Мене татко ми сакал да се викам „Елза„ по некоја си моја тетка , баба ми сакала да се викам Костадинка по нејзината свекрва, кумовите сакале да се викам Милена по дедо ми „Миланчо„ ама оти веќе брат ми била така крстен (6 год е поголем вол од мене) па се мислиле мислиле , мајка ми сакала нешто модерно...и така еден ден брат ми си дошол од градинка и почнал да вика јас сакам мојта сестра да се вика Сања! И коа го питале од кај сеа па тоа име, така срамно си кажал девојката му се викала така Фала богу развиен бил брат ми тоа време одил по љубов па ме крстиле со арно име иначе лелел елза, косте, аууу хаха но танк ју
Мајка ми и татко ми сакале да се викам Валентина но , кумата баш тогаш заминувала во Лондон и мислам блиску до некој празник сум родена и предложила Теодора И ајде во нејзина чест пошо заминува
Јас сум крстена по Моника Селеш Кога ми оравеле крштевка кумот мој бил во Авганистан (архитект) и дошле кумата (женаму) и ќерката .И незнаеле шо има да ми стават црковно ми било Јована бидејќи сум родена 2 дена пред Св.Јован , потоа имало предлози за Каролина,Розета ... и моите се јавиле кај тетками во Германија да ја прашаат за идеа и таа рекла дека таму многу модерно било Моника по тенисерката и така ме крстилеее.... АХАХахахах многу дилеми за едно имe па затоа ме крстиле на 4 години ахахах но сепак убаво ми е
Дотогаш без име си била?? Прашувам пошто на мислам месец дена по моето раѓање им дошле од внетрешни дома дека бебето ќе им биде одземено ако не го заведат!! А за заведување треба име!!
За мене кумата спремила список од 9 имиња и неможела да издржи мајка ми да ја пуштат од болница па затоа со списокот заминала она таму. И мајка ми и татко ми од тие 9 одбрале 3, Тамара, Викторија и Наташа, и после мајка ми со стапчиња го одбрала моето име
Детето треба да биде пријавено во рок од месец по неговото раѓање. Ова е точно со сигурност мајка ми работи во матично
Ајдеее...не бе,сите женски бебиња дур да ги крстат ги викале Чорка,а машките Кежо,може така си ја викале по дома 4 години! Јас сум доцна крстена во црква...и пак немам крштеница.Името ми е многу модерно иначе,ама не ви го кажувам. Мајка ми од што многу ми го сака,ме прекрстила уште првиот ден,па ме вика нагалено!За баба ми цел живот ќе бидам Евангела! смајлишосекрсти А татко ми ме вика Сончица,исто така никогаш не ми се обратил по име или па не по целосното,све о свему...џабе ми дале име!!! До душа...цел нормален свет ме вика ко што треба...па не било џабе бе!
Па сигурно сум имала некое име, видиш тоа не ми текнало да ги прашам моите а имам и доказ слики од крстевка така големка едвај ме држи кумата во раце
Баба ми го дала и ја мразам за тоа, цел живот ми ствара проблеми. Го видела во православното календарче, а што е најтрагично многу ретко го има моево име во календарчето. Уште не можам да се помирам зошто таа година го напишале!!!!
Па вака..мама ми е раскажувала дека омилено име и било Ана од мала..сите кукли ги крстела Ана итн.. Предлози за името се Андријана,Елеонора,Анастасија од кумата а од кумот Македонка затоа што сум од македонија и ајде Македонка а тие се од Германија затоа предлози од мама Ана,Дона и Анета.. а родена сум на 7 Август т.е на празникот св.Ана тој празник го има 3 пати во годината..а и мама рекла детето ке ми се вика Ана и точка тато се согласил и кумовите исто така..и сега така се викам АНА !! Се гордеам на моето име (да не се фалам но тоа е најпозната во светот)
Незнам дали кумовите мои гледале тихи и прле на времето отпишани или бољи живот ,али моето име е инспирација од српската глумица Милена Дравич, да можев да се прекрстам ке си се викам Антонија онака ми е срцкастоо именцееее , америка ако одам ентонија хахахах али и милена се трпи некако хахха
По истата тенисерка сум крстена и јас само што во мојот случај името ми го одбрал татко ми кое и многу си го сакам
по иницијатива на мајка ми бидејќи тогаш била мн актуелна една пејачка и мајка ми многу сакала ако има девојче да се вика така ии си го сакам името
Јас сум крстена по името на баба ми (и сум многу горда на тоа) ама во скратена верзија бидејки моите несакале да ми се крати името, а и плус сум родена во месецот ..........
месец дена ме викале бебушка (како најнов член на семејството)... и се двоумеле за имиња. кумовите им дале одврзани раце на моиве и така они ми бирале име.....така што на крај од стотици имиња во финале останале 5 и денес сум горд носител на едно од тие 5 )
Јас сум крстена по баба ми. Инаку мојата постара сестра требало да биде крстена на баба ми, но бидејќи е родена на празник има друго име и затоа јас сум на баба ми.Моето име ми е некако необично и многу ретко и ми звучи чудно кога се претставувам како се викам.Баба ми се вика Петра а јас со модерна верзија Пепита
Кумот дал 5 имиња..И татко ми сакал јас да бидам пејачка..И ме крстил по една Македонска пејачка... The End xD
Јас сум крстена по баба ми, зашто татко ми така сакал Инаку требало да се викам Николина зашто сум родена на празникот св. Никола.