Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како сте го добиле вашето име?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Баба ми така сакала и на татко ми и на мајками им се бендисало името па така ме крстиле
     
  2. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    По дедо ми, кој е веќе 2 децении и нешто ситно, починат. Имаме исто име, и затоа има гроб со мое име моментално (creepy)
     
    На hrcace и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  3. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Родена сум на 30 Јули, а тоа е Огнена Марија, па затоа се викам МАРИЈА :)
     
  4. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.231
    Допаѓања:
    1.639
    LittleDevil сме родени на ист ден браво на најубавиот :P и јас требало да се виакм марија според празникот но татко ми ми дал име и навистина многу ми се допаѓа името благодарам тато :clap:
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tedi16

    Tedi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    54
    По мојот дедо (таткото на мама) кој го сакам највеке на свет ! (ама мразам коа ми прават кратенки од моето име ) !!!
     
  6. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    33
    Кумовите предложиле неколку имиња (на шаренко писменце се напишани, уште си го чувам :) ) и моите избрале Бисера да се викам. Најасално е од сите предложени. :)
     
  7. MilickaDo

    MilickaDo Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Моето е избрано според Мила Јовович. а Инаку овде слушнав многу интрересни "начини" на кои се избирани вашите имиња
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  8. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    моето име е од другарка на сестра ми
     
  9. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    епа моево име не го имам добиено по никој ни по дедо ни баба,мама и тато сакале и затоа сум си unique во семејството :wasntme:
     
  10. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Епааа :?: мммм вака :D Кумовите ми дале избор со 5 имиња и моите дома да одберат,кумата запнала да го пишат Јулија бидејќи тогаш ја читала книгата Ромео и Јулија и го имала гледано филмот,и мајка ми дома кога запнала за Јулија бидејќи било светско име познато бла-бла-бла...до пред едно време и јас си го мразев иметоке се прекрстувам викав :D ама сега подраснав и сеедно ми е како се викам ;)
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Како разумен компромис, мајка ми била за едно име ај нека биде Македонија во споров со името, а татко ми друго - Грција и така сум добила трето име...Убаво што не ми дале некоја географска одредница, пак плукајте по другарот Тито и вадете ги неговите слики и гоблени и таписерии од ѕидовите, ама тоа беа убави времиња...
     
  12. Em4ii

    Em4ii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    јас сум на иванден родена и кумот сакал да се викам ивана но татко ми неjкел и по инсистирање на кумата и татко ми се викам емилија
     
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.471
    По баба ми која ич не ја сакам,а ни таа мене |(
    И така од Елена-јас си се прекрстив во Ели.И официјално сум Ели,мило ми е.Ама ова озбилно,и во извод и лична карта секаде ме пишува така.Кога станав полнолетна им ја кажав желбата на моите,онака промрчеа-ама секогаш се за подршка, па татко ми среди ,со некои пријатели да се поедностави постапката.Ама за нив никако не бев Ели.Ми имаа измислено едно нагалено именце од Елена и ден денес така ме викаат-т.е.сестра ми и мама сега :worried: -Еленка или Ненка.Интересно нели ;)
     
  14. lucky-girl

    lucky-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    мајка ми го обожавала(а и сеуште се надевам :lol: ) моето име и уште во текот на бременоста,кажала дека сака прво детето да и се роди здраво и живо,а потоа дека ке го даде тоа(моето име) доколку сум женско,а доколку се роди машко веднаш ке биде мажката варијанта на моето име хихихихи :lol: си го сакам името,поретко ми е-и истражував дека е со германски потекло :rock:
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    На иницијатива на мојата мајка. Кумот сакал Мартина или слично, мајка ми стрикно одлучила да се викам како што се викам, а и во тоа време имало оперска пејачка доста позната кај нас, многу убава, а и името е ретко и убаво. Си го обожавам името и ја обожавам мајка ми ! :inlove:
     
    На lucky-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. I.Love.You

    I.Love.You Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    39
    јас сум на Св.Аранѓел родена..што сакаш повише :)
     
  17. vrc-prc

    vrc-prc Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Заради една мн популарна тенисерка во тоа време
     
  18. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Мајка ми го сакалa тоа име многу. :rofl:
     
  19. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    39
    кумот ми го даде :(
     
  20. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    По желба на баба ми сум си го добила името ,кое искрено многу си го сакам :)