Ракот жена и ракот маж подеднакво заобиколуваат особено за нивните приватни стравови и желби. Двајцата се плашат од одбивање повеќе од било што друго,па затоа за да се отворат меѓусебно би можело да трае подолго време. Телесната среќа ќе биде најдлабока и ќе изобилува со магични искуства ако раковите успеат да воспостават врска. Ова може да биде навистина добра комбинација затоа што променливото расположение и состојбата на умот лесно можат да ја прифатат.Обидете се ова да не оди премногу далеку ако не сакате да станете огледала на сопствените слабости и ако не сакате да се удавите во сентименталноста. Вашиот сексуален однос се заснова на грижливости чувствителност..И двајцата ќе се чувствувате сакани и сигурни. Се на се,ова е добра комбинација и тоа може да се подобри ако еден од вас учи да си ја подобри емоционалната нестабилност.
Тоа се случува моментално кај мене, нека е повреден, ако сака да се излечи, мора да се потруди. Не попуштам јас.
Јас Рак ( и знак и подзнак ), а тој Бик што мислите?? Инаку мразам што сум Рак, не сум воопшто силна, личам на силна за некои што не ме знаат, ама кога ке ме запознаат малце повеке и подобро сфаќаат дека сум плачка
Сосема истата комбинација ја имам и јас. Бикот и ракот, дефинитивно имаат заеднички карактеристики. Сакаат семејство, сигурност и топлина во домот. Доминацијата на Бикот, тешко поминува кај Ракот, па затоа седнуваме и плачеме Всушност е една од најдобрите хороскопски комбинации, бидејќи се надополнуваат, двајцата мразат неверства, лажења и се трудат да се задржат на еден партнер-се разбира доколку одговара. Јас како дупли рак, ќе признаам дека сум многу тешка и дека можам да сменам 5 расположенија во рок од 5 минутки. Не велам дека сум цвечка за мирисање, ама и Бикот си ја има таа негативна темна страна-неговата посесивност.
^^^Не е најлоша Чим сум жива, доказ сум. Ама да не се повторувам кои се маките од оваа комбинација, имам веќе пишано на темава Дека има и добри страни, има! Всушност, во секое правило има исклучок, и секаде постои компромис
Е Кате, да си ми жива и здрава, и се' така да ме охрабруваш кога сум ептен даун! Да не му ја мислам многу по хороскопскиве правила за овој мојов смотанко, а? Читав дека не е баш пожелна комбинација, ама можно ли е да сум толку голем малер дури и во хороскопот? О, боже, јел те има?
Се сложувам прекрасно со една Риба. Рак и риба се совршениот пар во хороскопот. Се надополнуваат, разбираат и поддржуваат. Е, рибава малку ми мечтае повеќе од што треба, ама ракот е тука да го симне на земја. Тешко е со рак да се испадне на крај, ептен тешко... Посебно со дупли како мене. Па кога ќе ме мавне еден период, чувај Боже.
А добро симпатијата една шо ми е рак а ја јарец ??? Шо би излегло од ова ?? Патем по муабетот со него се глеа дека и те како си се кријат во оклопот нивен . А за чуства и романтики ја па идиот одма го пресеков дека нејќам такви ствари Изјавување чуства ?? На дело само ... Леле со кој памет му го кажав тоа
Јас сум рак и да, сакам дела,а не празни зборови...So take it easy Ништо лошо не си кажала, мила. Пази само да не ти се сокрие во оклопот, е тогаш е страшно...
Јас имам најдобра другарка што е рак а јас сум риба така да добро се согласуваме зашто сме си водни знаци. Е сега ние рибите знаеме малку да се занесеме во соништата (не ме сваќа другарка ми и цело време ме заебава вака кога си мечтаам ), лесно заљубливи сме а уште полесно одљубливи ама од друга страна мислам дека не сме толку емотивни како раковите. Нека ми извини другарка ми а и сите ракови ама некогаш таа ваша емотивност се граничи со претерано лигавење, паѓање во депресии, кукање за све и свашта кога скоро се ви е супер. Така да во таквите периоди гледам да сум трпелива, и давам совети на другарка ми да ја извлечам од тој период и после пак е се океј. Ма супер се ракчињата, ама некогаш прелесно се приврзуваат за една личност за брз период и препреемотивни се, ама за остатокот се добри.