1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како треба да изгледаат жените за да не бидат етикетирани како лесни?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 30 декември 2011.

  1. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Девојки што мислите...Како треба да изгледа една женска за да не биде етикетирана како лесна од страна на машкиот род? (Се мисли и на физички изглед и на нејзиното однесување )

    И самите ние знаеме дека првиот впечаток е многу битен и за многумина основа врз која ги градат понатамошните впечатоците за таа одредена личност. :) Скоро секогаш првиот печаток е оној кој произлегува од физичкиот изглед.Некогаш добар,некогаш лош...но тоа е само прв впечаток кој во многубројни ситуации знае и да излаже.

    Поврзаноста на темата т,е насловот со првиот впечаток е всушност како размислуваат машките за девојки кои се облекуваат попровокативно за излегување,а всушност нивниот карактер не е ни прилично сличен со облеката која ја етикетираат и самата девојка како лесна.Значи тие момци ја запознаваат таа девојка,која во нивните очи изгледа како лесна...Излегуваат на втор состанок,меѓутоа сега девојката е скормно облечена и знае да сврзе добар муабет. Дали машките го променуваат своето мислење за таква девојка?

    Дали е грешно кога на таков начин се заведуваат такви момци (кои најверојатно не се со сериозни намери,бидејќи одбрале девојка која е етикетирана како лесна) или пак самите тие можат да се прилагодуваат според наредните впечатоци кои ја покажуваат како друга,скромна личност? :)

    Не знам дали ме сфативте што поточно сакам да доловам со темата ,но во воведот има и прашање и подпрашање.Значи прашањето е "Како треба да изгледа една женска за да не биде етикетирана како лесна од страна на машкиот род?"-(значи општо во сите ситуации) и подпрашањето е конкретно за горенаведената ситуација кога девојка е провоцирачки облечена,а нејзиниот карактер е сосема спротивен од тоа. :wasntme:
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    [​IMG] :)
     
    На verica94, bella.honey, fatbeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Според мене за секое машко е различно тоа. Ете за мене лесна на прв поглед е некоја многу нападно нашминкана и провокативно облечена за да привлече внимание. Ако оди на прв состанок треба пристојно да е облечена без деколтиња по можност за да не остави погрешен впечаток и глупаво е да се размислува за ова зошто сепак не мора да значи дека ако е провокативно облечена е лесна ниту пак ако е добро облечена е некоја тешка за освојување :) :) :)
     
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Абе од моја гледна точка за да се етикетира една женска како лесна, си треба и да не кажам “видливи“ докази, у стил на понашање нејзино (една вечер со друг, друга со трет итн.) Тука више се става онаа етикета на лесна женска.

    Додека облека ко облека и не го прави човека.
    Имам другарка која ко курвиче се облака, ама типично ... Ама ни К од Курвиче нема од неа. Си има свој карактер, став, понашање, и долга врска до неа...

    Ама сепак околу темава ни треба машко мислење. Мислам дека сите машки комај за една таква типка би помислиле дека е лесна иако напротив уопште да не е таква типката ...

    Сепак за жал можеби и да е проблем до стереотипните гледишта.
     
    На Decibel, Nymeria и si.exs им се допаѓа ова.
  5. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    pupi.girl
    Зборувам првото запознавање да е во кафич,дискотека. :)
    А вториот да е нормален состанок. ... :wasntme:
    Иначе можеби е глупаво да се размислува за ова,но целиот мој живот претежно за излегувања се облекувам провокативно,а мувачите и дечковците не можат да ми се избројат на една рака. Сакам да кажам не значи тоа што се облекувам провокативно дека ме смувал цел град,баш напротив си имам гордост и достоинство . А не се облекувам провокативно т.е. секси ,само за да привлекувам внимание ,туку едноставно така и се чувствувам најдобро во своја кожа...Всушност единствено за викенд се облекувам така,а за за на fax или преку ден сум скромничко облечена. :D
    Муабетот ми е ...дека многу пати се подзамислувам ,дека можеби тоа мое провокативно облекување е магнет на мажи кои не сакаат сериозни врски. :)
     
    На Decibel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Па ко шо реков, игра улога и стереотипното глеање. Не сум машко, ама мислам дека они така размислуваат, дека доколку си провокативно облечена на послужовник си им достапна и дека си само за една две три вечери и толку...

    Ни ја не им ја сфаќам таа филозофија, и па ке речам ни треба овде здраво машко мислење!
     
    На sweet25 и si.exs им се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Јас може имам различно гледиште на ова, ама јас воопшто не ги сметам за лесни оние кои сакаат да си се облечат „провокативно“ а ла Српски и Бугарски турбо-фолк певаљки. Сепак, тоа до некој степен и не е нивна вина, самиот шунд си има огромно влијание и дава погрешна претстава за епитетот „секси“ кој девојките се трудат да го постигнат преку тој, за нас т.н. ефтин изглед.
    А тоа воопшто не ми гарантира дека истата е лесна. Со погрешна перцепција за стил да, со издигнато мислење за себе у стилу „зла барбика“ да. Може неприфатлива за нас, но не може да се етикетира и како лесна, бидејќи лично знам 2 девојчиња што за жал израснале во таква средина и немаат сенс за она што ние го викаме мода и пристојно, а сепак се одлично воспитани, а едната од нив и никогаш немала дечко.
    Познавам и од оние „стилски облечени“ мадмуазели кои пак иако изгледаат ко од кралското семејство да се излезени, си го имаат она курвинското во себе и ништо не ги спасува.
    Затоа, облека - не!
    За однесувањето веќе се знае како се однесува лесна женска и не би да раздлабочувам.
    Туку на денешно време и не мора да си лесна за да бидеш прогласена за таква, доволно е само некому да си трн во око за да рашири такви приказни, па после ти крсти се од кај изникнало тоа.
     
    На Animali, Miss.M5, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    За да не биде третирана како лесна, женската треба да биде троа потешка, негде 20-30 кг плус 8)
     
    На S.kiki и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Секоја девојка што едно машко неможе да ја има, ќе добие етикета - лесна женска.
    Машка работа, да си го ублажи поразот :)
     
    На Srckata28, Dashing:), Animali и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Абе стереотипно ни е општеството,воопшто.Не само Македонија ко посебна творенка.
    Не знам што очекуваш да мислат ако се облекуваш провокативно?! Ваљда не дека одиш у читална.

    Јас не разбирам стварно. Зошто провоцираш,ако немаш цел?! Немаш самодоверба или како?!
    И се додека не ти бидат во согласност достоинството и гордоста со физичката појава, не очекувај целосно почитување,а до тогаш ќе ти се лепат само битанги.
     
    На srcekrsacka, mims-89, Antonija123 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Па според мене сите фактори кои се набројани во воведот на темава влијаат за вкупниот впечаток,но исто така има и еден друг многу значаен фактор кој може само да се ублажи,но не и да се искорени,а тоа е самата фигура на девојката и самиот нејзин изглед и лицето.Значи има некои девојки што немора да значи дека се тоа,но едноставно кога ке ги погледнеш,без разлика на нивната облека самата нивна физиономија ви испраќа сигнали на лесна девојка т.е на непримерна девојка,иако можеби таа кога би ја запознал би воочил дека нема врска првиот впечаток со нејзиниот карактер.Но јбг,сите луѓе со самиот поглед кон некој си создаваат определени предрасуди,без разлика што некои негираат дека имаат предрасуди за луѓето,тие само се убедуваат во она што не е вистина.Така да,мој одговор на темава е дека да се биде умерена е најбоље,ако се биде премногу разголена,ке биде лесна,ако биде премногу затворена,тогаш ке биде калуѓерка,женските знаат да бидат секси и провокативни дури и кога не се разголени,притоа нема да бидат етикетирани како лесни,а ќе бидат привлечни.That's it :D
     
    На Antonija123 и si.exs им се допаѓа ова.
  12. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Точно! Кога машко неможе да фати некоја женска веднаш ја етикетира како лесна, а уствари не ја фатил затоа што таа е баш спротивно од тоа. :) Ние сме такви луѓе, во такво општество живееме, од празни муабети неможеш да избегаш никако. Каква сакаш биди, секогаш ќе се најде некој без работа за да зборува каква си и што си. На пример ако некој дечко ти се пушта и тоа го види неговата бивша, за инает може да каже дека си лесна иако никогаш претходно те немала видено! Ако се облекуваш премногу провокативно- лесна си, ку*ва си, ако облечеш ролка и фармерки- незнаеш да се облекуваш, грда си... Ако премногу зборуваш- нападна си, ако молчиш и си повлечена- глупава и досадна си! Секогаш постои исклучок, ама во 90% случаи е така. Според мене, немора девојка да излезе полу гола за да биде убава и секси, или деколте и долу нешто што ќе ги покрие нозете или кратка сукњичка, шорц и сл. ама горе нешто позатворено. Во секој случај, секој со својот стил... Во врска со однесувањето, да не е премногу повлечена и само да гледа и да се смешка, но и да не е премногу нападна, барем не на прв состанок. Умерено...

    Не се замарај кој што мисли. Биди тоа што си! Втор состанок- ако некој излегол само затоа што мислел дека си лесна, ќе си се покаже- мани тоа, не ти треба. А можеби пак некој и ќе си го промени мислењето и ќе види каква си всушност. Во секој случај облеката не го прави човекот. Каква и да си, ќе се најде некој што ќе сака подобро да те запознае, ќе знае да ги цени твоите квалитети и ќе те прифати таква каква што си! :)
     
    На srcekrsacka и si.exs им се допаѓа ова.
  13. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Еве машко мислење на темава...

    Да се надоврзам на Даниела - Не е точно дека ако машкото не ја фати ќе кажува дека е лесна...тоа се тинејџерски муабети кои што стварно не држат вода ако ме прашаш мене...Ако машкото има малце у мозокот, нема да каже такво нешто, а пак ако стварно каже такво нешо - значи топ за тебе што не си се фатила со таков идиот...

    Конкретно на темава и на прашањето на si.exs..
    Ќе кажувам од моја гледна точка и од моја перспектива....

    -Облеката не е мерило!!! Девојката може да се облекува провокативно, но тоа не значи дека е лесна. Понашањето е тука у прашање. Според понашањето девојката се етикира како лесна или не. Јас познавам многу девојки кои што се облекуваат провокативно, но имаат здраво и цврсто јас, интелигентни, паметни и воопшто не лесни девојки.
    - Второ: Превише шминка може да етикира девојка, бидејќи едноставно не изгледа убаво и обично дава погрешна слика. Убава девојка нема потреба од многу шминка, зашто ние машките уствари и несакаме многу шминка...Девојката ни е многу поубава кога е природна од колку нашминкана ;)

    -Еве јас лично преферирам девојки кои што се облекуваат попровокативно. Зашто? - Затоа што влегуваат во око и сакал/неќел таму ќе ми гледа окото повеќе од колку на друга страна, едноставно тоа ти е инстинкт...А ако на мене ми гледа, значи и на 99% од машките кои што се на тоа место таму ќе им гледа окото. Е сега има премногу идиоти за кои што провокативно облакање значи лесна девојка, а таквите се помногубројни за разлика од дечките кои што знаат да размислат малце подобро. Па и јас пред да излезам гледам да облечам нешто добро за да остаам некаков впечаток ако ништо друго...

    Значи како што кажав, ме привлекува провокативноста и тоа е факт, ние машките се владееме според изглед, не е тајна....И врз база на таа провокативност ќе и пријдам....Е сега од кога веќе ќе се започне разговорот гледам девојката дали е лесна или не, дали ми одговара карактерно или не, бидејќи тоа е воз во два правци, не е сеа ајде дечко импресионирај ме а јас ќе ја клатам главата и ќе се праам дека не ме интересира нишо....Ако е интелигентна девојката, ќе знае да сврзе два реда муабет, да се запознае и едноставно да не дозволи да изумре разговорот.....Ако пак ти како девојка приметиш дека дечкото напиња за секс за една вечер а не сака да те запознае како што треба и незнае да ти напраи 15 минути муабет, па шо ќе ти е таков "фраер"? Знај дека има така речено фраери кои што знаат да ти напраат муабет и да те ценат како девојка ;)

    Во заклучок - облеката не е важна, туку начинот на однесување, облакај се ти провокативно, а според начинот на кој што ти приоѓаат машките ќе знаеш и ќе приметиш дали дечкото ќе вреди да се запознаете и да си напраиш муабет со него или не....Зашто идиотите имаат еден начин на запознавање, т.е. идиотски и со фори од филмови кои што мислат дека функционираат, додека примерни дечковци ќе те шармираат со муабет ;)

    Конкретно за второто прашање - искрено ако дечкото вреди, не мислам дека има некоја задна намера за тоа дека ќе те плесне одма...Неаме ние задача - аха еве оваа идам и ја носам сеа у стан и ја дупам најдобро до сеа , I'm gonna rock her world.......зашо уствари кога приоѓам, јас приоѓам бидејќи сум шармиран од изгледот на девојката и не размислувам аха оваа е за долга врска, оваа е за една вечер, туку едноставно сакам да ја запознаам девојкава и тоа е тоа, сакам да ја запознаам да видам едноставно каква девојка е карактерно....Дечкото го формира своето мислење за девојката од кога ќе ја запознае и ќе почнат муабет...(Зборам за дечко што вреди, а не некој идиот што незнае да ти напраи муабет)...Евентуално ако не праите многу муабет на запознавањето, вториот состанок е местото каде што дечкото ќе има претстава за тоа каква е девојката......Обично кога ќе се запознаам со девојка испод 15 минути разговор не се извинувам да си одам и да се вратам кај моето друштво...15 минути се сосема доволни за еден нормален интересен разговор и да и побараш број за да излезете утредента...
     
    На Angelllla, Pembe, marina.v. и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Мистери,ова обрнуто испаѓа причата со небрусениот дијамант,а?!
    Иди бре бегај.Ќе ја забележиш и ?! Прво нешо шо ќе ти текне е ,леле колку е паметна еј! Тој прслук на таа облека јако паше брат! А и цицкава,више замишљам како правам бррр у неа!

    Која цел постигнува со провокативната облека?! Сериозно,еве не сфаќам.
    А чекај сеа,формира мислење откако ќе напраат муабет.Хммм...те молам објасни ми како ќе направат муабет коа цело време цицките у очи ќе му брцаат?! Дин ги лин ги,брц,брц! Длабочина на корпа,можеби?!

    Вакви детски,незрели муабети,не разбирам,сериозно.
    Женска може да биде провокативна и коа е закопчана до врат според начинот на однесување (а вие викате,не е важно како е облечена,важно е однесувањето нели?! Ондак ако е однесувањето важно,шо по ѓаволите се соблака?),ако мажот има бујна фантазија и ако не го засега нога,кук и цицка само. Што значи,се доведуваме на крајот...мажите се у питање! Ако сака некои површни запаленковци,ондак нека фура,ако сака сериозен и зрел тип,кој ќе ја разбере така, треба да се собере малку ( и не по тоа домаќинското,па и бурка чак,ама ова провокативно,јас го замишљам со корсет со тигрест дезен и деколте длабоко или фстани до под гз). И тоа провокативноста е чист невкус и кичерај да ми опростите. Мислам вика,не се мувам,на рака ми се бројат,ама се облакам а ла планета,па што мрзнеш за џабе бе девојче или ќејф е да броиш куродрвки кај млади,запалени бабуни у тек на една ноќ?!

    Тука сите,биди си каква што си си,а на модни критики,ааау прекусо ова,на темине,јас кусо не носам,јас фина сум. Иди бре,лицемерие...

    Дајте друго дете,Мистери не го сметам за релевантен заради објективни причини! :D Да не речете немам деколте,имам,ама го кријам заради пристојност,затоа мажите ме ценат! :D
     
    На Animali, B.Waldorf, Sanela94 и 20 други им се допаѓа ова.
  15. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Лилит се согласувам со тебе апсолутно по однос на облеката. И јас сметам дека мажите не сакаат кога нешто им е ,,сервирано,, туку сакаат да истражуваат. Кога цицките се извадени тогаш не мора да значи дека девојката е лесна но значи дека маѓите веќе виделе се. А тие сакаат да истражат што навистина се случува под маиченцето. Можеби е вкусно малку да е отворено тогаш веќе имаат цел пред себе.Што има внатре?
     
  16. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Па ја ко што знам да си етикетирана ко лесна женска треба да си резидент јавач на скутови во одредено кафуле,да работиш пред или позади МТВ или дома твојот здив да го користат ко инсектицид. Можеш да бидеш етикетирана како лесна женска,со оној похардкор термин,ако си цицлеста,газлеста фуфа што носи допи*њаци,танги и остали арсенал,а сепак се чешкаш строго со твојот момак. Во тие моменти,етикетата лесна женска е ставена од очај пошто си ги прелажала со твојот изглед,а ипак не си поиграла со менувачот.
     
  17. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Зашо бе да не сум релевантен? :fubar: ААААААААААААААА ќе речеш Мистери ај на шетња, е ќе речам НА СЕА, сама шетај 8) ...Абе јас си признав дека ме привлекуваат провокативни девојки...Си кажав и погоре....И потенцирав дека ние машките се владееме според надворешниот изглед.....А ако дечкото незнае да го цени нејзиниот карактер после запознавање, тогаш кажи ми кој е глупиот? Он шо незнае да ја процени вредноста на девојката и се што гледа е цицга и гз, или девојката што и покрај тоа останала со него? :!:

    БабаДара - мажите сакаат да истражуваат? хммм па и не би рекол баш... :?: Ова демек се враќаме на она - мажите сакаат предизвик? Или јас сум остарел и веќе не ми се интересни игри или ниту вие не разбирате како функционираме, а ниту пак ние вас :rofl:
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Не,туку уште патиш од пубертетлиска желба и страС, само сега користиш ситуација што и ти и девојките.Доволно си возрасен,а и они за да добиеш сега и одма. У превод,сеуште не си научил да ја цениш доволно содржината или едноставно,те привлекуваат кафански типови на жени. Трето нема...
    Паметен маж ќе го привлече и женска со џемпер до врат...зошто самиот тој има содржина,однос и критериум,пред се префинет,а не фолкерски.
     
    На srcekrsacka, Antonija123 и sweet25 им се допаѓа ова.
  19. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Како треба да изгледа женска,без да ја етикетираат како лесн

    Одамна го поминав пубертетот ;) .... ама ова ми изгледа како вака е, како што кажувам јас, во спротивно не те привлекуваат КВАЛИТЕТНИ ДЕВОЈКИ.....Па мислам дека до толку барем ме познаваш, за да знаеш какви девојки ме привлекуваат....Јас си кажувам од моја гледна точка..А прашај машко која му е попривлечна на прв поглед ќе ти каже дека е таа што се облака провокативно...Се работи за инстинкт бе Лилит, ;) :* Ај среќна нова година и повеќе вакви дебати во неа :) :*
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Малку касно да ви се убацам у муабет :)

    Лесна женска е типка за која се знае по име и презиме дека без некои јасен критерум лесно скока од кревет во кревет и последните месеци да речеме сменила 55 сексуални партнера :D. Може и во ролка да искача ќе биде „лесна“ зашто нема критерум со кого и кога легнува. Таква колку и да е згодна нема да ја бркам :)

    За другите кои се облакаат провокативно едино ми е важно да ми се свиѓа и да има нешто во глава (по можност многу :D ) таква ќе ја бркам макар и носела минич до пич и имала длабоко деколте сите да ја зјапаат :) Ова сѐ под услов кога ќе ја запознаам да има и интелигенција, инаку отпаѓа од конкуренција за врска.

    Чим видам женска не сакам да погодувам и да земам мачка во вреќа, сакам одма да знам што ми се нуди и прво гледам цицка, фаца, коса, тело, раменици, што повеќе знам одма толку подобро. Идиотски би било да излеземе неколку пати, девојката да се занесе за јас тогаш да откријам дека има тело кое мене не ми е по ќеиф :D. За разлика од Мистери сакам шминкани девојки, само треба да има убаво лице за кога ќе ја видам без шминка да не и речам извини зафатен сум, чао пријатно :D . Ако има лице што ми се свиѓа и појака шминка (но со стил нашминкана) мене ми е супер.

    Чим изгледот поминал доаѓаат интелектот и карактерот на тапет и ако и тие поминат имаме кандидатка за врска :D.

    И бајаги „лесно“ да се облака не ми смета ако знам дека не скока од кол на кол и ако не инсистира така да се облака и ако сме во врска. Не секоја има осет за облека и посебно ако е растена во „пониска“ средина може малку да забегува со стилот ама ако ме слуша брзо ќе стане дама :D. Не ми смета да се носи и понатаму малку провокативно (нека ја гледаат машки, нека им е криво, ќе ми дига его :D) ама исто облакање како сингл не е можно, нема да дозволам, така да одредена корекција во облакањето секако ќе има. И јас да излезам гол до појас во кафич и она ќе писне :lol:.

    Женски што ми мавнале корпа (за среќа се малку :D) не ми паѓа на памет да ги зборам дека се лесни, колку идиотски е тоа, у стил кисело ми е грозјето па сеа ќе ја зборам. Чим сум ја бркал за врска значи супер ми била со сѐ сите мани и доблести кои ги имала.

    Нека се облака како сака и ако се понаша коректно и има интелигенција, мене ми е ок. Додека другите ја зборат дека е „лесна“ јас ќе ја фатам и ќе си уживам (како и обратно) :D.
     
    На srcekrsacka, nela.oh, sweet25 и 3 други им се допаѓа ова.