Јас сум стрелец ама женско . Ама мислам дека и жените и мажите се исти од овој знак, како што кажаа претходно најмногу си ја цениме слободата, ако неа ја изгубиме паѓаме во депресија. Сакаме да имаме контрола врз секоја ситуација, не дозволуваме да биде што ќе биде, размислуваме логички и филозофираме за секоја работа, не сакаме да ја тупиме многу, сакаме љубов и сакаме да даваме љубов но незнаеме како да го искажеме тоа. Не сме љубоморни, можеби многу малку но не покажуваме, премногу сме искрени се што ќе ви кажеме си е буквално на место и исто така цениме искрени луѓе. Знаеме да трпиме многу и да береме во себе и да се однесуваме како ништо да не било но ако прелие чашата БУФФ!!! ќе видите скроз друга личност, ќе ви изнакажеме работи што се случиле дури пред десет години, не сакаме да вреѓаме но кога сме премногу изреволтирани од некој ќе вреѓаме и ние само шо не ја понинуваме границата да повредиме некој длабоко на пример некој со кој не се согласуваме ако е посвоен , во кавга меѓу нас нема тоа да го спомнеме. Ако некој ни згреши може еднаш да простиме, но втор пат ако се деси чао пријатно!! Никад нема да прозборуваме со таа личност. И како шо кажаа и некои други стрелци тука, и јас најмногу се согласувам со близнаци, едноставно луѓето не ми стојат на патот, а најмногу ми пречат ДЕВИЦИТЕ. Ми пречи таа нивна љубомора, завидливост, премногу оговарање, дволичност, а јас ценам само искрени луѓе, и ми пречи тоа шо живеат во некој нивен фантазиски свет шо нема допирна точка со реалноста, ти им викаш немој така оти ќе си ја чукате главата после, они баш тоа ќе го напраат и после се каат , ми викат во право беше. Епа во право бев, јас секогаш сум во право , јас сум Стрелец Едит: за тоа шо зборите дека вараме, да , вараме, го сакаме адреналинот и тоа да праиме нешто забрането, но вараме само ако не ја сакаме личноста до нас. Ако ја сакаме, нема да вараме, цел наш свет околу неа ќе се врти , се би и дале. Но треба да знаете како да го уловите стрелецот, не треба да ни ја ограничувате слободата оти моментот кога тоа ќе го осетиме ќе ве сакаме се помалку а нема тоа да ви го кажеме. Неможете вие да не скрасите нас, можеме да се скрасиме само ако ние сакаме и ако мислиме дека личноста до нас е вредна за тоа. Затоа придружете ни се во сите авантури, и најбитно бидете искрени пријатели со нас.