Мајка ми додека лежела во болница кога се пораѓала, се запознала со некоја жена што имала ќерка со моето име и многу и се засвиѓало, ама ипак сакале кумовите да ме крстат и воопшто на нив не им го спомнала името.. и коа кумовите го дале ливчето со пет имиња тоа било прво. И одма за тоа се решило.. Иако според мене сите 4 други биле милион пати поубави..
По мојата покојна баба Крстана,татко ми сакал ем да го носам нејзиното име,ем модерно и така си го добив името Кристина
Мојата е чудна приказна хаххаа тетката на татко ми која што сеа е одамна почината.Таа го преживеала катастрофалниот земјотрес во Скопје и поради тоа за спомен нејзин да се памти како херој во нашава фамилија,и нон стоп да се споменува ме крстиле на неа.
Крстена сум по баба ми само со мала промена во името (добро е што им текнало да го променат барем малце).
Мајка ми и баба ми се скарале за моето име. Баба ми се вика Трајанка и демек по неа да бидам, ама ајде Татјана, да не биде ептен старомодно, а мајка ми сакала Тања (иако секоја Татјана скратено ја викаат Тања), не можеле да се погодат никако, па кога дошла кумата и рекла ќе се вика Моника (бидејќи идол и била Моника Селеш).
По баба ми (Сега покојна) затоа што сум прво женско во фамилија, и најмногу го сакала имево, и да и ја исполнат желбата