по желба на мајка ми мислам дека,или заедно си се дог.со тато нез точно како и да е,порано многу си го мразев,дури си викав кога ќе пораснам ќе го сменам,а сега е сосема обратно,баш си го сакам еее како се менуваат времињата
Татко ми бил толку многу вљубен во мајка ми па за да бидам убава како неа ми го дал нејзиното име Па сега кога некој ме бара на телефон не се знае дали мајка ми или мене ме бара
По желба на татко ми,а инцијатива на бабами..Да не се разбереме погрешно баба ми сакала да се викам како неа,али бидејќи име како нејзиното немаат никаде,мене ме крстиле нешто малце поразлично од нејзиното.И само му рекле на кумот да го пише името и толку..си ме крстиле така како шо се вика
Наследство од баба ми...глупава традиција - мајка ми немала никаков избор нити пак право на глас... Ич не ми е по кеиф имево!
Татко ми сакал ако има ќерка да ја крсти на баба ми (мајка му),мајка ми не се противела и така јас кога сум се родила ме крстиле по баба ми
Името сум го добила по желба на мајка ми. Кога сум се родила, таа рекла дека ќе се викам Ана. Татко ми сакал да се викам Јана, ама ете испаднало да биде по желба на мама и мило ми е поради тоа.
Јас сум требала да се викам Маја, кумата и рекла на мајка ми, ако биде женско ке се вика Маја.... и... мајка ми се породила и ме викала Маја, Мајче али отишол татко ми по името како што бил редот и му дале виолетово плико и му рекле не го отварај сега, отвори го дома... и он као шо има да го носам дома кога знаеме дека е Маја ние така си го викаме детето... ако викајте си го како сакате ама правото име е во пликото... и иде дома татко ми целиот збунет го отвараат пликото и има што да видат сосема друго име... Им се јавиле на кумовите да им кажат дека им се допага името и прасува од каде ви текна бас тоа име... Епа пред некој ден го гледале филмот Ромео и Јулија, и глумицата многу личела на мајка ми и имала плави очи, па сигурно детето ке личи на мајка му и ке има плави очи и затоа нека се вика Јулија... и да јас имам плави очи и илчам на мајка ми... интересно...
По ништо посебно не сум го добила името...прво било на листата на имиња кои ги предложил кумот а и на мојте тоа највеќе им се допаѓало и го одбрале тоа
пред да се родам (нормално пред 2 3 месеци пред да се родам) имало некој детски фестивал на тв и сестрами како постара и рекле да одбери како ке се викам и имало некое девојче што пеело се викало како што се викам јас...Ана Марија
по желба на мајка ми, кумот бил другар на татко и и им рекол ваше си е детето вие цел живот по име ќе си ја викате затоа вие изберете си. и така мајка ми ми го избрала имте,кое мнооогу си го сакам