Е баш ме зачуди Мислам дека тоа што е “под оклопче’’ е баш поради неговата емоционалност, страв да не биде повреден, погрешно сфатен или да му бидат злоупотребени чувствата. Затоа и е поповлечен веројатно. Ме зачуди зошто сите примероци на рак , којшто до сега сум ги сретнала се страшно емоционални, иако од прва тоа не се гледа. Им треба време да се опуштат и прилагодат, а потоа да се отворат. А и за себични не би рекла. Ако се сосема искрени и отворени, многу јасно ги манифестираат чувствата, дали вербално, дали со гестови. За романтиката да, ни мојов не е романтичен. Не дека не сака, туку не знае како. А може и постојат исклучоци, секако. Не сме сите според шема правени.
Не ги иmам проучено раковите, туку дечко ми Гледајќи го, доста карактеристики приметив, а и научив плус работи. Себичност кај раковите во речникот не постои. И толку се спремни да жртвуваат за оние кои ги сакаат, што некогаш и патетично изгледа. Дали е тоа за дечко/девојка, семејство или пријател, спремни се да направат многу, за да помогнат, ама и за да си докажат на себе дека направиле нешто добро. Проблемот кај нив е што некогаш не знаат како најсоодветно да ги искажат чувствата. Се плашат да не биде тоа премногу, или премалку, па често знаат да ја утнат работата. И многу се приврзуваат, премногу. Јас тврдам дека едни од најемоционалните, па и тие што изгледаат како оревчиња всушност се најмеки внатре.
Eee, ист примерок имам и јас старфиш... А и татко ми е рак, па и он не е далеку од ова За некој што им значи прават се`, и тоа ги прави да се чувствуваат убаво и вредно. Не знаат да покажат чувства, ама ги имаат премногу. Од што сакаат се да угодат,(а никој жив не може секому да угоди) затоа на крај испаѓа дека ја зафркнале работата. Го имам приметено и дечко ми и татко ми, коа ќе им се подналутиш за нешто дека заборавиле или утнале, многу при срце си зимаат. И кога прават нешто, некоја работа или ако имаат некаква цел, нема да се смират додека не се најуспешни во тоа.
јас сум гледала комбинации во друштво рак - овен, мислам дека не можат да се смислат, сосема различни карактери се. Овенот гледа многу пореално на работите, и се нервира кога приметува дека ракот е негде во длабочините во својот симбол - водата...(во чувствителниот свет) Сепак, не мора ништо да значи, ама јас имам повеќе ситуации таа овен - тој рак видено и не може 5 минути да пројдат да не се за'рчкаат за било која ситница
овен + рак = врска скоро 4 години Јас сум овен, он е рак.. супер се согласуваме. Ми дава целосна подршка во остварување на моите овновски, авантуристички идеи, а јас му ја давам потребната сигурност дека сум тука за него, дека може да ми верува, му давам љубов и гушки.. Ке ти кажам дека рак како рак, ако се заљуби, заљубен останува, а сега прашање е дали овнот ке сака да остане заљубен и дали ке му здосади врската. (зошто нели на нас брзо ни здосадуваат нештата ) Ако ти имаш расчистено дека сакаш со него да останеш, тогаш ова е успешна врска (под услов нели и он да е заљубен) Едит- се согласувам во целост со ТедиГреј и Старфиш за тоа какви се раковите. Посебно со Старфиш за делот и мојот не е романтичен, не дека не сака туку не знае како.. Исто ко мојон. јес да мене тоа ептен ми е погодено, зошто и јас не сум романтична
И јас сум ракче Па раковите освен шо се нежни романтични и сл. сепак на секој не му го покажуват тоа .. само на некој у кој ќе стекнат доверба а од кога ќе почнат да ја искажуват својата уникатна романтика значи дека целосно се предаваат со душата на партнерот. А и ако почувствуват дека од некој би можеле да бидат повредени, повредуват уште пред тој да покуша да ги повреде .. тоа ни е каа самоодбрана ... Сепак огромна љубов дават раковите, ама додека да а дадат тешко на другиот А да .. и исто така им се менува без потреба расположението добро-лошо-добро-супер-најлошо ... тоа само не е убаво кај нас а и брзо се лутиме ама ни поминува уште побрзо
луѓе, чудно ама само јас ли не сум романтична??? кај мене работи онаа перверзната страна изгледа, зашто раковите се и мнооогу перверзни
Epa imame takov del Ama ne sme romanticni u smisla na "postela od rozi" "piknik na izgrejsonce" ... tuku imame poseben stil na romantika ... ama samo so vistinskite .. moze ne si go nasla vistinskiot nz
Ај и ова да го потврдам. Ова за перверзиите.... па... да, потврдено. Сакаат нови работи во кревет, измислуваат триста чуда и се многу несебични кога станува збор за сексот. Ама вистина е дека треба да се погодат со партнерот за да му се види оваа страна на ракот, зошто си ја чува за себе. Но, кога ќе најде идеален партнер, е тогаш... ... не за џабе јас последнава година како улава се понашам!
^^^Е па ко ќе се судрат двајца преемотивци, гледај кај да спасиш глава од толку емоции Јас не би се нафатила да делам живот со некој ист ко мене, премногу сум Рак A за перверзиите за кои кажуваат Лудото и Страфиш, потврдувам Опасната страна ни е
Ете јас сум рак и сум ти еден многу тежок тип, ретко кој со мене на крај излегува,,,не знам како ме трпи овој дома хехехехне бе ве лажам...супер сум Да романтични ама и премногу емотивни и со различно расположение, за нив семејството е нешто свето...
Очигледно не си единствена. Со тек на времето, од искуство сфаќам дека не сум толку голем романтичар како што порано мислев дека сум. Како што спомна и една форумџика во претходни постови, сме романтични, но на свој начин. Според мене, да бидеш романтичен не значи само да бидеш креативен за создавање филмски сценарија од типот на Титаник, туку и целосно да се предадеш на тоа со целата своја искреност и љубов. Може да ме направат радосна и задоволна и најмали детали, но добро смислени, комбинирани и пакувани во еден конечен сладок и допирлив подарок (без разлика дали тоа нешто ќе биде материјално или искажано со телесни знаци). Кога нешто се прави без искреност и љубов со цел само да се постигне некој ефект од романтични филмови и теленовели колку и да има внесено материјал во тоа без никакво размислување, изгледа патетично.
Јас сум рак,но кај мене во мојот каракатер воопшто не преовалдува мојот знак!Не сум емотивна,не сум приврзана за семејството,не сакам многу роматики,за мене повеке значат делата кој некој ги направил.Едниствено што ми се поколопува со занкот е здраствената состојба,бидејќи раковите патат многу од главоболки ккои се одраз на времето.Подзнак сум Стрелец.Е тоа и то како ме истакнува.Авнтуристички дух,се што ке посакам добивам,бидејќи ко це се закачам за нешто правам се додека не допрам до него,мислам во позитивна смисла . Мојот дечко е риби .Од моја гледна страна многу тежок знак.Тој е неверојатен партнер,сака долги романси,нежности,одличен љубовник со премногу фантазии и полн љубов!Лесно е ранлив но и многу оштар на зборови! комбинацијава РАК-РИБИ е од соништата раковите желни за љубов,а рибите горат од желба да ја подарат таа љубов.И да нзаете дека кога некој во знак на Риби ќе ви рече дека ве сака мислам сега тоа да е исккрено,а не на жими мајка,да знаете дека ве сака.Кога Рибата ке се закачи и силно поврзе за некоја личност откчување никогаш и многу тешко!!!!