Дека не треба да се етикетира врз основа на физички изглед и облека точно, но има разлика помеѓу жена што на суптилен, културен и ненаметлив начин е секси и женствена и жена која на многу евтин начин сака да привлече внимание. Знам дека е 21 ви век, времињата се промениле, вредностите се промениле, но за мене пристојноста, скромноста и ненаметливоста секогаш ќе бидат нормални работи, ма колку и да звучам ненормално во модерново време.
Не за џабе е речено каде има чад има и оган. девојче ако сакам лајкови ќе се правам либерална. Ама не ми е до тоа. Работам на такво место каде што некоја вака облечена нема сигурно да е вработена - И ТОА Е ФАКТ без разлика дали на форумов вие сакате или не. Реалноста е таа и мене лично ми се допаѓа. А кога ќе најдеш такви ко што ти кажав погоре од било каде во светот, бујрум просветли ме.
Границата до кај е..Па ваљда до каде можеш да произнесеш здрави аргументи зошто не ти се допаѓа одредена комбинација или стил. Кога истото преминува во исмејување и надавање на нереални етикети, границата е премината. Не знам за стар и новокомпониран феминизам, знам за еден и единствен, разумен феминизам, во кој мажот и жената се на исто рамниште, и ако веќе се судат, да се судат еднакво. Не да навалува кантарот накај женскиот пол, за една иста ствар. Бранење на дипломска во шорцеви ? За мене лично е непрофесионално и непочитување према институцијата во која присуствуваш. Самиот универзитет има статут во кој е образложен дрес кодот, значи спротивно на истиот, прекршуваш правило. Не си лесна, туку си без осет. Првпат слушам. Кој вели ова, кој бил вратен од интервју заради костим ?
Ок мило ми е што знаеш што е феминизмот, особено повеќе од нас што ни ф од феминизам не знаеме. Не сфаќаш самата колку е глупо да кажеш дека е во ред да осудиш способност за работа на некого заради облеката, колку личноста е сексуално активна и слично? Не знам кој сакал да те стави на клада за твоето одење со костум на работа ама ја сигурно не сум. А ти шо очекуваш? Да бидеме толерантни кон нетолерантните? Никаков прогрес не би имало да беше така. Морам да потенцирам дека сум машко,работев летно време, одев по 30 минути на 35 степени и си носев кратки фармерки од оние до колена шо се, ме боли кур искрено кој мислел колку си ја знам работата, ама дефинитивно не ги доживеав осудувањата што би ги доживеала женско во такви панталонки.
Па фино објаснив бе лавстоунд, оти читате само што ви одговара? @staycalm девојче, еден ден да те пуштам во моја околина ќе те прождерат за доручек, само тоа ќе ти кажам. Нема потреба мене да ми кажуваш за феминизам и за борба на женскиот род. Ама со минич знаеш кој ќе ме сфатеше сериозно? Ни мајка ми директорка да ми беше немаше никаде да стигнам. Далеку сум од конзерваривна, ама ти просуди и дека осудувам? Хм... Ок... Таа машко си бил... Епа види, зависи што работиш...некаде можеш по кратки панталони, некаде нема ни да те пуштат на работа.
Интересен факт е што сите што се за миничи на раб место овде се студенти. Не прочитав некоја што знам дека е вработена... Фала богу што е така.
Шо замарате со тоа девојче? Треба во секое мислење да пишувам дека сум машко? Чудно е машко да е феминист и да не ги руга жените за се' можно? Не ми кажувај во твоја околина како ќе си поминам. Живеам во конзервативна средина и знам како е да си со либерални сфаќања. Дегенерик си ако не се согласуваш со нивните ставови од 19ти век за се' и сешто. Одјебете веќе еднаш и истите за кои зборуваш од твојата околина и ти и сфатете дека е 21 век и затуцаните мислења задржете си ги за себе. Поздрав од мене.
Сакал ти или не вака функционира. Ако не ти се допаѓа има еден куп работа за таксисти и во тобако. Па носи што сакаш. Реалноста е таа. Остај на форум што се збори.
Па слика од женско имаш и си на женски форум, што сакаш да те мислиме? Немаме ние затуцани мислења, ти имаш. Оти пак дојдовме до тоа, ако не одиш по кратки панталони на работа затуцан си. судење мач? Фала што ми посочи дека си машко, сега сфаќам со кој си имам работа. Од кај откри дека јас немам либерални сфаќања? Си ми прочитал едно мислење? Или пак дојдовме до тоа дека ми просуди поради облекувањето? Меч со две острици?
Никој не сугерира миниЧ за работа, нема потреба од извртување и спинување на зборови. На улица носи што сакаш, на работа како е наложено. Секоја посериозна фирма или институција си има дрес код, кој МОРА да се почитува, кој сака нека се буни, кое сака здружение нека се крене на нозе. Друго, зашто професионализмот и деловното работење го гледате само преку панталони ? Значи и вие не би сфатиле за озбилно една жена која на работа има дојдено во комбинација со сукња? Деловната облека подразбира и фини, деловни сукњи за женскиот пол, кои се сосема примерни. Ако идете у крајност и мислите на минич до *****, преиспитајте се.
На сликата не е женско На женски форум сум на кој пишува да си избереш пол којшто го дава под сликата на секој член што го овозможил да се гледа. Болдираното ти го кажуваш не јас.
А кој воошто пиша дека е океј минич на работа? Муабетот цело време е дека тој минич не ја прави лесна, а инаку сите тврдиме дека минич не е за на работа заради кодекс.
Значи ти имаш право мене да ми судиш според облекувањето? И да кажеш дека јас сум конзервативна, затуцана и нелиберална заради начинот на кој се облекувам? Пак дојдовме до тоа што цело време го зборам. Со свои куршуми се пукате.
Немам појма на која дискусија алудирате, ама ќе се надоврзам на тоа што го прочитав (не ме тепај ако збориме за истото). Вкус е да сакаш да одиш во костум или во мини на работа/интервју/каде било. Ако носиш мини за да добиеш себе-валидација, или да облечеш костум за да изгледаш сериозно во очите на патријахатот, не е вкус, ами симптом на патријахатот. Да, различни ситуации, ама произлегуваат од иста култура и се истите пранги.
Ама и дека ја прави посебно паметна со тоа што телото си го става пред умот.. Извини ама не ја прави. Првиот доем оддава слика за човекот. На чело на никој не му пишува. Маж ми кога прв пат ме видел мислел дека сум кардиолог.. Минич сигурно не носев. Да носев што ќе мислел? Заборавате во каков свет живеете и скокате да смените нешто што нема да се смени и џабе е. Пред се нема потреба да се смени. Овде кажуваш дека е ок така на работа да се оди.
Не ми се верува за какви небулози се расправам и со какви луѓе. Сите шо сакале минич на работа не биле вработени, а уствари сите кажаа дека минич реално е невкусно за на работа пошо големите компании имаат дрес код, ама не може да се изедначува провокативна облека со курвање. И секако се што не е до стапала било минич. Па и сите биле студенти бе, и ми кажува се барале таксисти. Извини ти богу на професионалноста, сигурно си министерка некоја и си стигнала до тоа место само пошо цел живот си била со сако на работа. Ние другите обичните смртници ќе мораме да возиме такси, јебига...
Апсолутно. Ама ако некоја институција има дрес код и ти не го почитуваш - врз основа на тој дрес код имаат целосно право да те одбијат за работа. Да се потсетиме дека женски костум е и комбинација на сукња - сако, не само панталони. И не може ако сите, ама баш сите во институцијата се со костуми ти да отидеш во минич или кратки панталони - оти еби го патријархот. Тогаш може да не те примат и немаш никакво право да се буниш за тоа.
Добро, до кога ке глумите дека газ и цицка не асоцираат на секс? А ако сакате да играте на картата дека личноста се облекува затоа што така сака/ така се чувствува/ не и е битна околината, нека повели така за низ дома нека се облекува, кога веќе облеката е небитна јер не праќа никаква порака до околината. Колку време и да помине, сукњиве подоле нема да пратат иста порака. Spoiler