Мајка ми ме крстила според маркетот кај што пазарела трудна за инат на баба ми, дека сакала по неа да се викам Ратка.
По една славна личност На мајка ми и се допаѓала многу моќноста на таа жена и општо како убаво и силно звучело името
Имало повеќе имиња, мислам дека 5 за избор и моите го избрале моево име, кое од останатите предложени, најмногу ми се свиѓа.
Повеќе биле и сите биле напишани како ждрепка. Едно од нив го изгубил таткоми и во меѓу време бабами дошла, и таткоми го нашол то шо го изгубил и баш бабами влечела и го избрала то шо се загубило претходно.
Желба на чичко ми, требало друго име но во последен момент чичко ми изразил желба така да се викам и моите родители се согласиле .
Кумот дал две имиња, а мајка ми била решена за другото, ама кога ме видела во болница сум и заличела дека треба да ме крсти вака како што сум, односно првото име.
Моите се договориле, ако бидам девојче (што сум) ќе ми дадат име на првата буква на името на татко ми, ако сум била момче на првата буква на името на мајка ми... и така... Инаку многу си го сакам името. За моите две ќерки, за првата јас го избрав, а за втората и дадов задача на поголемата да и смисли име на помалата како сака таа така и е...
Моите родители го избрале името уште кога била бремена мајка ми со брат ми, ама бидејќи им се родил син, моето име останало на чекање цели 5 години, и сеуште ме чекало, и ме дочекало
Од кумата моја знаела какво име да ми даде не дека се фалам ама навистина имам многу убаво и ретко име