Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како треба да изгледаат жените за да не бидат етикетирани како лесни?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 30 декември 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не знам што мислиш под развиени земји оти од што сум работела сите банки во ЕУ и Америка, цела Европска унија и НАТО, сите агенции и брокерски компании имаат строг дрес код. Си прошетала по европската четврт на Брисел? Можеш една вработена што не е во костум да видиш? Ти гарантирам дека во одредени институции и луѓето што немаат никаков контакт со надворешниот свет подлежат на строг дрес код.
     
    На Dust, Harper, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Од почетокот сфатив јас што ти е поентата, иако ти на крај црно на бело долови што ти била цело време.
    Стручност судиш по облека, интелигенција по должина на здолништето.

    Толку.
     
    На Yowannty, candy.cane, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Да. И?
    Штета што немам скриншот од еден муабет ај да не спомнам од која од вас.. Како нарече некој.. Вие што ич не судите..
    Хм :) јас барем такво нешто за ниедна членка немам речено. :) толку од мене. Нека се пронајде самата... Што не вели лесна а вели к....
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @lovestoneddd кажи ми, која е поентата на шетање на гол газ? Која е поентата на деколте до папок?

    Кажи и на другарка ти да ти каже барем еден аргумент за реченицата. Или асексуална е?

    А ајде од утре да шетаме со зелени листови меѓу нозе и целосно голи цицки, јер некаде и тоа е нормално.
     
    На cresa-jagoda и LiliBoz им се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Затоа и треба да се искоренат ваквите работи. Дали тебе ако ти текне да шеташ гола, тоа ќе те направи помалку добра во она што го работиш?
    И не важи само за миничи ова, туку за сѐ што е понакво од "formal".
     
    На smooch, lovestoneddd, ane.bella и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    А како да се облекува маж за да не биде лесен? :devil::D
    Посоодветно е да кажете дека некоја нема вкус за убаво или умерено провокативно или не се разбира во дрес код отколку дека е лесна.
    Познавав девојка која се облекуваше кичесто провокативно и не, немаше 100 дечковци т.е таа едвај ќе излезеше со некој а не па нешто повеќе но немаше добар вкус.
    90% од девојките што ги гледам по клубови носат миничи, кратки фустанчиња, корсети и сл. и сега сите што носеле минич да ги етикираме :devil:
    На работно место и во школо/факултет не се носи провокативна облека без разлика на стилот. Да сум професорка никогаш не би дозволила на предавања да присуствуваат вакви студенти.
     
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    А која е да кажеме поентата на девојка, која шета во обична фармерка, патика и мајца во кратки ракави ?
    Зошто мора сегде да се бара поента или причина ?
    Едноставно се работи за нечиј вкус или невкус според нашето гледиште.
    Твојов муабет доаѓа како фамозното, си го бара. А мислам одамна го надминавме тоа, го имаме и зборено на темава, дека ако оди со гол пупак, не бара очајнички некој да и скокне и да ја оплоди.
    Ниту ако оди закопчана до грло е светица.
     
    На Yowannty, smooch, ivi1987 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Судење е токму тоа што им се случува на купишта девојки, вклучувајќи те и тебе, на работното место.
    Ти имплицираш дека подобро е да се облекуваш поконзервативно (како што кажа, озбилно), отколку оние што судат да научат да престанат да судат. Мене тоа ми падна во очи.
    Не збориме за екстреми како миничи на работа, секако. (Иако, во идеален свет, јас би била и за тоа да можеш да водиш состанок облечена ко Џејмс Чарлс на Коачела 2018. Ама тоа е за друга тема.)

    Како и да е:
    1) Никој не те нарече затуцана бидејќи не носиш минич на работа.
    2) Не значи дека за да се бориш против патријархатот и објектификувањето на жените мора да носиш миничи.
    3) Баш напротив, целта на феминизмот е токму спротивно на тоа: да можеш да имаш избор да носиш што сакаш (и панталони и деколтеа) а притоа да не ти вадат заклучоци за сексуалниот живот врз основа на тоа што го носиш.

    И не би рекла дека треба да се адаптираме на патријархатот, баш напротив, треба целосно да го срушиме.
    А што се однесува до изјави од тип маж ми ме зема јер не ми беа цицките на мегдан, не ми кажувај дека се согласуваш со тоа, you're better than that. :D
     
    На Yowannty, Annath, smooch и 11 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Ах лела, секогаш те бивало за извртување. Оскар дефинитивно. Аплауз ве молам.
    Стварно се потруди од прост пример да направиш некој да звучи сосема друкше од што звучел.
    Дангел секако дека е подобра. Ама затоа ни ти не си дангел драга моја.

    Оди сеа прибери си ја другарката од сдк што индиректно ме Цитира. Ко мене што ме местевте
     
    На Dust и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па и машко да беше во кратки никој нема да го сфатеше сериозно. И да, се уште носам миничи кај што дозволува работата, од 10 дена 9 сум во сукња, ама извини, никогаш нема да се појавам во минич кај што има 15 луѓе околу мене кои се облечени поконзервативно.
    Многу пати сум ја кажувала приказната за дечкото кој дојде во раскопчана карирана кошула и маичка од бенд на настан на кој што имаше 150 луѓе кои беа облечени соодветно на настанот.
    Значи збориме за машко сега. Дали е убаво? Знам, ќе речеш не е битно, се облекол како сака. Има причина зошто се ставени тие дрес кодови, и често прават повеќе корист од штета.
    Го рекоа, 5 пати на темава и уште 20 пати надвор од темата. И колку пати прозвав за тоа - не се појави но еден да рече "чекај, мислењето не ти е во ред". Ама да речев со задоволство носам миничи и некој да ме прозвеше за тоа, одма ќе се дигнеа против него.
    Не го реков тоа. Само реков дека и машко во истата ситуација би било судено како и женско. Еве погоре за Кечо наведов пример. И секој ќе го погледне на криво, секој ќе просуди. Ќе погледнеш и ти на криво некој некогаш заради облеката. Сакав цело време да кажам дека едната осуда не е помалку грешна од другата.

    Ова со "цицките на мегдан" не го видов, ваљда бев преокупирана со сите работи кои вие не ги "видовте", а ви се буквално пред нос.
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Поентата е дека облекла нешто сосема нормално, носи фармерки и маица за да ги покрие деловите од телото кои асоцираат на секс и тоа е тоа. Од друга страна, ако одиш со гол гз, акцент ставаш на дел од телото кој асоцира на секс и очигледно имаш некаква поента.

    Мислам дека одамна разграничивме дека силувачите не секогаш за жртви бираат девојки кои се разголени. Силувани се девојки во сред зима, облечени во јакна и фармерки. Да не го користиме аргументот за сама си го барала, јер нема шаблон за дејствувањето на такви психопати. Посебно не е голотијата тригер.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Седете шовинистки едни. Не бидете смешни. Седете ќе не научат нешто што не знаеме. Да цениме пајнер изглед а да велиме к*рва за членка на форум што не ни се свиѓа. (facepalm)
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Аман бе Ребека, зарем и ти ? Не да ти правам его буст, ама стварно не очекував вакви зборови од тебе.
    Од тролови кои младувале во минатиот век, да, ама не од тебе.
    Која сака да се истакне на конто на своето тело, истото може да го стори и преку фармерка, и преку панталона, кошула, комбинезон, тренерки.
    А тој од другата страна, што паметот му иде натаму, и си бара причина за да стави акцент на нешто, пак може да го стори истото и преку погоре набројаните.
     
    На Yowannty, buba4e89 и Tan4ence им се допаѓа ова.
  14. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Малку се одалечивте од темата и аман бе жени, попрво меѓусебно не лепење, етикетите долги колку фолија да се обвиткаш во мумија, си испофрлавте, а зошто? За ништо.

    Да се прочитавте малку, сите се согласувате за исто. И за дрес код и за личен стил.

    Феминизмот е потребен на оваа тема од одреден аспект, конкретно за примерот со девојката што презентираше во кратки (а не беа уби боже кратки) пантолони на факултет и професорката и вели дека е непримерно. Нормално дека не е соодветно, но на 50 степени, во институција женските мора да го почитуваат дрес кодот, а машките бидејќи е жешко доаѓаат лефтерно, во шорцеви, како што и објаснила после девојката, дека буквално во истата просторија машките колеги биле во шорцеви и маици. А сум имала примери и на сопствен факултет. Но, тоа никој никогаш не би го искоментирал, туку на тапет би бил, а очигледно и секогаш ќе биде, женскиот род и ќе се провлекуваат мислења, па и вакви теми ќе се отвараат.

    Воедно, no offense @LiliBoz Лили, но возраста не е аргумент. И на факултет постои дрес код, и студентите одиме на обуки, пракси, посетуваме конференции, се сретнуваме со луѓе од повисок ранг.

    И доста се напаѓате :D

    Облеката не е мерило на интелигенција, туку на вкус :)
     
    На Annath, smooch, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Апсолутно точно дека вулгарен ефект можеш да добиеш и со фармерки и тренерки, ама повторно доаѓаме до заклучок дека личноста сака да ја нагласи својата сексуалност. Во спротивно, зошто да се тискаш во фармерки ако немаш никаква порака, посебно ако не сакаш да ставиш акцент на делови од телото кои асоцираат на секс?
     
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Акo нoси невкуснa oблекa (a не е тинејџеркa) знaчи немa рaфинирaн вкус штo знaчи немa ниту рaфинирaни чувствa штo знaчи пoлудивјaк вo душa кoј не oди сo твoјoт умерен кaрaктер или умерениoт дух вo рaбoтнaтa aтмoсферa кoј меѓудругoтo бaрa и oдење пo oдредени прaвилa и прoписи.
    Зoштo дa гo oдиш цел прoцес нa зaпoзнaвaње и oткривaње кaрaктери кoгa си скoрo сигурен декa нa крaј ќе излезе вaкa кaкo штo е? (Искуствo)
    Еднoстaвнo пoкaжи им јa врaтaтa и прими си друг чoвек. Некa се жaлaт зa дискриминaцијa и oсуди и предрaсуди нa фoруми.
     
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Возраста во никој случај не е аргумент. Но ако забележи овде според извртениве умови јас сум се омажила ради мојата облека.
    Возраста ја кажав поаѓајќи од себе. И јас скокав ко нив на времето. Ама не е така. Не функционира така.
    А тоа што спешл обожава стриктно во моите зборови да се пронаоѓа, тоа што лела брише што и текне и тоа што Другана индиректно ме Цитира за да докаже дека бар на форум и се може не е Фрка сфаќаш

    Поентата е како ќе сфати човек. Ако јас реШам да го извртам тоа што ти ќе го кажеш е мој проблем. Твој не е.
    Ако ти седнеш со мене на кафе и ти речам дека мене ми е вулгарно пајнер изглед дали ти за врат ќе ме фатиш или ќе скокаш наоколу лелеееее Лили што ти е мааа ти шовинист ти ваква ти онаква..
     
  18. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    5.610
    Пол:
    Женски
    Fair point. Kонкретно за Брисел само, можам да ти гарантирам дека би се изненадила колку смели комбинации знаат да носат, конкретно во институциите, што не би прошле кај нас. Ама не ми беше тоа ни поентата, си го додадов моментот со на ум други работи, посебно зашто имам желба да ширам анархистичка пропаганда и милувам да се шетам со зелен лист меѓу нозе и целосно голи цицки.
    Муабетот ми е, дека ако се прошеташ спротивно од дрес код низ Европска институција, никој нема да помисли еј види ја оваа, си го бара, провоцира, лесна е, не е способна (читај знаеме како се вработила wink wink), на оваа ли ми оди данокот, итн. Ако некој воопшто помисли на тебе, ќе помисли дека не го следиш дрес кодот. The end. Многу голема разлика, тоа ми беше поентата што не ја изразив. А дека се менува важноста на кодексот, се менува, one institution at a time. ^_^ Факултетот ми важи историски гледано, за еден од најконзервативните во Европа, професорите во апостолки си доаѓат, студентите со домашни влечки. Никому ништо, a скроз непоимливо до пред 20-30 години. Скроз офф, ама мислам се разбираме.

    Tолку не читаш ништо што имам напишано, што не знам која би била потребата да ти објаснувам понатаму. Одам да си најдам нов зелен лист, овој ми овена од муабетиве.
     
    Последна измена: 27 февруари 2019
    На Yowannty, Annath, Animali и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @DAngel, дечкото со маичка од бенд. Кога би бил коментиран, кој е најлошиот коментар што би бил кажан за него? Дека е непрофесионален, дека е бунтовник, дека врска нема од формално облекување?

    А кога девојка би дошла облечена во мини, или длабоко дехолте, или припиен фустан, еве гарантирам дека никој нема да коментира како нема врска од мода, туку ќе ја зборат дека сака да се плесне, дека сака на таков начин да напредува, дека толку е способна па затоа така се носи.

    Тоа се тие двојни аршини кои не се фер.
     
    На Amellie13, Annath, smooch и 14 други им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Не секогаш. Ама еве и да е точно, што е толку страшно или погрешно. Пак не значи дека е лесна.
    Може ќе измами 1000 погледи, а нема да заврши во кревет ни со еден од тие. Таа во фармерки, може ќе изнуди еден поглед, и на истиот ќе потклекне.
    Има и жени кои заработуваат од своето тело. Еве имам другарка, фитнес инструктор, целата е чист мускул, 6 пек, стегнат задник. Знаеш кое внимание изнудува на улица ?
    Зошто кога по Инстаграм гледаме такви девојки ни е ок, а на нашата улица ни сметаат ?
     
    На smooch, Annath, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.