кај мене е малку комплицирано. Мојот татко сакал да се викам "СЛОБОДАНКА" по неговата мајка [да се случеше ова ке си го променеше името но имало господ ! xD ] мојата мајка сакала БОЈАНА. Па така решиле да се викам Слободанка но за среќа на крштевката дошол мојот постар брат и рекол дека ке се викам МАРИЈА [бидејки неговата прва симпатија се викала Марија] . И така денес сум му многу благодарна што ме спасил од тоа име.. xD
Сестра ми некаде чула за името Мери, и плачела се додека моите не се согласиле така да се викам бидејќи името било преубаво. Се уште ја тепам поради тоа.
По баба ми (на мама мајка) која кога сум се родила се бунела многу по неа да се викам, а и највеќе мене ме сака од 5 внуки
По на кумот непреболената прва љубов А сега со моето име и со двете презимиња ми треба 5 мин додека да се потпишам......
Скапано име!!!! иначе мајка ми имала кукла така се викала,и ај сеа упропасти си ја ќерката со такво име шо ти е гајле
кумовите дале предлози:елена,христина,марија и незнам кој уште други решиле христина по дедо ми, па татко ми не сакал христина,и на крај се решиле кристина иначе не си го сакам името
Мама и Тато го сакале тоа име, а ако бев по едната баба требаше Менка, а по другата Марија, па за ни една да не се лути ме крстиле Емилија xD
Мојата кума која ме крстила, кога студирала имала цимерка и воеднои најдобра другарка која се викала како што се викам јас, но за жал имала несреќа и го изгубила својот живот и така по нејзино сеќавање ме крстиле и мене така
Мислам дека немам пишувано тука, епа.. Кумата предложила 3имиња (едно од нив името на баба ми), ама изглегла 2 верзија од името на баба (не бее, нејзиното е втора верзија ). И така БиЈу си има именце кое го има само таа од цела генерација, ептен е ретко. Другата верзија се среќава повеќе, па среќна сум си што немам дупликати во името. А и презимето не се среќава во Струмица воопшто.. Така, ами како, сите да ме памтат и да знаат за кој се зборува
Кумата предложила неколку имиња и на татко ми најмногу му се допаѓало тоа што сега го имам а и мене кога ми ги кажуваа др имиња најмногу ми се допаѓа ова што си го имам
Па имато сум го добила по баба ми и воедно поради мојата инатлива поголема сестра која сакала така да се викам
Ако е така јас Белград требало да се викам Мене моите таму ме направиле.. Штета не ме крстиле така баш ќе бев оригинална А за Старфиш мислам знам како се викаш, ама си молчам