Не знаеле како да ме крстат, и земале напишале кумовците со син им на ливче по едно име да влечат. Кумот напишал Сања, кумата Маријана а син им напишал Тамара. И го извлеколе на кумата
Кумата сакала да се викам Касандра ама мајка ми косата ќе и ја очупала. После се решила да ми го даде именцето во консултација со тато
Името ми го дал брат ми .. Инаку биле во игра повеќе имиња , мајка ми сакала да се викам по нејзината сестра што живее во странство па тука била во прашање носталигија изгледа , кумата сакала друго но сепак изгледа брат ми пресекол хахххехех
Мајка ми сакала да се викам Лора, Лина... но татко ми не сакал да ја има буквата л па одлучиле што понуди кумот и така сум го добила името што многу си го сакам
на мама и се допаѓало знаела една девојка со тоа име и мене ми го даде, не е некое често ама не е ни многу ретко онака нормално сите го слушнале
Мама и тато сакале да се викам Сандра. Кумот пак, предложил 3 имиња: Снежана, Емануела и моево и им рекол да изберат. Снежана им се видело многу старовремско, Емануела многу модерно, па го избрале она што сега го имам. Мене лично изборот ми се допаѓа