Хмм..Па, мајка ми ми има кажувано дека она така сакала да се викам, Сунчица. Малце е тешко за изговарање, ама ај, и онака веќе ме викаат Суни, Сани.. А сестра ми го подновила името на баба ни. Баба ни се вика Нада, а сестра ми Надица. Спојлер И за 3-4 дена ќе сум кума и треба да крштевам едно дете.. Баш сакав да се вика Ивона(омиленко и слаткичко ми е името) Ама родителите сакале Симона.
кума ми сакала да се викам Бисера.. ама кум ми несакал така и рекол Ангела ке се вика и така останало
Кумот сакал Веселинка. А пошо презимето ми е Веселинова ќе Било многу смешно. Баба ми по татко сакала Спасена како неа. На крај татко ми издејствувал кај кумот да се викам Весна.
Спојлер Имав пишано во друга тема ама ќе си кажам и тука Во болница, додека лежела мајка ми, дошло синчето на цимерката нејзина во соба да го види сестричето, но, ме видело мене (дента родена и тогаш прв пат донесена во соба кај мајка ми) и рекло: Леле мамо Наде е многу убаво бебе кога ќе си го земеме дома? Му објасниле дека јас не сум му сестричка ама секое идење прашувало за бебето Наде. Па на мајка ми и татко ми им било глупо да ми дадат друго име (а сакале Габриела), бидејќи веќе сум го добила името - Наде. Иначе ова детенцево кое патем имало 3-4 годинки, додека мајката негова била бремена викало дека сака сестричка и да се вика Наде. Ама свекрва и сакала внуката по нејзе да се вика и точка, не дозволувала да се спомне друго име . Сирото детенце кој знае колку му го скршиле филмот...
Татко ми многу си ја сакал баба му и ветил дека кога ке има свои деца првото ке го крсти на неа.Тој знаел дека се вика Цана одсекогаш ја викале така Баба Цана.Кога се оженил татко ми неа веке ја немало,но збор си е збор ме добил мене и тоа е,ке се вика Цана.Среќа пред да ме запише ја прашал баба ми дали на мајка и правилно име и било Цана,и одговорот бил не правилно се викала Александра. И јас го носам името на прабаба ми Александра,но тато и ден денес ме вика Цанка единствено тој и по него ке го памтам тоа име.
Незнам точно како, но мислеле дека сум машко и сакале да ме крстат Милан, арно ама сум испаднала женско и „н“ го избришале и така моето име си е Мила.
Па мајка ми сакала да се викам Ангела,ама тој ден кога сум се родила било Св.Елена и Св.Константин и по тоа сум го добила името,така да и именден и роденден во ист ден ми е. А сестра ми сега се вика Ангела.
Па мајка ми сакала да ме крсти со поинаква варијација на името, но татко ми се побунил и ми го ставиле името како што рекол татко ми Сега пак мајка ми вика дека не би можела ни да ме смисли со името со кое што прво сакала да се викам. Ептен си го сакам името, само што нешто се почесто станува, иако сеуште е ретко
Една интересна случка ќе споделам со вас. Јас и брат ми сме крстени во некое манастирче близу с.Согле. Мајка ми и татко ми кога отишле, влегле во манастирот и таму имало една голема икона од Св.Богородица.Татко ми кога го прашал кумот кое ќе биде моето име, тој му рекол- мене не ме прашувај, погледни ја иконата, таа ќе ти го каже името.Татко ми се стаписал, кумот потоа рекол -ќе се вика XXXXXXX.
се препирале мајка ми и татко ми како да ме викаат, мајка ми сакала да ме крстат по малку поинаква верзија од моето име,но татко ми се инаетел,ќе било многу долго името,како ќе ме викале нагалено ова она и на крај татко ми го кажал името и мајка ми се сложила,што да прави....а работава била дека ако бебето е женско мајка ми ќе го даде името, а ако е машко-татко ми....но,тој договор не бил испочитуван хаха
Моето име ми го даде татко ми, и кажал на мајка ми дека така сака да се вика ќерка му и таа кога слушнала и се допадна многу и така се сложија и двајцата.
Јас требало да имам њ во името,ама кумовите биле на одмор баш пред да се родам и запознале некоја фина госпоѓа,па по неа го носам името.... Посакувам и јас да ја запознаам...