Го карактеризира живост, светла енергија и динамика. Знае да те запрепасти со отвореноста, а фактот дека два пати те видел низ чаршија и еднаш разговарал со тебе е доволен за да знае дека ти си таа, типот негов, а при вториот разговор да ти понуди отворен предлог: Да го обиколиш светот со него, без да влегува во ситни детали од типот: колку пари да се понесе или која маршута да се одбере и сл. Важно му е да патува, да се движи и тоа движење да му донесе искуство од кое ќе учи. Ако му удоволиш и му кажеш да, без мислење ја пали колата и му ја летна….. Својствени фрази за машкото Стрелец кои ја одразуват неговата директност, авантура и позитивност: “Ајде да шетаме, да се дружиме!“ или “Одиме ли, што правиме!“…... Во прилика кога не го познаваш доволно со таквите отворени предлози човек би се збунил од сопствената реакција и би се запрашал дали да се смееш од срце или да го отераш на правото му место. Духот му е како љубопитно дете, со комичен и искрен сјај во очите, кое си ја бара бељата. Фрази од типот: “Чекај, види вака“, изрази со кои ќе заобиколува или премногу ќе анализира му се непознати. Освојува со директност, отвореност, искреност, а да, и претерана природност. И во момент на паднато расположение пожелно е да му се јавиш на другар или дечко Стрелец, кој со своето обоено: “Ало“ или “Каде си бе срц“? - ти изнудува насмевка. Во однос на мааните, во некои случаи покажува себичност, компромисите не му се омилени, нормално е кога има здрав однос кон самиот себе, а ми се чини од сите знаци кај него најмногу доминира онаа мото на животот: Не живеам за другите!
уфф стрелците се комплицирани..ама ептен влеваат позитивна енергија..инаку нашава комбинација Лав-Стрелец опасно е по живот
Имам едно искуство со стрелец и можам да дадам особини на оваа личност. Авантурист, паметен, размислува од секоја можна перспектива на нештата. Не сака едноставни мислења, сака секогаш да оди подлабоко. Чува во себе и кога наеднаш ќе ти каже нешто, се стаписуваш. Не е избувлив многу, како што е овенот на пример. Тврдоглав да, имаат интереси за историја, археологија, тоа не знам каде имам прочитано. Сакаат девојка која е посебна, различна од другите. Во смисол да е покрај него, елеганција во движење, но длабоко во неа да види и нејзина друга страна, онаа живата, лудата. Сака девојка која има свое мислење, засновано со факти, но ако имаат спротивни мислења, неговото е секогаш поважно. Одличен љубовник. Пристапи му со хумор, заведување од типот на фем фатал . И иако секаде пишува дека не сакаат долги врски, дека изневеруваат, и слично, личноста за која јас зборувам е комплетно различна. Поискрена, поромантична...нема. Паметна и има морал на високо ниво. Воедно сакаат жени со став, што стојат со нозете цврсто на земјата и ништо не може да ги сруши.
леле леле врти сучи тоа ти е Скопје пак јас со Стрелец ама овој Стрелец ми изгледа некако поражличен од претходниот, нежен е и мили гоооолемо гушкало
SAMO DA SI JA ZADRZAT SLOBODATA,BEZ NIKAKVI OGRANICUVANJA,TOA MOZE DA GI SRUSI I VECNO DA POBEGNAT OD VAS,,,,,,,,,
Само слободно, без ограничување на нивната дива природа. Не сакаат никакви препреки во животот, тоа дури и ги прави себични за другите, но така функционира нивниот ментален склоп. Сексуално - авантуристи, воздбудливи, спортски типови. Мене најубавиот период во животот ми помина и замина со стрелец. Најважно од се’ - бидете другарка со нив, не сакаат типична девојка.
ахх стрелец... според мене добар знак ... со многу позитивни страни а малку негативни... знаат што сакаат и целат кон тоа инаку сум читала близнаци -стрелец нјдобра љубовна комбинација .. инаку јас сум близнац а тој стрелец се надевам дека ке бидеме засекогаш заедно... тој ми е се..
бифшими е стрелец и искрено имам толку лошо искуство штоо не можам да опишам...причично неубави личности, не само он туку и многу други што ги познавам :/....(ова според мене, според други е можеби поинаку)
хмм...стрелците се посебни се интересираат за туѓо мислење и им е доста битно.Не сакаат да бидат загушени кога се во врска сакаат максимална слобода,авантуристи се сакаат изненадувања,експерименти и сакаат весел динамичен живот.
Најкомплицираните машки суштества се во знакот на Стрелец...Мојот е Стрелец...Има моменти кога е помил и од маче што се гали,ама кога не е по негово...БУМ! Полудува! Кога е нервозен, збор настрана да не слушне...Тој е напаметен, ако му докажеш дека не е во право за нешто го крева носот до небо, се мршти, се лути, као којзнае шо да му имаш напраено....Ама сепак, романтичен, чувствителен...Знае да сака и да биде верен (што кај нас женските мислам дека е најважно)...Ексцентрична личност, но ако добро го познаваш, ќе знаеш како со него
На никого не би му препорачала да се сплетка со дечко што е стрелец во хороскоп . Премногу горди личности,големи филозофи кои за се имаат одговор, преземаат преголеми ризици и што ли уште не... А ако сакаш да го освоиш прочитај некоја филозофски-психолошка книга, прочитај некои вредни мисли и воодушеви го со твоите размислувања и ставови
Не сфаќам зошто им пумпате лоши особини. Тоа што со нив треба психолошко-филозофски муабети по мене е добра карактеристика. Они не се постојани мудреци, само размислуваат од повеќе страни на нештата. Го бараат најразумното. Тоа мене ми асоцира на исклучително зрели луѓе кои бараат девојка со памет, а не муабет од 2-3 реченици без некоја особена тема. Да додадам на мојата претходна анализа: имаат голема смисла за хумор, најчесто така пристапуваат кон нештата и таков е впрочем нивниот флерт. Избувливост пак ич немам забележано. Баш спротивно од тоа.
Сметам дека имаат доста добри особини. Големи авантуристи се и со нив никогаш неможе да ти биде досадно. Тешко се заљубуваат и веруваат во другите , но ако те засакат те сакат со целото срце и битие. Кај нив се е брзо и секогаш се случува нешто. Многу сакаат да експериментират во секое поле од животот и не се двоумат се да пробат. Самоуверени се и веруваат во себе и во своите соништа и прават се за да стигнат до нивната зацртана цел. Понекогаш многу се двоумат и многу брзо знаат да менуваат одлуки и мислења. Си имаат нешто зацртано во главата и кога правиш муабет со нив ако не се слагаш со нивното мислење и благо им се спротиставиш е исто како да не зборуваш на нивниот јазик и веднаш не те разбираат и го менуваат муабетот во друга насока, барем јас сум го приметила тоа и жими тоа ми смета. Ах и да , гордоста им е на многу високо ниво и понекогаш е пресудна во нивните одлуки, тоа не ми се допаѓа исто. Секој треба да има гордост и да не се понижува но стрелците често знаат да претераат.
и мојов е Стрелец....и веќе почнав да се навикнувам на неговата ексентричност зошто малку и ние Водолиите сме такви ама стварно е многу чуден!! Некогаш претерано зрел,да те фати срам да се караш за глупости а некогаш пак дете невидено крајно опуштен,ма не се замара бре И му завидувам да ви кажам чат-пат на ладнокрвноста и рамнодушноста што ја има ама ме нервира што од време на време некако мора да ми покаже дека несака да му се зема слободата и добро,ми одговара и мене така,ама .....па и ми пречи!
хехехех и ја сум водолија, а он стрелец точно е тоа што го кажа: сосема опуштени, зрели, духовити, кога ќе се заљуби тоа го прави искрено и со сето срце, дефинитивно паѓа на нежност, сака природно убави девојки (шминка само за навечер), искрени... бар кај мојот стрелец е така
јас имам дечко стрелец и баш ми е фин..и јас зборувам и тој...сто на саат ахахах...не е досадно во негово друштво и да точно е дека филозофираат...повеќе им работи логиката...во се мие добар..ама се ислашив денес кога прочитав за стрелец машко никако да не се стапува во брак...бидејќи ако ти кажел те сака тоа ќе му поминело за неколку месеци... не знам се збунив..дали е точно ова последново? имал некој искуство?
тешко стапувал во брак ???? ние веќе 2 години и неколку месеци сме заедно и неможе да чека 4 години додека завршам факултет секој ден мора за тоа да ми рече: или ајде остани си кај мене, или за бебенце нешто... стварно е срцка е сега зависи до човекот ама ... 1 пример имате
одлично искуство имам со стрелциве поотворени личности немам сретнато, реални, се ќе ти плесне во лице без притоа да се грижи како ти тоа ќе си го сватиш и протолкуваш, тврдоглави, сакаат се да е по нивно, ако некоја желба не е исполнета одма дигаат нос, големи авантуристи.. храбри, секогаш знаат што сакаат, туѓото мислење ни под разно не го ставаат во предвид.. секогаш спремни да те насмеат, кога се нервозни немој да сте во нивна близина! знаат вистински и искрено да сакаат, колку даваш толку и ти даваат, одлични партнери, и да сакаат да експериментираат во сексот ТОЧНО!
па не знам јас се исплашив кога прочитав тука на фемина за стрелците...за бракот..одма ке им поминело....ама сега е се ок кога ги видов вашите мислења. тенксс грлс