Колку е точно ова. А дали знаете дека се главни и дека се фалат? Сега пак си имам работа со еден стрелец, како што тргнало и мене стрела ќе ме мавне.
И јас си имам работа со еден стрелец....ги прочитав сите постови и сегаде го пронајдов,дека е инат е инат,горделив,знае да насмее,придобие,вреден е,тврдоглав,сака слобода па затоа му ја имам дадено целата слобода,несакам да се чувствува заробен.Можам да кажам дека воопшто не е романтичен,тој секогаш е во право,често агогантен.Ако еднаш некого замрази тоа е засекогаш.Позитивен е,секогаш знае да ме расположи,обожаван во друштвото,тежок карактер.Ама јас го познавам цел живот и така добро си го познавам и знам како со него
Твртоглави, комплицирани, сакаат само по нивно да биди, не би сакала да сретнам пак стреелец... Јас јарец тој стрелец смртоносна комбинација очи вадиме.
А пример како да го стартуваш? Ако си иницирала комуникација како после тоа да го наведеш да биде активен, да не седи и да чека само на тебе? Стрелците беа дел често од мојот емотивен живот порано ама сум заборавила како функционираат.
Мојот е стрелец и немам ништо лошо да кажам, едноставно да постоеше совршенство така ќе го наречев. Не треба да значи дека сите стрелци се исти ..
Браво ко е така, можеби него му делува и подзнакот, јас еднаш имам искуство со машко стрелец и се надевам дека никогаш повеќе нема да налетам
Хахаха, но сепак мислам дека има и влијание самиот човек како ке се постави и како ке се развива врската понатаму. Сепак точно е дека стрелците имаат цврст карактер
Ракот е многу емотивен и сака внимание, додека стрелецот сака слобода и авантури. Не си одговараат баш...
Јас сум рак и има еден стрелец кој ми се допаѓа пред се заради нашата спротивност, некако ми е предизвик. Да го привлечам со мојот карактер можам, само не знам дали ќе му се допаднам и физички. Не сум типичен рак, имам многу карактеристики и на подзнакот па тој ме прави авантурист па заради тоа и сакам да ги спојам мојот и неговиот свет.