Јас пак за малку ќе сум имала мн просто старовремско име ,но за среќа по едни роднини од странство им кажале мн убаво име за мене.И до ден денес не сум слушнала некој со исто како моето име, мн е специфично секој неможе да го изговори (затоа професорите не ме замараат мн на училиште незнаат како се викам и си кулирам мала шала ).
Па, кога брат ми се родил му го ставиле името, и после 5 години кога јас сум се родила, ми го ставиле истото име, само на брат ми е во машка форма, моето е во женска Спојлер Ама објасниив
Кумовите дале ливче со 3 имиња и требале родителите да изберат, но едното име им било многу често а другото старовремско па се одлучиле за ова име. Ми се допаѓа името ретко е и спесифично па наставничката по математика неможе да изговоре А другите наставници ретко кој запамти па не ме испрашуват често.
Мојата кума на моите им дала ливче со две имиња на едното било моето име ********* а другото било Јагода и моите демек Јагода е грозно име ( без навреда за сите феминки со ова име , тоа било мислењето на моите родители тогаш ) , претставува овошје и се одлучиле за ова моево сега и сум им благодарна за одлуката оти некако Јагода како име ми е малку старомодно .
па вака кумовите имаат и една ќерка околу 40 години се сега сите тројца дале по едно име и после од сите три го прашале брат ми и тој го избрал моето име мн мн е ретко
Јас сум крстена по мојата покојна прабаба, Милица. Самошто несакале толку долго да биде, па ме крстиле Мила. Никој неможе да ми се обрати на груб начин. Мила, Мило, Милиште, сепак, тоа е Мила.
Кумот дал на моите родители 12 опции од кои една била Марија.Ова име најмногу им се допаднало,па така ме крстиле.Инаку мајка ми и ден денес го чува ливчето.Некои од понудените имиња биле:Миа,Лилјана,Аделина...
На дедо ми сум крсена. Сум имала среќа, за малку ќе ме крстеле Борка. Кога е веќе на Б нека било Барбара, Билјана или нешто слично. Ех, јас да си го избирав името. Ама и ова што го имам не е лошо. Не го има секоја втора, како Марија на пример или Ана.
Супер е тоа што сме именачки И мене истото секогаш ми го велат, тебе никој не може со грубо да ти се обрати Сепак, името Мила само на мила личност, нели?
Многу ми е ретко името,а и во списокот имало подолги поретки имиња.И татко ми бил од работа некаде во странство,и незнам како било ама кога се вратил рекол дека ќе се викам ****** и кумовите одобриле и така Ако сум била машко,ќе сум се викала Марко Затоа многу мене ми се свиѓа имево
За моето име немало дилема - крстена сум по баба ми и дедо ми. Се уште се чудам како се најдоа двајцата со исто име.
По бабами, имам многу ретко и несекојдневно име.. дури на другите му е тешко да ме запаметат. Ама јас си го скратив и си го направив поубаво и позаматливо, вака сите ме паметат..