични, мили, вредни, болно љубоморни веке никогаш не сакам да си имам работа со машко Стрелец не дај боже ппп скраја да е
па тоа би било во кратки црти плус преамбициозни повеќето мислат дека парите ги прават помоќни...и така... за жал (машките тоа, женските се мноооогу подруги)
Подолго време имам во животов стрелец Пред се ќе кажам, бараат искреност, премногу! И тоа секогаш ќе биде на прво место. Многу се принципиелни, и нивното мислење е најважно. Се одвојуваат од луѓето околу нив, сакаат да водат, па и во врската, сакаат да се чуствуваат главни. Покрај нив сакаат силна девојка со свои ставови и принципи, но сепак да ги следи. Кога се лутат ...уф... светот се руши, викање, кревање паника. Горди. Треба да знаеш на кој начин да им влезеш под кожа Инаку ништо...Знаат да бидат и ароганти, имаат во принцип неколку луѓе према кои го покажуваат вистинското светло, не веруваат многу, претпазливи се, не трпат неправда, се борат до крај. Авантуристи, никогаш нема да ти се здосади од нив, секогаш имаат нешто ново, нешто интересно. Страсни, некогаш и нежни... Не се вљубуваат лесно. Тешко е да ги задржиш поред себе бидејќи сакаат постојано авантура, постојано некоја нова возбуда. Во принцип, тежок по карактер, но ако научиш со многу трпение како треба со него, твој е!
Wind... Такви сме баш како што имаш пишано ( барем ја сум таква иако сум женско ) И не не сме амбициозни ич, не ни се врти светот околу пари (додека имаме трошиме, кога ќе немаме пак трошиме битно да трошиме) А романтични сме да и тоа некогаш премногу ( за женски мислам, ама и машките не се исклучок само не до толку сепак машко е ) Е да малку сме и мрзливи и себични многу !