мајками и кумот влечеле иминја од еден сад кумот извлекол едно име и мајками друго име и така сеа јас имам две иминја и премногу си го сакам зашо у цела македонија само јас имам такво име
Кумот предлагал некои глупи имиња, а мајка ми тие што ги сакала биле баш убави. Особено едно од нив, ах колку би сакала да се викав така. Ама татко ми отишол и ме пријавил под името што тој највеќе си го сакал и ете-денес имам име кое тогаш било во мода, ама мене не ме импресионира многу. Онака, просечно е, а не е македонско, од оние изворните.
Епа вака: името сум го добила поради желбата на моите родители и на мојот кум.Мајка ми сакала кратко име па затоа кратко и јасно : Ане , а кумот имал желба да биде Ане, а не Ана Иначе моето име значи некој што се моли ( prayer ) .
Името ми е некоја помодерна верзија од името на баба ми. Инаку, кумовите немале баш некоја улога, мајка ми одлучила.
Кога сум се родила мајка ми сакала да имам некое кратко име за да не се крати. Ама и кумот имал некои предлози: Ема, Дејана, Роберта, Ана, Ангела, Драгана и уште неколку, не се сеќавам кои беа.. Мајка ми и татко ми се мислеле кое меѓу Ангела и Дејана, зошто тоа на татко ми многу му се свиѓало зашто чичко ми се викал Дејан, и одлучиле Ангела и па некако нагалено ме викаат Си го сакам името, ама многу повеќе ми се допаѓа Ема отколку моето, ама тоа е.. А како малечка ич не си го сакав името и сакав да се викам Драгана
Па кога сум се родила кумо оставил на мојте да одлучат како ке се викам , оти они највеке ке викале по мене .....ама арно имало еден голем спор, бабами запнала да се викам по неа, Лепа да се подновило нејзиното име ама секако тоа е не било во никој случај прифатливо ... јасно е нели ..... Па таткоми сакал да ме крстат по некоја негова некогашна љубовница оти мн се грижила за него , ногу била убава и паметна инаку србинка мислам и така со дозвола на мајками секако ме крстиле такако како што се викам ...... А бабами некела ни да ме виде одкако не ме крстиле по нејзино , дома војни е имало не е зборила со мојте 3месеци. ........ И така инаку сега многу си го сакам мојто име (српско е мислам ) и сум многу срекна што не ме крстиле по бабами оти сега би се прекрстила
Јас името сум го добила името според баба ми која починала кога мајка ми имала 16 години ... Се викала Лена а според тоа мене ме крстиле Елена
Како се викаш??Може да ни кажеш??Мн сум љубопитна бидејќи велиш дека само ти имаш такво име во Македонија..
Јас пола од татко ми МАРјан и пола од мајка ми валенТИНА. МАРТИНА . и тоа го забележале дури откако ме крстиле мартина
Влечеле ждрепка! Мајка ми била заљубена во едно име, татко ми во друго, сосем неповрзани со баби, чисти идеи на кумот Испаднала желбата на мајка ми, па татко ми од лутина следните три месеци ме викал само БЕБЕ Додуше и ден денес не ме вика по има само се разбира не ме вика “бебе“
Мене татко ми уште некад ме вика бебе или бебушот и интересно ми е порано се нервирав ама сега ми е ок.
Моето име мајка ми го одбрала. Татко ми не знаел некои посебни женски имиња а му се допаѓало Наталија. И се мислеле меѓу Наталија, Магдалена и моето име, и сепак моето го избрале. Не си го сакам претерано многу, затоа што е премногу долго, и секогаш ми го кратат и прават разни варијанти од него и додека да го напишам со се име и презиме, три дена ми треба, и демек не било многу често ова име, ама во генерација во основно имав уште две девојчиња со исто име. А на мајка ми еден ден пред да ме крстат и текнало на името Софија, ама сепак не ме крстиле така. Инаку на грчки моето име значи Воскресија.
Јас моето име сум го добила од нашата куќна слава Свети..??? Епа ај кој ќе погоди како се викам, добива частење од мене Најсериозно...
хахаха не ми се верува дека погодив За частење уживај ако некогаш се сретнеме тогаш.А и онака ова само за забава си го мачев мозочево