Ме крстиле по желба на брат ми кој многу ја сакал песната што го носи моето име, а била многу популарна тогаш... барем така ми велат моите, брат ми вели дека не се сеќава... ама и на мајка ми и одоговарало, убаво и кратко име, пошто не сакала да ми го кратат името или да ми ставаат прекари... и така, си имам име кое исто звучи на сите јазици и сите континенти....
Денот пред мајка ми да се породи со мене, докторот што требало да ја породи и рекол дека сум мртва. Наредниот ден, него му завршило дежурството и докторката што била на смена ја породила мајка ми. И бидејќи Викторија означува победа, моќно име, мајка ми така сакала да се викам.
Moeto ime e po zhelba na tatko mi. Nekako ja ubedil majka mi, zatoa shto taa sakala da se vikam Jasmina. Bash si go sakam imeto moe, odlicho zvuchi i na drugi jazici i milo mi e shto ne se vikam Jasmina.
Кумот ги предложил овие имиња: Ивана, Софија, Бојана и Ана, а мајка ми сакала Стефанија. Среќа, ќерката на кумот била прво одделение, и нели во сите буквари ја има Ана како пример за буквата А,и одбрале Ана. Сите други имиња воопшто не ми се допаѓаат, и драго ми е што сум Ана, иако има милион Ани на светот, името си го сакам многу.
Imeto sum go dobila od pomalata kuma.. Pogolemata sakala da se vikam Andrijana A pomalata kako shto mi e deneska imeto.. Imeto mi e mn retko i si go sakam najvekje ... Moeto ime go noesl Isus hristos koga se rodil.. odnoso toa mu bilo prvoto ime koe mu go dala majka mu.. Se razbira vo mashkoo izdanie.. A moeto ime znachi Verba vo Gospod...
Moeto ime mi go stavil kumot poradi nekoja devojka sto mnogu si ja sakal i za da ne ja zaboravil tuku taka mene me krstil po nea
Rodena sum na praznik i kako po nekoe nepisano pravilo moralo da se vikam taka no kumot moj imal devojka koja ja sakal mnogu no ne se ozenil za nea pa mu bilo milo da go imam jas toa ime i taka go dobiv imeto po nesudenata lubov na mojot kum i mnogu mu fala sto ne potpadnal pod vlijanie na toj praznik.
Па, ако ја следеле традицијата, требало да се викам Петранка или евентуално Петра бидејќи сум родена на Петровден. Сакале да и го подноват и името на баба ми, па требало да се викам Васка, ама среќа баба ми била разумна жена, па не дала, и на крајот се решиле за ова име...И ептен мразам кога ме поврзуваат со Цеца Ражњатовиќ
јас се викам така како шо се викам затоа шо татко ми така сакал а плус и баба ми (по мајка) се вика така
Мојата приказна за името е малку поинаква Родена сум на празник ама среќа не го носам името од тој ден зошто е ... моите имале неколку имиња како идеја како да ме крстат и на крај мајка ми пружајќи алишта на тераса нашла еден куп ливчиња од книга, буквар што јас знам... на едно од нив на двете страни го пишува, сега моето име, па си рекле ете тоа е некој знак и ми го дале тоа име... кое by the way ептен си го сакам и ми прилега
да не била упорноста на братми и кумот ке сум се викала стојанка или деспина own: арно ама коа се заинатиле овие две личности ме крстиле ана
ќе сум го носела името Софија, зошто моите ме направиле во Софија на патување. ама сум го земала името од денот на раѓањето и сеа славам роденден и именден
Моето име го добив по кумата,но сепак ете си имам на мисла,бидејки сеуште немам деца,да кога ке имам,ке си одредам ја како ке се викаат,затоа што па ете можеби и на некои пак не им се допаѓа сопственото име,кое им го дале кумовите.Незнам,но ние секогаш се прислонуваме кон некои традиции,не викам не,можеби и е правилно така,но тоа си е моето мислење.
Па...татко ми сакал да се викам катерина(многу убаво име бтв )мајка ми немала некоја посебна желба баба ми сакала да се викам слободанка татко ми го носи ова име во машка верзија .На крај братучеда ми рекла ајде да си ја викаме _____ и така сум го добила моето име .Си го сакам името,не е баш често,но не е ни многу ретко
Јас моето по Снежана и седумте џуџиња)) Баба ми кога ме погледнала сфатила дека не може никако поинаку да се вика снежно бело бебе, со големи плаво-зелени очи и црвени обравчиња