Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како треба да изгледаат жените за да не бидат етикетирани како лесни?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 30 декември 2011.

  1. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Поентата е дека поимот нешто сосема нормално е субјективна категорија. За тебе фармерки и маица е ок, за некој муслиман фармерки и маица, и не само тоа, туку било каква облека што не е мантил и шамија асоцира на блуд и разврат. За нив дури и непокриена коса асоцира на секс.
    Па кога некој таков твоите фармерки и маица ќе ги сфати како отворена покана за секс, а тебе како лесна девојка, друг муабет ќе правиш.
     
    На Someonespecial, Brinetka, Yowannty и 12 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ама не е фер и што сите скокнаа во одбрана на девојката во минич, а никој не скокна и не рече "чекај, ако се облекла Ангел конзервативно, нема врска, не е затуцана".
    Тоа се тие двојни аршини што исто така не се фер.
     
    На cresa-jagoda, Yowannty и Dust им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А дали ако некоја носи фармерки нормални (не претесни) и нормалма маица, ама се познава дека има големи гради и задник, повторно праќа порака?
    Патем ме потсети дека лани имаше тема каде што едно девојче пишуваше дека поради тоа што во класот ја исмејувале за големите гради, постојано носела два броја пошироки дуксери. Ова е таа пристојност за која се збори?
     
    На Dentina, Amellie13, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz Па нормално, нема да те нападнам бе Лили, не би да ме затвориш утре како Милан :D
    Шега на страна, муабетот за Паинер е ист како оној за дрес кодот, и на оние од Паинер сценскиот провокатвен стајлинг им е еден вид дрес код, облекувањето не е во секоја бранша исто :D

    Ама тоа не значи дека тие се лесни или било кој е лесен според начинот на кој се облекува.
    Мини сукњата не означува ништо, исто како ни ролката. Говорот на телото, однесувањето на личноста, манирите/ неманирите, речникот и постапките се оние кои кажуваат се, барем според мене :)
     
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Изгледа низ дискусијава не прецизирав дека јас не мислам за ниту една девојка дека е лесна. Ама, сметам дека облеката праќа порака, а дефинициите за тоа каква порака праќа се веќе дефинирани, барем во мојата глава и тоа нема да се смени.

    Мене голотијата не ми смета, а имам исто мислење и за голотија низ град и за голотија на интернет.

    Мислам дека и нема потреба да објаснуваме дека голотијата не секогаш значи голем број на сексуални партнери, излишна е дискусијата и скроз нелогична.

    Јас никаде не реков дека гол газ значи отворена покана за секс. Некаде и полови органи покриени со зелен лист скинат од дрво се нормална појава, па тоа не значи дека така треба да се шетаме ние овде.
     
    На Herrera, Dust и LiliBoz им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Не значи дека се лесни, делуваат вулгарно за мене. За некој не. И тоа е тоа. Кажав поназад јас не зедов да ги кријам. Свое Мислење кажувам. И ако имам различно од тебе не значи дека не те ценам. Минимум 5 ќе ти набројам од овде членки со кои сме многу различни а ги почитувам.
    Но овде има една багра Која мора да се кара а кога ќе кажеш што тие рекле се прават демек игнорираат. Не се секирај ќе ги научиш ..
     
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Да, токму за тоа збориме. Ако твој број е L ама цицките ти се на изволте а газот ти е огромен и целосно исцртан, можеш да земеш XL. Пак ке си згодна ама нема да изгледаш вулгарно. А убавината и облините пак ке бидат забележани, без гајле.
     
    На Herrera, cresa-jagoda и Dust им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Јас еве ти реков Енџи, и до грло да се закопчаш е твое право и стил, не би била затуцана и конзервативна. Не видов навистина кој и каде тоа ти го пишал, ниту сега не успевам да го најдам, но воопшто не било точно и коректно.
     
    На Tan4ence и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Тогаш испаѓа дека јас имам среќа што сум дебела, немам ни газ ни гради па не мора да се осеќам виновно дека провоцирам зошто што и да облечам не би имало што да се види и да изгледа секси.
    Овие другиве нека му ја мислат.
     
    На Lella, Amellie13, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.335
    Пол:
    Женски
    Однесувањето е битно.А,и говорот на телото многу кажува.
    Ако пребрзо зборува и ако делува како да флертува,одма ќе ја наречат лесна,дури и да е пристојно облечена.
    Но,Балканците се подложни на стереотипи.Тешко да се искорени тоа.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @DAngel, со сета должна почит, можам да зборам само за себе, ама јас појма немам која е таа ситуација. Нит знам што се случувало, ниту кој учествувал, ниту што воопшто се зборело. Така да, не се мешам. И да бидам искрена, со коментариве на темава оставаш поинаков впечаток од што сум навикната од тебе. Сакала да си признаеш или не, дел од мислењава тука ти се конзервативни. И како што рече една членка претходно, да не ти беше Лили пријателка во приватен живот, немаше да бидеш вака толерантна кон одредени изјави. Баш напротив, мислам дека лом ќе ја направеше.

    И извини вака, ама додека повторуваш дека некои членови требало да те бранат, веројатно приметуваш дека другарка ти цела вечер ги напаѓа и вреѓа токму тие што веројатно очекуваш да застанат на твоја страна. Можеби и тие очекуваат ти да реагираш.
     
    На Someonespecial, GirlRose, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Одличен совет.
    Дали би била расположена да доаѓаш со мене кога пробувам облека?
    Не сакам да изгледам лесно ама не сум баш сигурно колку броја поголема облека треба да купувам а гледам ти си доста поткована во оваа област.
     
    На Someonespecial, Lella, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Кое мислење? Она дека и на глава да се побиеш, и во 20 тони облека да се облечеш, секогаш некој ќе те етикетира како лесна? Дека за жал никоја не е имуна на тоа?
    Тоа мислење? Затоа што тоа е единственото што го изразив на темата. Пак излегува дека ми судиш дека сум конзервативна по тоа што сум рекла дека сум за следење на дрес кодови и дека не постои човек што нема да погледне некој ако смета дека е несоодветно облечен.
    Тука веќе не зборам за разголување.
    Зборам за она што @lovestoneddd го нарече вкус и невкус (што на крај пак е толку субјективно), или на пример за тотална нефункционалност.
    Сум имала случај кај што сум носела минич до пола бут и ме пуштиле во институција, а дечко кој носел кратки панталони не го пуштиле. И сум се бунела и за тоа.
    Ако иде некоја да игра фудбал во 15 цм штикли нема да помислиш дека е несоодветно облечена? Во кој дел излегов конзервативна?
    За случајот помеѓу нив нема да се мешам затоа што очигледно се работи за лични закачки, не ги читам мислењата ни од едните ни од другите, не сакам да се ставам во средина. Возрасни се, нека си ги водат борбите. Само интересно, како ако некој не застане во еден момент целосно на ваша страна одма е "конзервативен". Баш е стварање кланови. Не мора исто мислење за сѐ да имаме за да сме сите феминистки.
    Никаде не оспорив дека им се суди сексуално на девојките, никаде не реков дека е нешто што е во ред, имав едно единствено прашање кое го поставив штом почнавте да напаѓате луѓе дека судат за подготвеност на некој во однос на облеката (значи не за бројот на сексуални партнери, туку за професионалноста), и сите извртевте околу него како киша око Крагујевац и ни една не ми одговори, само побрзавте да кажете колку сум конзервативна.
     
    Последна измена: 27 февруари 2019
    На Harper му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @DAngel, јас не ти судам. Те почитувам и те ценам како форумски лик ама ете, во оваа дискусија сметам дека ставовите ти одат кон конзервативни. Тоа е мојот општ впечаток од сите твои изјави вечерва.

    Јас разбирам зошто денеска една жена МОРА да се облекува строго и формално ако сака да биде сватена озбилно на работното место, ама тоа треба да се смени. Не е во ред ако жена облече нешто потесно или пократко автоматски да сметаме дека не е способна за тоа што го работи. Не е во ред менталитетот каде облеката е индикатор дали некоја е добра докторка, адвокатка, банкарка. Погрешен е, многу е погрешен.
     
    На Someonespecial, Lella, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Значи ако сите мажи се облечени во костуми на работното место, жената може да е слободно во фармерки и мора да биде исто сфатена?
    Значи и за мажи исто се однесува. Сите во костуми, еден во фармерки, на деловен состанок. Одма исто ќе го гледаш?
    Девојка на фудбалско игралиште во штикли исто ќе ја гледаш како некоја во копачки? И пак ќе кажам, рекоа во ред било да се коментира ако била некоја невкусно облечена. Јас само прашав кој одлучува што е невкусно.

    И да, сега сфаќам зошто не го гледаш мислењето за кое се бунам. Избришано е затоа што беше грда навреда, а некои свесно одлучија да поминат преку него и да продолжат како да не постои. Значи активно избраа да преќутат затоа што затуцана, проста и конзервативна беше сосема ок навреда.
     
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Сакав да споделам мислење за темава :)

    Да напоменам дека истото не е кон никого упатено. Да не се најде некој засегнат :)

    1. Сметам дека дрес код треба да се почитува од причина што е правило кое важи за сите студенти/вработени во институцијата. Ако поединецот избира да прекрши дрес код, не е мое да судам. Се согласувам дека е забележливо она што е различно од договорено облекување, но зборови како „лесна“ не ми се во речник (како опис на личност) и никогаш нема ни да ми бидат. Лично отсекогаш сум избегнувала да давам било каков коментар за нечиј начин на облекување, а не пак да етикетирам некого поради истото. Далеку од тоа дека се мислам себеси за најправедна или дека никогаш не сум искоментирала нечиј изглед, но најчесто тоа е во позитивен контекст. Во спротивен случај кога се случувало да кажам нешто негативно, искрено потоа повеќе сум се осудувала себеси поради таквиот коментар отколку личноста која е облечена на одреден начин.

    2. Надвор од работно место/факултет, уште помалку ми пречи кој како сака да се облекува.

    Бидејќи во тинејџерски години сум одела најчесто по фармерка токму од причина што живееме во едно затуцано општество во кое летно фустанче претставува давање на некаков „сигнал“ за господата, сега откако сум во години во кои имам сфатено дека не треба да се чувствувам виновна ако сакам да облечам нешто со кое покажувам кожа, веќе се облекувам онака како што сакам. За некој можеби сум пристојно облечена, за друг провокативно, за трет вулгарно, за четврти можеби изгледам како „лесна“, но искрено не ми е ни грижа се' додека тоа што е на мене е прикладно за мене лично. Нивниот мајндсет за жал не можам да го поправам.

    Не мислам дека девојките кои имаат поголеми гради или задник е неопходно да се кријат во два броја поголема облека само затоа што имаат такво тело какво што имаат. Ниту јас сум избрала во какво тело ќе се родам ниту некоја друга, а сите сакаме да бидеме згодни не за друг туку најпрвин за себе. За некои да бидеш згодна значи потесна облека, за други значи покуса, за трети пак нагласување на елеганција. И ниту една не е за осуда и повеќето верувам дека не сакаат да испратат никаква порака.

    3. Исто така облекувањето не го поврзувам со степенот на интелигенција кај личноста. Не значи дека ако имаш облечено сукња си помалку интелигентна од личност која облекла пантолони. Личен избор на индивидуата кој не ме засега и не ми попречува да ги гледам на ист начин и едните и другите .

    4. За крај, да сумирам: Иако сме премногу назад во поглед на искоренување на стереотипи, мое лично мислење е дека ниту една девојка/жена не заслужува да биде етикетирана поради начин на кој се облекува. Ниту кратко и тесно значи „лесна“, ниту пак подолга сукња или пантолона значи затуцана.
     
    Последна измена: 27 февруари 2019
    На Someonespecial, GirlRose, Lella и 14 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.335
    Пол:
    Женски
    Она не е конзервативна.
    Јас сум тешка конзервативка,ма да не најтешка.
    Она стално ми ги напаѓа мислењата.
    Да,погрешно е да се припишува некому нешто според неговата/нејзината облека.
    Но,не може да се смени менталитетот на народот.
    Но,ако некаде се бара формален дрес код,тоа мора да се почитува.
     
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @DAngel, никој не зборува за фармерки наспроти костуми. Секако дека фудбал не се игра со штикли, ниту пак тенис се игра во балски фустан. Ама не збориме за такви ситуации, нели? :)

    Муабетот беше, зошто ги судиме жените ако облечат нешто потесно, пократко, посекси, а притоа се во склад со дрес-кодот.
    Зошто една докторка автоматски не е доволно добра ако облече пократко на работа? Каква врска има стилот на облека со знаењето што го има? Еве, и да има намера да привлече внимание, зошто е тоа толку лошо, ако одлично си ја знае областа и ако е одговорна во својата работа?
     
    На Someonespecial, Lella, Dentina и 16 други им се допаѓа ова.
  19. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    А како треба да изгледаат мажите за да не бидат етикетирани како лесни? (Ако може да се постави вакво прашање воопшто со кое се изедначува жена-лесна и маж-лесен)
    Костум, мантил или не вака а?
    tenor.gif
    Однесување народе, однесување... Може да биде и тој или таа најсоодветно облечен, да почитува дрес код и се ама однесувањето се кажува. Така да ич не ми е гајле дали докторката е мераклика додека се грижи како треба за здравјето на своите пациенти и за било која друга професија исто така. И да за девојката на дипломска не се проблем покуси панталони(иако немам видено за што станува збор на слика) се додека си ја брани дипломската како што треба.
    За да ги снема тие стереотипи ако носи минич и деколте е непрофесионална во работата или лесна на работа а и надвор од неа прво треба да ги тргнеме тие предрасуди помеѓу жените и тоа такво осудување к... или затуцана... или што и да е. Затоа што најголема осуда е од жена кон жена и најголем трач е исто од жена кон жена, независно дали е феминистка или не.
     
    На ane.bella и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Значи девојките што имаат големи гради и газ треба да носат машки дуксерки или вреќи само да не дојде до забуна дека бараат секс такви стегнати.
    Пошто ако си природно надарена и облечена во потесно кошулче си ставаш акцент дека си напалена и лесна, па не пребираш со кого ќе легнеш во истата секунда.

    Што има врска дрес кодот со лесните девојки?
    Ете на работа се собрале сите колеги и се одржува некоја презентација на која сите се во костуми, ама таа со големите цицки не смее да облече посвечено кошулче пошто цицките ќе и бидат на изволте. Може само на татко и широката кошула да носи за да не помисли некој нешто погрешно.
    Се знае брате, облекуваш 10 броја поголеми. Не смееш да носиш што сакаш пошто си женско и одма си лесна, па плус упатуваш погрешни пораки на НЕБИТНИ ЛИЧНОСТИ!

    Им се напнавте на зелените листови, нормално дека не сме во џунгла да ги носиме, ама ете ако некоја решила да ги носи во јавност, вие ќе помислите дека е лесна или дека едноставно нема осет за облекување? Јас би го помислила второто.

    И не зборувам само за на работно место, туку општо, секоја млада девојка и жена треба да биде облечена како сака без да се смета за сексуален објект или лесна. Мене знаете колку ме нервираат тие што немаат осет каде и како да се облечат? Многу, ама невкусот е нивен проблем, и заради облеката не значи дека треба да се потценува нивното знење и искуство.
     
    На Someonespecial, GirlRose, Lella и 17 други им се допаѓа ова.