Морам да демантирам. Маж ми е стрелец и немаш појма колку си одговараме. Како лонче и капаче сме. Хахах.
Од мое искуство, некогаш е тешко да се разберат ракот и вагата но убаво им е заедно и добро функционираат. На инаетот ќе мора да се навикнеш а може и да се ублажи со тек на време.
Јас до сега не сум имал комуникација или другари Јарци. Али еден роднина е. И не ми е по ќејф некако.
Забавни се, духовити, интересни, сакаат да излезат во пресрет и секогаш ти ја нудат својата помош, можеби не зборуваат многу но кога ќе почнат да зборуваат многу паметни нешта кажуваат.
Машко рак: секогаш искрен, вистински пријател, никогаш нема да те повреди или навреди, љубезен, премногу добар кон сите, едноставно совршен
Женско рак: пријателски настроени, според мене не толку искрени како мажите ракови, забавни, духовити...
Се видов со господине Рак и кажувам дека: Е тупач невидени, сака филозофија, чита филозофски книги, центар внимание сака да биде, не верува во Господ и се чудеше како можи некој да оди по манастири и оттаму да купува икони Spoiler Господе, прости му, не знае што зборува , сака многу да ги испитува луѓето од психолошки аспект, љубопитен е, сака многу да игра на компјутер, не сака да контактира со луѓе многу, не сакал да слуша за нечиј живот како праел што правел некој, САРКАСТИЧЕН в крај. Уатс гоинг он?
Човекот си е таков, а нема врска хороскопот. Ако не верувал во Господ, значи дека сите што се ракови не веруваат? Ако не сакал да комуницира толку со луѓе, значи дека сите ракови така прават? Играл игри? Значи сите ракови играат? Преиспитај си го човекот како човек, а не како знак. Не се води според ова. Хороскопот сметај го за занимација, а не за да го одредиш карактерот на човекот. п.с. кога се запознаваш со некој, одма му викаш еј извини што знак си во хороскоп?
Девојче, јас кажувам тоа што заприметив кај таа личност што е рак во хороскоп. Не се водам по тоа, таман работа ако се водев хахах
Неможе ништо да се извлече. Твоето објаснување е за во темата "љубовни проблеми". Ова ти што го кажуваш е друго, а не особина на рак. Внимавај во иднина, можеш да навредиш некого. Мене не, но некој друг можеби ќе навредиш.