Пак ќе повторам. Не ми се верува дека е 2019 година и додека сите држави се модернизираат и однесувањето на жените е толку полиберализирано и послободно, дури и да се знае дека одредена жена е т.н. „курва“ и таа сама не се срами од тоа, ниту пак ја осудуваат за тоа други, во Северна Македонија се збори за тоа како да се облекува жена за да не биде курва, и најголемите критики се од жени.. Не ни треба феминизам, тоа од џаоло е пратено.. Не ми се верува дека јас како маж сум многу посвесен од жените овде.
Немам ништо против кратко здолниште, тесни фармерки, деколте и сл... Е сега, се треба да е со усул. За секоја прилика си има дрес код. Деколте не се подразбира се извадено на мегдан. Ако некоја изгледа како оние на Планета Паинер (секаде за пример ги земам нз зошто ) секако ќе изгледа лесно.
Темава е отворена во 2011 г. и уште се верглаат истите работи во денешно време Се кладам дека ќе се верглаат и во наредните 20тина години. Лесна бе Да не се лажеме ама насекаде по светот се уште јасно се забележуваат поделби по облека и изглед. За мажите нема проблем, ама за жени како од шала се редат етикети. И по филмови сигурно имате видено сцени како им прават интервју за работа. Кога ќе појде некоја девојка што е пристојно облечена и прават пристоен муабет, ама кога ќе отиде некоја со минич и длабоко деколте одма почнуваат да и се пуштаат шефовите, пошто сметаат дека е ЛЕСНА и вечерта ќе ја однесат дома Исто кога ги прикажуваат девојките што се спремаат дома пред интервју...Ако некоја нема соодветно образование или искуство, тогаш бара провокативна облека за да изгледа како whore и да ја вработат. На шала, на смеа, тоа е реланост. Во Америка колку се послободни и сепак такви филмови прават, па што останува за во Балканот. Јас воопшто не сум фан на миничи или длабоки деколтеа, ама па ич не ми сметаат тие што носат. Не сметам дека се лесни (gosh, колку глуп израз ) или провоцираат, туку сфаќам дека така се чувствувале тој ден и така си се облекле. Е сега некои што си немаат осет за кој настан да се облечат кусо и тесно, си немаат. Етикети секогаш постоеле и ќе постојат, така да, носете што сакате само ИМАЈТЕ ОСЕТ во каква пригода се наоѓате
Колку да звучи уназадување, јер ние во мк сме нај пред сите и модерни и либерални.. Во која држава во парламент седат по шорц? Во која држава невролог е облечена ко пајнер? Во која држава декан на факултет оди со мрежа хулахопка на раб? И не велете дека едно е кодекс друго е како да се облечеш а да не си лесна. Вајда не се преоблакаме пред да влеземе на работа. Патем и да се преоблакаме името не си го оставаме на улица.
Феминизам се вмешува сегде каде проблематиката не е важечка и за машкиот пол. Каде си чула маж да биде окарактеризиран како лесен, врз основа на тоа што облека носи во моментот ? Имам видено и имаш видено мажи со шорцеви малтене бикини, им се оцртува џанкот, момци во рамбовки широки, од кои им се наsираат градите. Кога еден таков дечко бил наречен лесен ? Никогаш. Ќе има 'осуди ' и 'заебанции' на неговата сметка за релевантни ствари поврзани со модата, aма никому нема да му дојде на крај на памет, да се занимава со неговите сексуални апетити, начини и манири, врз основа на тоа што носи. Е со жените е обратна ситуација и затоа потребни се феминистички гледишта на темава.
Да, ама фино прашав, каде е границата. Зошто според новокомпонираниот феминизам е во ред да се брани дипломска на шорцеви, а не е во ред да се отиде во костим на интервју за работа?
@LiliBoz у Систина имаше една докторица у миниЌ со чизма до коленце. А така и у годинки поодминати. Привлекува внимание, не дека не . И ја ја измеркав, не од шо згодна, туку кој акал дошла така. Во средно имав една професорка намерно носеше деколте до папак, ама ова сериозно до таму раскопчана. Бела т.е прозирна панталона задолжително.
Бранење дипломска на шорцеви не изгледа сериозно пошо сепак не оди на кафе или не знам кај, ама сигурно не треба да ја спалиме на плоштад типката пошо отишла. Веќе станува збор тука за друга проблематика. Не е точно дека не е во ред да одиш во костим на работа, феминизмот е баш да се даде слободен избор на жената да прави што нејзе и е убаво.
Океј, знаеме дека не се оди во шорцеви на дипломска и во минич на работа. Прашањето е дали таа личност што се облекла така автоматски значи дека е „лесна"?
Ова е малце офтопик пошо сепак е шоубиз и не е за секојдневни ситуации на улица, ама сигурен сум дека во државава да излезе пејачка со ваков аутфит и сценски настап ќе ги кажете сите погрдни зборови за нив. Разбирам старите луѓе да се затуцани и со заостанати сфаќања, ама млади генерации, еве не знам.
Па сеа... Ќе урлаат знам за изразов остала екипа, ама баш ми е гајле, знаеш. Беше етикетирана за "мераклика" . А така и излезе на крај. Да не ја именувам, ја нашле у соба на екскурзија со некој од туристичките агенции. Самата си велеше дека грав за ручек не се јаде секој ден. Не судам по изглед, ама во овој случај облеката си збори за неа. Башка што провоцираше машки у клас.
Права дама нема да добие етикета лоша, може само пофалба. Трипајте вие дека можете да сте дами со 90% голотија на себе. ( never ) Иначе одговорот е многу едноставен. - ПРИСТОЈНО.
Знам многу убаво што е феминизмот. Работата е што нападнавте жени што кажаа дека според облеката ќе судат некому за дали е добар за функцијата или не, дека не може лекар во минич или професор на факултет. Никаде не рекоа дека ќе судат за бројот на партнери. И онда нападнавте дека не е во ред тоа, а од друга страна самите судите за "окус". Ахам, ок.. пошо тоа тие што го рекоа не е окус. И за костумот прашав, оти како што реков, мене сакавте тука на форум да ме "ставите на клада" затоа што сум подлегнала на "патријахален дрес код". Значи од секоја страна се суди, ама по можност вие да судите - тогаш најубаво е. Инаку не се важи. Ни "ф" од феминизам не знаете што е, само тоа можам да ви кажам...