Брат ми сакал да се викам вака, татко ми сакал да се викам Ребека, а мајка ми сакала да се викам Рахела (по баба ми Рахилка). Брат ми на неговиот роденден (тој е роден на 21, а јас на 20 истиот месец, точно три години разлика) на сите гости им кажал дека си има сестричка и дека се вика така како што се викам а никој не кажал име така, и нормално не можеле моите да се јавуваат и да кажат дека го смениле името затоа и така си останав
Сакале да ме крстат како баба му од татко ми ама името било многу како за стара жена и решиле да ми дадат помодерно име ама слично на тоа од баба му..мајка ми го предложила моето име и таток ми и сите други согласиле за да се викам така и на крај кумата се согласила .. и така
По баба ми. И на татко ми тоа му била најголемата желба, да има женско дете и да се вика како мајка му, бидејќи имал 22 год. кога ја изгубил. И мн. сум горда што го имам нејзиното име
Името не ми е ни од баба ни од прабаба. 3 дена пред крштевката, мајка ми се јавила на кумовите и им кажала како да ме крстат. Имам доста необично и интересно име, но би сакала да остане во тајност (на форумот).
Од дедо ми името, во женска форма. Малку им било што двајца братучеди така се викаат, па ај и јас. Искрено, си го мразам името. Глупаво ми е, нагалено кога некој ве нарекува ми е уште поодвратно. Би сакала да се викам Амелија, Клинди или слично. А моето име го има скоро секоја втора девојка.
Епа едни наши многу блиски пријатели,го предложиле,а на нивната ќерка им бевме кумови на свадба и ете така Им се допаднало,а инаку мајка ми сакала да се викам Ивона,ама не ми оди баш со презимето ,ама и така мислам дека моето е поубаво,може зашто е мое
Па, татко ми сакал да ме крсти по баба ми, но таа не сакала затоа што имаше малку старомодно име и се направила некоја спогодба да биде видоизменето од нејзиното.
По празникот на кој сум родена, само малце изменето. Зашто не им било убаво името баш како празникот.
Де бре,сите по баби,дедовци,тетки... Само јас по Роберт Де Ниро. Не,навистина,сакале да ме крстат Сања,или Драгана,на баба ми..и гледале некој филм со Роберт Де Ниро и ме крстиле Роберта. Ретко име е,и многу спешл се осеќам. Уште па Берта нагалено кога ме викаат,се осеќам како некоја германска аристократка. Уште па мајка ми се вика Велика,па во дневникот во школо сум Велика Роберта. Препич OVERLOAD
По желба на татко ми Нема врска со никого во семејството, онака уникатно и убаво. И мило ми е што не ме крстиле по некој друг, мене тоа глупаво ми е. Секој си е своја посебна личност, нема потреба да се вика според баби, дедовци...
Мене ме κρстиле исто κаκо баба ми . Па моρале ли баш исто до буκва, па има неκолκу ваρијанти на моето име, па можеле слично баρем . Ја κога ќе бидам баба, не давам да се κρсти детето по мене . А не κаκо баба ми, баш и одговаρало да се виκам κаκо неа, дуρи и она си ρеκла деκа е супеρ идеа! Оф моρи мајκо, ама ај не е ни лошо .