Моето име ми го дала мајка ми, таа сакала вака да се викам и готово. Значи, сум имала 3 потенцијални имиња, едно на едната баба, друго на другата баба, а третото произлегло од денот на кој што сум родена. (на свети Никола). И мајка ми, од трите, го избрала четвртото Многу сум и благодарна сега за тоа А и татко ми е интересен со негоите луди предлози, за да не биде старомодно името нели, предложил да се викам Ненси, демек првите две букви од на баба ми името,а плус името многу модерно Среќа што и мајка ми не била толку луда да го прифати името Ќе си носев сега име што ми асоцира на ку*ва (со извинение за изразот)
Значи името ме чекало мене да се родам тоа смислено си било ако биде женско на баба му Ката ќе го крстиме и така името сум сиго добила од баба ми и затоа најмногу од сите ме сака па не за џабе и го носам името...нема ништо за џабе на овај свет брат за брат павлака за пари
кумовите им дале список со имиња на моите од кои едно било по пејачката Марјана и тоа без И ....и со тоа И цел живот си имам проблем сегде ме згрешаваат па и презимето ми е така комлицирано така да се случува ни име ни презиме да ми погодат
Моето е добиено по песна која се слушала во тоа праисториско време,на моите многу им се свиѓала и за жал решиле така да ме крстат
ее моето имее историско станало... ко сум се родила татко ми и чичко ми отишле кај кумовите да прашаат како ке се вика.. (предлози:марија.христина.сања,пандора ,весна,петра, и не ми текнува кој беа други) На татко му најмногу му се бендисале Христина и Сања...и пошто тогаш работеше на граница Грција отишол таму и ги викнал сите и му рекол да гласаат кое име да ми го дадат..и без двоумење сите му рекле ХРИСТИНА...и почнале да се веселат да слават се роди чупето .арно ама таму веселбата си траела 3 дена... Баба ми се загржиле и викнале полиција да ги бараат ...а во тоа време овие си отишле дома и му рекле кај е Христина да ја видиме..овие дома појма немаат со збораат и ко му кажале како го избрале името се изнасмеале...Инаку иц си го нејкам името оти скоро сите така се викаат....во класот кај со учам 4 Христини сме...
Христинче мене многу ми е убаво твоето име го обожавам посакувам и јас така да се викав.Инаку моето име ми го дал татко ми тој сакал вака да се викам , не е многу често име ми се допаѓа
Мајка ми сакала да се викам Александра но кумот бил цбрсто решен да не ја послуша неа и да се викам како тој што сака.
Анастасија??? Инаку да не бидам офф моето име сум го добила по прабаба ми,ама во македонска верзија и за жал е едно од најчестите имиња ако не и најчесто...
Кумата ми го дала, моите немале некоја посебна желба ... Моето име и било омилено на кумата и си ветила дека ако некогаш во животот биде кума на девојче ќе го даде тоа име си го сакам и и благодарам што е не толку често
ехееее..... тоа било многу одамна па... кога мајка ми ме носела во стомакот, уште тогаш ме крстила, а незнаела дека исто така се викала мајка му на дедо ми, и така да ми текна пред некое време да си го сменам името, а инспирација ми беше Мар од casi Anheles , ама уште си го немам сменето името, сите ме советуваат да не го правам тоа оти името ми било многу убаво, а и едно од најхристијанските имиња е, мислам божјите имиња леле ке се расплачам
kaj mene isto kako sto kazuva i srcekrsacka majkami uste vo stomakot odredila kako ke se vika ako e masko a kako ako e zensko taka da ne gledala ni babi ni dedovci ))
Па кумот ми ставил 5 имиња на списокот.. Моето било прво... Мајка ми и татко ми имале можност да бираат од тие 5 но мајка ми рекла ако е прво ставено значи тоа било најпосакувано од кумот и така тоа го одбрале
Моето име ми го избрала мајка ми, таа имала најдобра пријателка пред јас да се родам. Многу се дружеле во младоста, но другарката загинала во сообраќајна несреќа. Мајка ми била многу тажна и кога се омажила и останала бремена си велела дека сака да има девојче кое ќе се вика Б........ во чест на нејзината пријателка. А исто така го одредила и името на брат ми кој е роден еден ден пред празник . Си го сакам моето име.