Пирамитче ,да простиш ,ама уште откако ти го прочитав постот на темава во мисла ме стави како ти е името
интересно ,јас името сум го добила по иницијатива на чичкоми,моите сакале друго име и он во последен момент се вратил од работа ,и им рекол на моите не бе тоа не е убаво,ова име е подобро ,..........и ФАЛА му не се викам како што сакал кумот , си го сакам името иако е големо
едноставно, сестра ми си ја крстила така најубавата кукла, па кога сум се родила веднаш знаела како ќе се викам. А фала богу, не се викам така како кумот што сакал.
по братучедка ми, тетка ми ми го дала. уникатно ми е , знам уште само едно девојче кое се вика така, и мн си го сакам. порано го мразев, ама сега....
Искрено по името на баба ми. Ај да не биде исто, ама слично. Со мала модификација на буквите. Ама се радувам на своето име и си го сакам .
По пра-баба ми. Малце е старинско, ама си го засакав со тек на време. Криво ми е само што не и дозволиле на мајка ми да ме крсти Ана-Марија, многу ми се допаѓа тоа име, ама ете. Незнам што би направила јас да сум на нејзино место и да ми се мешаат и да ми наредуваат како да го крстам сопственото дете.
Како резултат на тврдоглавоста на мајка ми. Прво предложила да бидам Дора, по мајката на татко ми, а овој не, не избери друго. И си избрала жената нерадо друго име кога татко ми и рекол А сепак Дора да биде? На ова мамичка Е нема сега Дора, ова ќе биде.... Инаку како мала ич не си го сакав името, долго и редовно ми го грешеа/ат. Ама откако дознав шо убо значење има во трајна врска сме си.
На моите им било многу битно името да е македонско и двајцата се договориле кога сум се родила. Кога отишле да им кажат на баба ми и дедо за кое име се одлучиле, дедо ми им рекол дека и тој баш тоа име го сакал за мене. Многу е често, ама си го сакам.
Дали знаете кинезите како добиват своите имиња? Таткото фрла едно тенџере по скалите на долу и што се слушне, тоа ќе е името на детето
Си го сакам името, порано не беше толку често, ама гледам бебињава во последно време стално така ги грштеваат. Иначе по дедо ми сум крстена
па јас си го мразам името ...инаку на галено ме викаат ВИКИ (тоа го сакам) и некој кога ке ме викне по има сум ваква Инаку крстена сум по баба ми.
Да и јас по бабами по нејзина иницијатива,ного ретко име. Мислам дека ретко се срекава и не много убаво Исто како мајка Тереза
Јас моето име го немам добиено по некој од моите туку ме имаат така крстено бидејки братми има доста долго име па затоа мене ми имаат дадно кратко
Додека се мислеле моиве што да изберат, на телевизија почнала песна на која цел рефрен во суштина е само повторување на имево. Многу грда песна искрено..би ја постирала, ама ептен ретко име имам, така да..