По баба ми која била пред умирање( починала 12 дена откако сум се родила), па татко ми сакал да и го направи ќефот. Среќа што не сум била машко, инаку името во машка форма е ужасно, ајде во женска некако се трпи
Мојата кума тогаш била многу мала... и кога дошле да прашаат нели по адет како ке се вика бебето она запнала да ме крсти со нејзиното име. Интересното е што со кумовите сме подалечни роднини, но имаме исто презиме, па така да сега си го делиме истото име и презиме со нејзе.
Јас сум си родена на празникот Св. Марија и така Марија, а брат ми е крстен по Горан Брегович тато сакал така
Се дружеле моите со некој другар на татко ми, и имал ќерка се викала како мене. Многу било убаво девојчето и така. Е тоа ми го кажа мајка ми. И плус, кратко и јасно, да не ти го кратат. А сега она ми додава букви.
абе самата да си го бирав името вака убаво и звучно немаше да го најдам хаха. се шалам Нешто имитација на баба ми, таа го предложила ама била малку понапред со времето и знаела дека баш вака сакам да се викам.