Ќе си го смениш споственото име поради некоја детинеста глумица од шпанска серија А да не е сепак премнуго ?!?! Инаку моето име ми било дадено од кумовите.На некои луѓе не им се допаѓа,но јас си го сакам.
Кумата дала 5 имиња од кои за моја среќа не сум добила ни 1 од нив. А татко ми бил категоричен дека мора да го носам името на мајка му што за среќа е прекрасно име и доста модерно за нејзино време, па бидејќи бил поднапиен и рекол на кумата или тоа име или ќе те сменам кумо
јас пак моето име го добив по една лјубовница на татко ми и то италијанка била таа, али со е вазно не беа во брак тогас моите родители и мајками онака фер е и ептен и се допадна името па сеа да не казувам кое или ај ке казам Валентина
Интересно ми е ова. Си напишала како да си била присутна кога ти го давале името.Т.е. ок си била на овој свет,ама како да памтиш.
Задоволна сум си на името Сестра ми да ми е жива и здрава сакала вака да се викам а мајка ми и татко ми сакале да е кратко за д ане ми го изменуваат и сестра ми баш и такво и нашла Фала и
Мама гледала некој итлијански филм и такво италијанско име и јас си добив Си го обожавам моето име не е често што ми е најважно
моите родители ги одбрале имињата за мене и мојата сестра близначка од неколкуте варијанти складни имиња кои кумовите ги предложиле...п.с ги избрале најубавите - мајка ми уште го чува ливчето со имињата
Од баба ми, а најлошо е што името е многу старо и никогаш не сум го сакала. А мама и тато секогаш ми велеа не го прави името човекот, туку од човекот ти станува мило и името. Па после 19 години живеење со него, се навикнав.
Името го имам добиено од баба ми. Колку што знам тоа воопшто не било дискутабилно прашање, уште на почетокот се знаело како ќе се викам. Во секој случај ми се допаѓа.
Родена сум во месец Мај, па ајде решиле Маја да се викам. И така.. Ми се свиѓа од причина што не е премногу често, а и плус кратко е.
Дедо ми е од егејска македонија а таму како некоја традиција било првото дете да е крстено по дедото! Дедо ми се вика Анастас но за негово име се смета Ташко.Да сум била машко ќе сум се викала така ама фала богу сум женско па ме крстиле Анастасија! Инаку прво сум требала да се викам Марија ама дедо ми се налутил бидејќи не ме крстиле по него па после ми го дале ова име! Како и да е мене ми се допаѓаат и двете имиња ))