Кумот друго име сакал да ми даде, ама мајка ми си имала замислено уште одамна друго име, па кумот го прифатил И така името ми е на предлог на мајка ми и многу си го сакам најубаво ми е
тетка ми (сестра на мајка ми) пред моето раѓање отишла во лос анџелес сум се родила и незнаеле кумовците како да ме крстат и и текнало на мојата мајка по тетка ми да се викам и ете ти го ТАМАРА.. многу ми се допаѓа моето име а тетка ми јас ја запознав на 8 ипол години.. значи таа во лос анџелес била 8 ипол години
јас си го мразам моето име сум го добила по сестрата на мојата кума,таа е од шведсак и не се гледаат често па сакала нешто да ја потсеќа на сестра и а сега мене ми е машко името и сите мислата дека сум некое машко
Името сум го добила по брат ми.. Како помал многу ја пеел песната ( Анѓела душо Анѓела срце каде замина во пелени ) не го знам насловот на песната но ете еден стих и рекол ако е машко Александар а ако е женско Анѓела а кумот си дал некој список Петра,Петранка,Пепита,Анѓелина и некои други имиња но потоа се согласил со брат ми ај мал бил
moeto ime go znaele uste ko doznale deka majkami e trudna zs dedomi bil bolen i na nego go nosam imeto i se gordeam a vaka za iminjata za sestrami sakav da se vika fubalka zs togas i den denes ja imam igrackata koja se vika fubal arno so ne me poslusale hahha
Па не знам ...Ваљда мојот кум сакла ружи па ме крстил РозА ама сеа сите ме викаат или Роз или Розе Важно никако Роза ! За брането е
Па на кумот му се родила некоја внука во странство и ја крстиле Катерина,а кај нас во околината немало уште и прва сум била. Убаво ми е името,ама за жал никој не ме вика по целосното име,сите накратко...
По баба ми, татко ми така сакал. Не си го сакав до толку како мала, но сега не ми пречи воопшто. Мое си е и си го сакам.
Мене моето име си ми го дал кумот , нормално со согласнот на моите. Сега ќе ви кажам како го добила името мојата баба. Еден ден кога се родила баба ми , била 4 то дете.Дека била женско , нејзините не ја сакале и решиле да ја остават под кревет (не знам што си мислеле) . Нејзината прабаба кога дознала за тоа страшно се изнервирала и ја земала одма од под кревет, а нејзините ги направила РЕЗИЛ(во вистинска смисла на зборот.) авал да и е за ова истото ќе го направев.Така нејзината прабаба многу се поврзала со бебето и речиси цело време била со него , од страв пак да не го остават и речиси го израснала.Дури и еден ден кога и текнало дека треба да му даде име така заедно со бебето излегла во дворот од куќата и ја здогледала старата кума кај што врви со стомните полни со вода од чешма. И и текнало да ја праша за име. Таа и рекла дека не и текнува, но потоа се сетила дека има една братучеда во Бугарија која што била многу убава и рекла да ја крстат по неа. И и предложила на баба е на баба да ја крстат како таа во Бугарија. И така баба ми си го добила тоа име.
Кога мајка ми била бремена многу се разнежнила во тој период,и цело време си го галела мешето и ми викала “мило бебе мое“на татко ми му викала“многу ќе биде мило нашето бебе“и се така...па кога сум се родила,ме крстила така да повторно и бидам мила и нежна како и во бременоста... п.с си го сакам името мило ми е и нежно!!!!
кога сум се родила мојот кум починал па немало кој да ми даде име и затоа татко ми го дал името и во последен момент кума ми станала на дедо ми сестра и не си го сакам името ама ич и се му префрлувам на таткоми
хехе сакале да ме крстат ангела ама по иницијатива на мама ме крстиле александра (и по таткоми александар). иначе на мама и е омилено име александра