1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како според астрологијата излгеда вашиот идеален летен одмор

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Lella, 16 јуни 2013.

  1. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Овен
    За припадниците на знакот овен, не постои класичен одмор за време на кој некој би мирувал. Напротив, ако нема акција, овните ќе се чувствуваат изморени. Некои пак претеруваат со активности, па „прегоруваат“. Затоа, тие најдобро се опуштаат со рекреативни активности, со кои нема да се напрегнат ни премногу ни премалку. Спортските активности треба да бидат интересни, со доста движење и предизвици. Одмор во природа исто така е добра опција за овните, но не пасивен, туку во стилот на истражувачите. Друштвото со кое овенот оди на одмор треба да биде подеднакво активно како него. Во спротивно, или ќе има кавги или ќе биде најпаметно сам да појде во акција. Тој сака да открива непознати места.

    Бик
    Биковите се класични уживатели во одморот. Тие сакаат да лежат, да јадат, да уживаат и да разменуваат љубов. Колку повеќе причини за уживање, толку послатко за нив. Доколку патувањето не е удобно или однапред предвидливо, тие ќе сакаат да го избегнат. За да се придвижи, бикот мора да има јак мотив, а го придвижуваат страста и можноста нешто да добие. Ако се заљубени, биковите ќе појдат посмело на своето патување, но и тогаш, онаму каде што одат мора да има точно одредено место со доволно храна и удобен кревет. Подготвени се да потрошат многу пари за да си угодат себеси и на своите блиски, но очекуваат чиста сметка, како и дека оние кои ги почестиле ќе им вратат во друга прилика. Доколку постои можност да ги спојат работата и уживањето, тоа и ќе го направат.

    Близнаци
    Близнаците се цел живот во движење, па не им е никаков проблем да отпатуваат некаде. Но, ако нема луѓе, комуникација и предизвици за нивниот бистар интелект, работите брзо ќе им станат напорни. Нивните батерии се со краток рок, па повеќе сакаат да одат на кратки патувања или на излети со кои брзо можат повторно да си ги наполнат. Ако се подолго време оддалечени од своите пријатели кои ги опкружуваат во секојдневието, тоа мора да биде на некое место каде повторно ќе има многу луѓе и каде што ќе имаат прилика да живеат како што им е нив најприродно. Осамени и пусти места ги застрашуваат. Многу приказни, музика, играње, лесна рекреација – сè се тоа работи со кои тие ја хранат сопствената душа. Уште ако тоа се случува на некое место кое е „ин“, уште подобро за нив.

    Рак
    Сакале да го признаат тоа или не, раковите најдобро се опуштаат во својот сопствен дом. Со помош на својата фантазија, тие можат да го претворат во угодно летно место за уживање. Појдете кај нив наутро на кафе или навечер за да седите заедно на тераса или во двор. Кога ќе се собере фино друштвенце со блиските пријатели, опуштената забава кај раковите може да потрае и до раните утрински часови. Тивко, интимно и префинето. Ако се одлучат на патување, изборот би паднал на море, но не на бучни места. Најдобро ќе се одморат на некои мали места, каде не треба да се изненадите ако ги видите како наутро купуваат риба од локалните рибари или размислуваат шетајќи по празна плажа.

    Лав
    Каде што има многу луѓе и публика, таму лавовите се чувствуваат свои. Играње и забава до зори, доколку е можно во центарот на подиумот, воопшто нема да ги измори. Места кои се наоѓаат на крајот од светот, потполно не ги интересираат, освен во случаи кога станува збор за многу познати места, на кои е престиж да се летува. Сакаат организирани и динамични патувања на значајни места, како во познати и популарни градови и на дестинации кои се наоѓаат на листата „места кои мораат да се посетат барем еднаш во животот“. Без камера и фотоапарат не одат никаде, но не за да сликаат, туку за да бидат сликани. Затоа некој од друштвото со кое патува ќе мора да биде фотограф, а во кадарот цело време ќе биде лавот.

    Девица
    Овој воркохолик тешко дека воопшто знае како да се одмора. За до го достигне ова доживување, повторно му треба некое хоби или некаква занимација. Доколку идете на пат во друштво со некој роден во знакот девица, подобро за вас е воопшто да не помислувате на класичен одмор. Постојано ќе смислува начини за да ги ангажира луѓето околу себе. Најчесто се работи за некое хоби или за корисни лекции од стилот „бидејќи се наоѓаме во природа, ајде на набереме…“. Девицата ќе биде среќна ако нејзиниот одмор биде корисен, доколку научи нешто ново или доколку од таму донесе нешто што може да биде корисно.

    Вага
    За вистински да се опушти и одмори, потребно е вагата да постигне, чувствува и одржува рамнотежа. Обично станува збор за баланс помеѓу она што вагата го посакува и она што другата страна го сака, што за неа е најчесто најважно. Затоа успешноста на одморот на вагата, често не зависи од неа. Потребно е да биде целосно отворена и да ги препознава потребите на другите околу неа за да ги направи среќни. Доколку таа успее да ги усклади обете страни, тогаш одморот е неминовен. Сепак, доколку може да бира, попрво би отишла на некое фино место каде што луѓето живеат во склоп со природата.

    Скорпија
    Скорпиите се ѕвезди на летните ноќи. Затоа поголемиот дел од летните денови ги поминува спиејќи, полнејќи ги батериите за динамичните ноќи. Штом сонцето тргне да заоѓа, скорпиите се будат и тргнуваат во акција. Ноќите ги поминуваат без граници, имаат богат еротски живот, сакаат ноќни капења, играње до зори и заводливи погледи. Има и спортски типови кои ќе организираат одмор полн со предизвици. Тоа може да биде истражување на опасни предели во природата или рафтинг по брзи реки.

    Стрелец
    Овој вечен скитник, не познава граници. Му одговараат сите врсти на патувања и му одговара да ги посети речиси сите дестинации. Патувајќи, стрелецот се одмора. Кога ќе тргне на пат, неретко заборава да се врати дома. Превозното средство во суштина претставува неговиот вистински дом. А кога е во својот дом, тоа му е чудно. Лесно поттикнува и други луѓе да го придружат на патувањето. Не е важно каде оди, важно е да се движи. Најчесто ништо не планира бидејќи сака да биде спонтан и слободен. Стрелците се најдобрите консументи на „Last minute“ понуди на туристичките агенции, бидејќи не им е проблем веднаш да се одлучат кој аранжман ќе го одберат. Стрелецот ја сака и природата. Всушност, целиот свет е негов!

    Јарец
    Еден тип јарци сакаат да одат на планина и да уживаат во пејзажите и чистиот зрак. Таму се чувствуваат свои и лесно ги полнат батериите. Другиот тип јарци обожаваат море, бидејќи тежнеат за топлина и сонце. Медитеранот совршено им одговара бидејќи има многу карпи и камења, кои тој ги обожава. Утринските прошетки по нерамните карпи крај морето или долго седење на истите додека медитира, дефинитивно ќе го освежат јарецот. Понекогаш сакаат да бидат сами и да ги слушаат звуците на природата, особено бранувањето на морето. Сепак, доколку имаат семејство или барем партнер, ќе отидат на одмор заедно. Кога патуваат, сакаат да знаат каде одат, затоа обично добро се информирани пред да тргнат.

    Водолија
    Клучот за успешен одмор на водолиите е во ниеден момент да не им стане здодевно, а што е тоа нешто кое постојано ќе ги забавува, е веќе филозофија. Тешко е да се задоволат потребите на овие индивицуалци. Најчесто ги интересираат специфични мести. Својот одмор сакаат да го поминат на некое место, за кое никој не слушнал, но е единствено на светот според некоја специфика. Доколку немаат прилика да отидат на некое уникатно место, тогаш ќе имаат тотално несекојдневен стил на одмор. Најчесто, станува збор за некое непредвидливо хоби. Оние кои се во друштво на водолијата, треба веднаш да се помират со низа изненадувања или ситуациии, кои ни на сон не би можеле да ги замислат. Водолијата ќе ги создаде тие униканти моменти.

    Риби
    Рибите најмногу се релаксираат кога се излежуваат. Затоа ним им одговара класичен одмор на море, каде што работите ќе се одвиваат по одреден тек: ред за спиење навечер, ред за дремење на плажа, ред за пиење вино навечер на тераса во комбинација со пријатна музика, па повторно спиење. Некои поретки претставници на овој знак, ќе сакаат и да се размрдаат малку, пливајќи. Кога патуваат, најмногу им одговара патување со брод. На плажата ќе сакаат да собираат интересни камчиња или да градат кули од песок. Оние кои ќе останат дома во летниот период, слободното време ќе го поминат со далечинскиот управувач в рака, гледајќи романтична, информативна или спортска програма. Сурфање на интернет, може да им претставува премногу напорна активност, бидејќи со вклучениот телевизор имаат можност и да дремнат. Ако во моментот го немаат она што им е потребно– летен одмор, рибите ќе го измислат во нивната бујна фантазија.

    Извор: Кафепауза

    Јас сум скорпија, и тоа за ноќите и не е баш точно е дека ги сакам брзите спортови и истражувањата на опасни предели во природа, обожавам ризици. :)
     
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Рак
    Сакале да го признаат тоа или не, раковите најдобро се опуштаат во својот сопствен дом. Со помош на својата фантазија, тие можат да го претворат во угодно летно место за уживање. Појдете кај нив наутро на кафе или навечер за да седите заедно на тераса или во двор. Кога ќе се собере фино друштвенце со блиските пријатели, опуштената забава кај раковите може да потрае и до раните утрински часови. Тивко, интимно и префинето. Ако се одлучат на патување, изборот би паднал на море, но не на бучни места. Најдобро ќе се одморат на некои мали места, каде не треба да се изненадите ако ги видите како наутро купуваат риба од локалните рибари или размислуваат шетајќи по празна плажа.
    точно е :D :D
     
  3. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Јарец
    Еден тип јарци сакаат да одат на планина и да уживаат во пејзажите и чистиот зрак. Таму се чувствуваат свои и лесно ги полнат батериите. Другиот тип јарци обожаваат море, бидејќи тежнеат за топлина и сонце. Медитеранот совршено им одговара бидејќи има многу карпи и камења, кои тој ги обожава. Утринските прошетки по нерамните карпи крај морето или долго седење на истите додека медитира, дефинитивно ќе го освежат јарецот. Понекогаш сакаат да бидат сами и да ги слушаат звуците на природата, особено бранувањето на морето. Сепак, доколку имаат семејство или барем партнер, ќе отидат на одмор заедно. Кога патуваат, сакаат да знаат каде одат, затоа обично добро се информирани пред да тргнат.

    -Се е точно, за жал само сон :(
     
    На Mariana039 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е точно за мене. :x
    Навистина не знам како не се пронаоѓам во мојот знак ама ете.
    Делува интересно, но не е тоа што мене ми треба.
     
  5. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    11.949
    Точно ;)
     
  6. girl.heart

    girl.heart Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    4
    Девица
    Овој воркохолик тешко дека воопшто знае како да се одмора. За до го достигне ова доживување, повторно му треба некое хоби или некаква занимација. Доколку идете на пат во друштво со некој роден во знакот девица, подобро за вас е воопшто да не помислувате на класичен одмор. Постојано ќе смислува начини за да ги ангажира луѓето околу себе. Најчесто се работи за некое хоби или за корисни лекции од стилот „бидејќи се наоѓаме во природа, ајде на набереме…“. Девицата ќе биде среќна ако нејзиниот одмор биде корисен, доколку научи нешто ново или доколку од таму донесе нешто што може да биде корисно.

    Точно :D
     
  7. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Близнаци
    Близнаците се цел живот во движење, па не им е никаков проблем да отпатуваат некаде. Но, ако нема луѓе, комуникација и предизвици за нивниот бистар интелект, работите брзо ќе им станат напорни. Нивните батерии се со краток рок, па повеќе сакаат да одат на кратки патувања или на излети со кои брзо можат повторно да си ги наполнат. Ако се подолго време оддалечени од своите пријатели кои ги опкружуваат во секојдневието, тоа мора да биде на некое место каде повторно ќе има многу луѓе и каде што ќе имаат прилика да живеат како што им е нив најприродно. Осамени и пусти места ги застрашуваат. Многу приказни, музика, играње, лесна рекреација – сè се тоа работи со кои тие ја хранат сопствената душа. Уште ако тоа се случува на некое место кое е „ин“, уште подобро за нив.

    Болдираното не е точно, другото може да се каже дека е! :D
     
  8. EleonoraLovato

    EleonoraLovato Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    676
    Бик
    онаму каде што одат мора да има точно одредено место со доволно храна и удобен кревет. :D
     
  9. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Стрелец скоро е точно само што од мали нозе од 5 години сум се возел со автобус за да стигнам до кавадаречко Рибарци и таму сум престојувал кај мојата баба и никогаш ама баш никогаш не сум седел дома сум се прибирал само за јадејне секогас сум одел на еден куб со песок и сум трцал по него сум скокал од врвот на кубот и пак сум се качувал горе.
    после штом ќе заладело сум одел на „Црна река“ да се бањам сум најдувал по течението дрва и сум се качувал на стеблата и скок во вода после тоа др ден сум одел пешки за Росоман таму ме пречекувале и сум седел кај нив дома сме шетале наодруцек на флипери и пак на „Црна река“ на капење па сум се врајкал дома и др ден сум одел за Манастирец сум трчал по пругата а кога ќе стасав таму со братуцедките не сум се прибиорал дома, едноставно кажано сум гледал максимално да го искористам времето во шетање во авантури во капење пливање.
    А и сека до пред некој месец нонстоп патував до Кавадарци за да одам на работа дури некогаш на враќање сум слегувал на плетвар и пешки до дома малце воздух да ме фати.
    :sun::sun::sun::sun::sun::sun::sun::sun::sun::sun::sun:
     
  10. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Не секој Рак сака многу тивки места. Нема врска дома, море си е море колку и интересна да си ја правиш дома. :)
     
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Заклучок: Најпаметно ќе биде да си купам едно вакво
    [​IMG]
    И идемо даље :D