Не знам за моето ама ќе ви кажам за на сестра ми ....сум била многу мала и пред да одиме кај кумот да го земиме името за сестра ми мојте дома ми велеа ако те праша кумот како сакаш да ти се вика сестричката ти да речиш МАРТИНА ако заборајш нека те асоцира на мандарина...и ок одиме сега кај кумот и тој ги прашува моите како сакаат да се вика девојчето и моите викаат прашај ја сестричката...и овој кумот ме прашува мене....јас се мислам се мислам како беше заборајв...и наместо Мартина јас портокал сум рекла(оти претходно моите ми велеја на мандарина да се асоцирам)
И на мене истото ми го викаа не го прави името човекот дрн дрн дрн, а јас не да не сум го скала уште од кога знам за себе не можев да го смилам тоа грдо, ужасно и никакво име. Не можам да го изговорам ми се повраќа од него Дај боже никад више да не осакат со такво име друго девојче. Секогаш кога ќе ме прашаа како се викаш? како со куршум во чело да ме гаѓаа. Никогаш и не го ни чуствував тоа име за мое, па затоа си истерав по мое и си го сменив и сега мора да кажам дека ова име го чуствувам како од секогаш да сум се викала така. Иначе сега се погоди да имам име по сестрата на баба ми од која го имав предходното име. Е сега со гордост си го кажувам името (btw ни мајка ми не сакала така да се викам)
По желба на мајка ми, кога била помлада во нејзина околина имало две многу слатки дечиња, едното машко др женско, па сега јас и брат ми се викаме така многу си го сакам името, а и на брат ми ми е едно од поомилените. Инаку баба ми сакала по неа да ме крстат, а брат ми по дедо ми ама мајка ми за ништо не би дозволила! Татко ми сакал трето име и за тоа исто ФАЛА БОГУ што не дозволила мајка ми!
a izvini ako ne e tajna, koj e prviot makedonski film? inache jas moeto sum go dobila po kumovite i ic ne mi se svigaaa....na k mi pocnuva
хах сите мислат дека сум го добила по филмот Касандра ама изгледа таа го добила по мене бидеќи јас сум била веќе крстена со тоа име уште пред да дојдит филмот в Македонија
по татко ми тој ја има скратената форма од едно многу убаво име, па бидејќи цел живот жалел што не му ја дале целосната форма од тоа име, јас ја добив целосната женска форма од името, како нашиот сакан крал и македонски освојувач и последнта руска царица.
Било во мода у мојата генерација... и сите другари од татко ми што имаат ќерки колку мене исто ги крстиле Бог да чува.
Сите 30 страни ги прочитав хахахаха Лелееее има стварно интересни приказни И кај мене се бирало меѓу неколку имиња, некој предложил да ме крстат по баба ми Босилка ама она не се сложила, веројатно и сама си пропатела со името (сега може ќе ме викаа Боси нагалено)... И затоа што не можеле да се одлучат и дозволиле на мајка ми да го избере името. А мајка ми уште од малечка сакала, ако има еден ден ќерка, да ја крсти по омилената кукличка. Така ме крстиле Тамара