Кој би сакал да ми каже дали си одговараат : -Рак и Рак -- кога едниот од нив двајца не е типичен рак ?? Ве молам кажете ! Поздрав и благодарам однапред.
Spoiler Љубовната врска помеѓу двајца ракови е нежна, емотивна и исполнета со љубов и разбирање. Овие партнери си се меѓусебно посветени, верни и бескрајно лојални. Двајца ракови во љубовна врска, се способни да научат „како дише“ нивниот партнер. Бидејќи се многу слични по природа, секој од раковите го знае најдобриот начин како да му ја „затопли душата“ на својот љубен/а, а во напнати ситуации, ќе знае и како да му ја „разлади главата“. Главни карактеристики во оваа врска се верноста, грижата, меѓусебната помош и сочувственоста во однос на потребите на нивниот партнер. Раковите кои се во сериозна врска, се ориентирани кон создавање заеднички дом и чувство на фамилијарен живот во него. Меѓутоа, за да се случи тоа, овие партнери мораат да ја надминат нивната тенденција кон депресивно размислување, самосожалување, како и служење со манипулација за да го добијат тоа што го сакаат. Доколку раковите успеат да го контролираат нивниот непостојан карактер и променливо расположение, оваа врска ќе биде задоволувачка и нежна за двајцата. Раковите најдобро се чувствуваат кога се дома. Кога еднаш ќе се заштити во своето свето засолниште, ракот може да заборави на надворешниот суров свет, да не обрнува внимание на мислењето на другите луѓе и да се грижи само за она што се случува зад затворените врати од неговиот дом. Исто како што раковите си ги чуваат и пазат материјалните работи кои ги поседуваат, така секогаш се обидуваат и да го заштитат и одбранат својот љубен/а од каква било опасност. Посветеноста и желбата на раковите да се борат за опстанок и успех на нивната врска, се навистина најјаките особини кои тие ги имаат, во поглед на љубовта. Конфликти во оваа врска може да настанат како резултат на промените во расположението на раковите, но уште поопасна е нивната суптилна вештина за емоционална манипулација, од која секој треба да се пази. Раковите треба да престанат да се служат со неа, бидејќи таа е лошо средство за добивање на она што го сакаат од партнерот, кое може сериозно да и наштети на нивната врска. Ракот е управуван од Месечината и неговото расположение е чувствително на нејзините месечни циклуси. Токму влијанието на Месечината внесува во ракот мајчинска грижа, нежност и желба да се помогне на најблиските. Ваквата негова енергија, помага во креирањето топла и безбедна домашна средина и совршено љубовно гнездо за развој и одржување на една здрава љубовна врска. Ракот е воден знак. Интуицијата и емоциите се главни двигатели на врската помеѓу двајца ракови. Во пакет со нивните длабоки, интензивни интуитивни моќи, доаѓа и кршливоста на ракот, поради што неговите чувства лесно можат да бидат повредени. Кога е исплашен и повреден, ракот емотивно се затвора, на тој начин заштитувајќи се од надворешниот свет. Меѓутоа честото психолошко затворање, може да ù наштети на која било врска во која едниот партнер е рак. Двајцата ракови во врска, најверојатно ќе имаат повеќе разбирање за потребите на својот љубовен партнер за личен простор и поминување некое време сам со себе, кога тоа претставува негова нужност. Клучот за разбирање на нивната потреба за повремено поминување време насамо, е таа да се прифати како составен дел од нивниот карактер и воопшто да не се поврзува со запоставување или негрижа кон партнерот. Заеднички, раковите се способни да се заштитат себеси и нивниот партнер од суровата реалност која постои во надворешниот свет. И покрај тоа што ракот не е баш физички активен знак, неговите брзи емоционални рефлекси и моќите за перцепција, му овозможуваат умешно да се брани кога е под стрес. Ракот воопшто не се срами да го побара, но и да го добие токму она што го сака од својот љубовен партнер. Првата особина која доаѓа до израз кај ракот кога е под стрес, е неговата груба заштитничка настроеност кон својот партнер, кога смета дека постои некаква опасност по нивната врска. Но, овие нападни изливи на емоции, можат да ги повредат чувствата на неговиот партнер. Жестоката лојалност може да создаде блискост во љубовната врска помеѓу двајца ракови, но ако се поминат границите на нормалното, може да претставува опасност за нејзиниот опстанок. За да не се случи ова второто, двајцата партнери мора да настојуваат да ги погледнат нештата низ очите на нивниот љубовник. Најдобриот аспект од љубовната врска помеѓу рак и рак е нивната комплетна меѓусебна преданост и посветеност, како и цврстата емоционална нишка која силно ги поврзува. Овие партнери меѓусебно се заштитуваат и безбедно ја чуваат нивната љубов, од надворешниот свет. Тие целат кон креирање убаво уреден и топол заеднички дом, како и создавање семејство. Сепак немој да правиш генерализација, многу е важен подзнакот, аспектите, знакот во кој се наоѓа месечината(емоции)...
ЛОШИ карактеристики : Посесивни,Љубоморни,Многу лесно знаат да се бедираат,Некогаш срамежливи повеќе од потребно,Превише грижливи,Наивни,Се откажуваат од нешто доколку наидат на пречки и често им треба некоја подршка за да продолжат понатаму. :mrgreen: Е значи се пронајдов во ови Иначе рак сум
Јас сум рак он риба. Или јас имам тежок карактер или него не можам да го сфатам Права мистерија се рибиве. Мислев дека сум многу добра со психологијата и ќе го анализирам добро,но штом сум добила некој заклучок одма се менува и иди анализирај пак...и така се во круг. Сепак не се сите риби исти,исто и раковите. Ние раковите имаме многу променливо расположение,се си сфаќаме лично... Кога ќе подразмислам ни самата со никогаш не можам да се разберам а не па друг мене.
Со раковите е тешко да се зборува, одма ќе се увредат, се си сваќаат лично. Јас овде имам за извоз ракови колку сакаш, братучедка ми -рак, снашка ми- рак, другарка ми-рак, тетка и на другарка ми- рак. Сите се некако слични и чувствителни се сваќаат лично еднаш братучед ми на снашка ми и кажа дека кога купувала нешто се мислела по 100 пати за тоа оваа кога му се налути како незнам што да и кажал а мене ми падна смешно. И тетка и на другарка ми ми се налути зошто не сум и ставила лајк ОДМА И СЕГА... (смајли што се крсти) хахаха можеби била во ПМС. Онака се добри и интересни добри другари секогаш помагаат но се осетливи и може лесно да се увредат за ништо.. Мене повеќе ми одговара другар или другарка рак а не дечко, со тие никогаш не сум се сложувала
Маж ми е рак. Приврзани за фамилијата, особено за родителите. Да не зборам за пријателите колку се приврзани... Сакаат забави, патувања.. Љубоморни и емотивни, но тоа многу вешто го кријат Лесно избувливи. Инаетчии, но знаат понекогаш и да попуштат. Јас сум јарец. Заедно сме веќе шест години. Па така да не сме лоша комбинација. Но зависи од тоа како ќе го научиш партнерот на почеток. Јас мојот го навикнав во повеќето случаи јас да попуштам и да велам: Да, драги така е Но не велам дека и тој не попушта, чат-пат. Но во секој случај убаво е да се има рак покрај себе.
Еgypt лелее фалаа ти за мислењевооо се ее точноо, буквално се. Јас и дечко ми сме родени во знакот на Рак, разлика 10 ден.. само што во подзнак јас сум Лав, а тој девица.. меѓутоа се ова шро пиша е буквално точно
Јас сум РАК и сум вери хепи во животот ...али тој што го сакам е роден на 05.06 а јас на 22.06 и он кој хороскопски знак е и дали си одговараме ???????????
Ух и ти не паничи, ако според хороскоп не се совпаѓат знаците, не значи дека нема да ви успее врската . За подзнаци незнам, да не те лажам. Но мислам дека тоа оди со тоа каква личност си. Па кога ќе ги видиш карактерните особини на тој подзнак треба да се споредат .
Пази се, стрелците се опасни по карактер. Но се неверни. Стрелецот постојано сака да е во друшство, без другарите не може, и ако пробаш да го скараш со нив - ти ќе бидеш кривата. Стрелецот со една девојка не го гледаш, може да биде верен едно време, но ако му здосади на најлош начин ќе те откачи. Едит. - немој многу да им веруваш.