Јас моето го имам добиено по мојата покојна баба,на татко му мајка му,таа починала кога мојот татко имал само 18 години мош и нешто помлад ,секогаш зборел дека ако првото му биде девојче ќе се вика така,иако чичко ми е постар многу од татко ми сепак јас сум прво девојче
Името ми го даде мајками. Прво сакала да се викам Андријана, но на скратено ќе ме викале Ана. И ме крстила Ана, така било поубаво и плус тоа има и светица што се вика Ана.
Дури мајка ми уште била во болница после породување, одлучиле моите да се викам Лела. И така си сум добила име, кое сум го носела само неколку часа, се‘ додека не си дошле дома и баба ми не кажала дека јас ќе се викам како неа, па така и се викам, по баба ми-на татко ми мајка. Порано не си го сакав името, чудно ми беше зошто не познавав никој друг така што се вика, ама со тек на време ептен си го засакав, специфично е, несекојдневно!
Од мојата фамилија никој не се вика Сара.Мајками така сакала омилено име и било а и од библијата таа Сара што се вика
Името сум го добила по баба ми само затоа што татко ми така сакал. Мајка ми не сакала баш, па дури и баба ми инсистирала да ми дадат некое друго име, помодерно. Но, татко ми инает не сакал да направи отстапка. Воопшто не си го сакам името и никогаш нема ни да го засакам.
Татко ми сакал да се викам Лена. И така мајка ми си се ’вработила’ да го преубеди да ме крстат поинаку. Предлагала Мона, Леа, Ана и уште некои кратки имиња. Но татко ми бил упорен, па си останало Лена, но мајка ми се согласила само под услов да ме викаат Лени. Сите ме знаат повеќе како Лени, отколку Лена
Tatko mi odsekogas go sakal moeto ime,taka da toj bil inicijator za da se vikam kako sto se vikam,sva sreka sto nemal retro vkus za iminja
Требало да се викам мими или тања да одберат моите мегутоа..................................................................... Мајками по самото породување ми го дала името кое е премногу ретко........
Кумот дал три имиња, но баба ми слушнала дека сакал да ме крсти по тогашната му девојка, сега жена. Но, кумов као од скромност го ставил второ името на девојката. Мајка ми го одбрала првото мислејќи, односно надевајќи се дека тоа е правото име, другиве две се бљак посебно на женава името. И така јас си добив преубаво име кое е универзално и кое е име на една светица, за мене многу важна.
По баба ми Елица Ама да не биде Елица,сакале Елена,а дека дедо ми се вика Христо,првата буква од неговото име и ете,Хелена
Кумот дал 2 предлога, то ест на едно име две различни варијации и мајка ми и татко ми си го одбрале подолгото
Епа кумот дал повеќе предлози , за мене фиуу 024839 имиња имало за предлози од кумот дадено, сеуште го чувам ливчето Мајка ми најубаво и било Сара, уште од малечка кога била имала кукла која не се раздвојувала од нејзе и ја викала Сара
.. ......сум се родила како крупно дете и татко ми сакал да ме крстат по баба ми која била крупна и убава жена,ама кумата се спротиставила,тоа време керка и нејзина живеела во една американска држава и така кумата ми го дала името токму од таа држава.....ми се бендисва моето име и ако треба да бирам јас лично пак би се викала така....