Имам неколку докази. Ова е само кратко резиме, иначе имам цели приказни како исто реагираат на иста ситуација.
Нема врска со хороскопот рак е најмалку опортунистички знак, дури смотани се за таа работа. Така ти се погодило.
Јао какви дискусии се водат. Се зависи од човек до човек, од неговото воспитување и култура, начинот на кој живеел, живее и слично. Како со хороскопски знак рак бе, како со човек како може. Демек зависи каков човек е по тоа во кој месец е роден.
Можеби бикот, ама еднаш напрај му услуга, не заборава, цел живот ќе ти биде благодарен. Кажи какво мислење имаш за сите знаци вака накратко Љубопитна сум.
Погрешно мислење имаш, затоа што рак е другар до крај, се дава целиот и за другар се прави. Ракот трпи, трпи, али кога чашата ќе се прелие толку е. Не дозволуваат да бидат повредени, лошо е кога ќе ги повредиш. Јас матреалист рак и од корист немам сретнато, ако зборуваме за хороскоп. А ако вака ти се има испонашано рак, сигурно е премногу повреден и излажан, па ти стои дека вака реагира. И интуитивни се, ретко можеш да ги излажеш.
Малку ми се чудни карактеристиките кои ги читам за ракот,јас иако сум вага исто ко за мене да се напишани...во подзнак незнам што сум и како се дознава еднаш само на нет имаше да се пресмета што сме во подзнак мене ми излезе рак во подзнак само бараше и време на раѓање јас не го напишав бидејќи не го знам точното време....можеби и да е грешка битно некои карактеристики за ракот исти се како за мене.
Повеќе за Скорпија ми личи ова. Јас сум рак, и не сме светици де, ама далеку од материјалисти или желни за слава, бидејќи секогаш сме во сенка, зад нечиј успех. Корист ретко сме имале од некој, и обично нас не користат, а кога не им требаш за услуга, не си ни интересен. Барем тие што ги знам а се ракови се вакви.
Точно, НЕ КОРИСТАТ! Не им требаш веќе, не си им интересен, се пеават ко да не те познаваат па и на телефон ќе те блокираат. Поскромни од раковите нема, и тоа е она што ми оди на нерви.
Ако си рак, тие сме. Мали се варијантите наши, познавам многу ракови, и блиски и далечни и луѓе кои не ги познавам, но по сличните карактеристики ги погодувам. Кажав, не сме светици како и сите луѓе имаме негативни страни, ама не баш овие кои ги опишаа.
Точно скроз. Прелојални сме.Јас на пример не сум материјалистка уопште. Не ми е фрка и да частам некој кафе ако нема пари у него, и не барам за возврат пари него поштовање према мене и да го ценат тоа што го праам за нив. И точно, трпиме ама ако нѝ прелие чашата, ѓубриња сме до максимум.Јас бар сум. Сакам искреност, лојалност и почит од секој.И секој кој го заслужува истово од мене ќе го добие. А ако осетам дека некој сака да се подиграва со мене или (да)ме лаже, тогаш сум бетер манипулатор. На кратко за раковите: Како вие со нас, така ние со вас.Давајте нѝ го она што сакате да го добиете од нас.