Мајка ми уште кога дознала дека ќе има ќерка, знаела како да ме крсти кога ќе се родам. Малку негодувале со татко ми кој имал желба за друго име, ама мило ми е што ме крстиле по желба на мама
За мене кумот дал листа од неколку имиња и го одбрале моето име, а иначе многу си го сакам. Деминутив од Марија, мајка Богородица
Na majka mi omileno i bilo Marija uste od koga bila dete, isto i na kumovite, baba mi se vikala Marija i rodena sum eden den pred mala Bogorodica
епа моите се испокарале како ќе се викам сите сакале различно и на крај ме крстиле како некоја моја братучетка бајаги постара од мене и се јас и она имаме исто име и презиме лол
Баш ќе ја прашам мајка ми утре од каде им дошло на памет тоа име Ептен е ретко и не си го сакам многу А да сум била машко ќе ме крстеле Милко па баш ми е драго што не сум
ова ми се допадна! Фросина беше првиот филм и мн ми се допаѓа што го носиш тоа име. Јас мн го ценам културното богатство на Македонија па и на секоја др земја(освен една се разбира,можеби знаете која е) и кога се има таква прилика зошто да не се испочитува! Моето име ми го дала кумата,зашто за брат ми мајка ми си сакала име па за мене оставиле на кумовите да не ги навредат нели, па кумата го дала името што татко ми потајно си го сакал за мене! Али кога сум се родила роднините ме викале со имиња што тие си ги сакале смешки било!
Јас требало да сум машко и требало Филип да се викам, арно ама сум се родила женско и мама сакала Марија по мајка и, а тото сакал Лефтерија по баба му, ама да не се караат оти сум родена на празник и ја носам првата буква од празникот, оти нема зенска верзија , па име да е какво такво секое си има своја убавина
Мајка ми била 6 месец во бременоста кога имале свадба. Играле оро, се свирела „Елено, ќерко Елено“ и овој кумот ко краен мајмун, дрво пијан, паднал на сред оро и рекол: -Детето ќе се вика Елена или јас не сум кум! И така.
Јас кога сум се родила,баба ми луда жена запнала да се викам ко нејзе...Она Цвета,јас сум требала да се викам Цветанка.Е среќа мајка ми направила бунт дома (во спротивно ке требаше или да го мењам името или да се замоубијам ) и кумата одлучила да се викам ко нејзината сестра Лидија.Ако знаат често да ме реметат Ја знаеш Лидија? Качи се на тиииттт па види ја Името си го обожавам.
Интересна случка Јас сум родена на Божиќ. Моите не сакале да се викам Божана, ниту Христина, па одлучиле да го носам името на Богородица. А и го има насекаде по светот. Светско име
По дедо ми од на мајка ми страна А сум требала Ратка по баба ми од на татко ми страна Сама ќе се прекрстев ако се викам Ратка
pa..vaka imeto sum go dobila po starata makednoska pesna "Eleno kjerko Eleno" Koa sum se rodila...vecerta tatko mi celo vreme ja peel pesnata i taka odlucilce za imeto ELENA
Hahaha me iznasmea Jas trebalo da se vikam Ana Marija zosto sum rodena den posle praznikot Sv. Marija mislam. Mi se sviga mene imevo ne e loso. Arno ama moive koj gi znae sto im bilo me krstile Angela. Ne deka se zalam ubavo mi e imeto haha ali nekoi mnogu arogantno go izgovaraat taka sto ima momenti zaradi toa da posakam da ne sum se rodila haha
Od bracedot ! A sakale da me krstat Blagovesna............... UF, sreka mama moderna zena e ......inace ke si ja nosev Balgovesna......do kraja zivota.....
Девојко ми застана здивот кога го прочитав ова лелееее уште треперам и неможам да се соземам. И на мајками на сон и се појавил свети Димитар пред да се роди брат ми и мајками многу време неможела да има деца и брат ми се вика Димитар затоа што свети Димитар кажал така. Мене кумата ме крстила Росана по тогаш популарната пеачка Росана
Аааа моето име има си сторија и мило ми е што има ваква тема... Кога сум се родила кумовите сакале да ме крстат Фросина, и јас сум била Фросина но кога се собрале тато и другарите и се начукале и почнале да му викат на тато абре како ке ја крстеш Фросина, сите ке ја викат Фроса - како таа некоја многу била улава во нивно маало хаха И го предомислиле и сакал да ме крсти Марија, по баба ама срека што и мама има слично име па ништо не излегло. Мама сакала Рената, по првата буква на баба тета сакала по празникот замислите Димитрина еден братучед сакал Ана и на крај тато рекол да не се лутат кумовите да ја крстеме по малата кума Елисавета, и мама му рекла не Елисавета нека биде Ели за да биде кратко и да не и го кратат ееее цела приказна за едно толку мало именце.... Си го сакам