Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како треба да изгледаат жените за да не бидат етикетирани како лесни?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 30 декември 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Види, јас ни еднаш не реков ништо такво, не знам од каде констатацијата. 100 пати реков дека носам и кратко и тесно секогаш кога дозволува дрес кодот и дека етикетирање е реален проблем, ама цврсто стојам дека дрес кодовите се за следење. Така да, стварно не знам од каде излезе дека сум конзервирана. Некако не сме се разбрале?
     
    На Harper и Purplelilac им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Сте спомнале факултет. Не ми се верува какви размислувања излегуваат од високо образовани луѓе.
    Такво однесување не смеете да си го дозволите. Освен тоа,со етикетирањето луѓе сте уназадени.
    Само кај нас постои тој епитет според облеката.
    Се се суди и се се вреѓа, освен паметот се разбира :)
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.986
    Дрес код не е физички закон. И да се прекрши мање битно.

    Врска немам која била ситуацијата кога те нападнале оти си била конзервативна, можам само да кажам дека секој треба да се облекува баш како што сака.
    Но, настрана муабетите за во институции.

    Да речеме дека на кеј се шетаме.
    Која е тука "лесна"?

    Искрено, да знам дека на некој му се допаѓам или не му се допаѓам поради облека, ќе се оддалечам од него.

    Тоа се плитки, површни луѓе и не знам зошто би им направила место покрај себе.

    И да, и онака на докторките им е доволно тешко што работат во (за жал) машка професија и бранша, нема резон да им судиме и за облека нели.
    Квалитетот нема врска НИКАКВА со облеката. Ама баш ич никаква.

    А да не збориме што мажите никогаш не се СЕКСУАЛНО етикетирани и омаловажувани.
    Се' ќе кажеме за него, ама сексуалната конотација на етикетирањето е строго врзана за жените, што е ужасно.

    Не верувам во "дами" и слични ми ти лигавешници, божем ако некоја се шета во класичен костим и бунда многу е попаметна од некоја во тесни фармерки и кроп топ.
     
    На Lella, Annath, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Темата и само да била "Како треба да изгледа една жена?", доволно кажува каде заглавило тркалото на нашата цивилизација :tmi:
    Дупли стандарди, постојани наметнувања, па дојдовме до точка на носење поголеми броеви за да се скрие фигурата и асоцирање со интелигенцијата и знаењето на професијата.

    Ќе ми беше смешно ова мажи да го напишеа или барем да бевме 4 века порано. Ама не ми е, ниту сме :|

    Надеж ми даваат мислењата од помладите и општо попрогресивните мислења кои метафорично ми се генијалниот Стив Џобс во фармерки.
    Во таа некоја либерална иднина на промени за некоја светлосна година гледам креативни и напредни луѓе на кои нема знаењето да им се мери според тоа до кое копче се закопчале или откопчале.

    А секој човек, особено жената треба да изгледа како сака ^_^ Убавината е во различноста, за вкусот не се дискутира, само треба секој се што прави, да го прави лично за себе, не за машко внимание, ниту за женско одобрување :)
     
    Последна измена: 27 февруари 2019
    На Someonespecial, GirlRose, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.999
    Пол:
    Женски
    Женски бре, многу сте забегале од темава :(



    Ве прочитав сите, да живее феминизмот:d: или така нешто беше..

    Туку вака ве гледам некои од вас либерални и размислувам што е за вас женствено, а што вулгарно? Каде преминува границата од женствено во вулгарно?
    Ја нападнавте @LiliBoz а притоа врска немате што работи. Да знаевте, ќе ја замислевте неа во секси топ и минич до гз и ќе се изнасмеевте и ќе речевте - види ја оваа каква непочит покажува кон институцијата во која што работи. Зарем таа е ПРОФЕСИОНАЛЕЦ?
    Секоја професија со себе повлекува и специфичен дрес код. Како што не може спасувач на базен да носи одело, така не може рецепционер или доктор да носи шорцеви за капење..

    Ти да одиш со цицките на тацна на интервју за финансов директор, сигурно нема да те гледаат како сериозен кандидат затоа што со таа несериозност покажуваш непочит кон институцијата..

    НО:!:

    Градите и задникот на една жена се симбол за женственост.
    Градите се стимулирачки атрибут прво визуелно а после и физички... знаете што се можете да направите со нив..жени сте(fingers)

    Задникот е исто така атрибут кој што ем визуелно стимулира ем сексуално... ајде да не се правиме луди, кога стотици мислења има испишано во темана за анален секс.

    Да видите некоја жена со впечатлив camel toe, нема ли да помислите дека си ја промовира вагината? Па некои сакаат ваква, таква, онаква...и визуелно некоја сето тоа им го презентира.

    Мажите што ќе покажат? Жими еден пенис што имаат и тој кога не е во ерекција е како прст.. со тоа ли да се фалат? Па тука спомнувате дека нееднакво сме ги третирале мажите кога шетале разголени.

    И сега сериозно велите дека дама на која пола задник и ѕирка од миничот, градите ќе и излетаат од градникот ако воопшто и го носи, не ве потсеќа на подвижен сексуален објект?
    Мажите така ги перцепираат жените.. газето го користат за тоа, цицето за оноа.. фаќаат таму и ваму. И кога ќе видат некоја разголена нормално дека очите ќе им светнат и ќе ја етикетираат како лесна. Кога веќе сите атрибути си ги послужила на тацна и им се лесно дофатливи, не треба ни еден обичен патент да откопчаат за да дојдат со посакуваното.. таа веќе се си дала шетајќи се гола..
    Жени сте да му се сневиди, ако сме жени не сме ни глупи ни слепи, како може да кажете дека оваа од сликава апсолутно не повикува на нешто повеќе од муабет?!
    Сериозно?
    Па јас да сум машко на првиот позитивен сигнал би ја зграбила и цела вечер нема да ја пуштам...
    Ќе се полезбејчам|( жими се:worried:
    [​IMG]
     
    На honey.11, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.503
    Пол:
    Женски
    Дасти воопшто не се осеќам нападната, туку гледам само како речениците се извртуваат и одат во крајност со тоа за што е можно попросто да звучиме. Среќа неколку тоа го прават, а го правеа и на Бека и на Дангел.


    . И не е тоа прв пат, туку кога нешто не им се допаѓа е редовно. Место да искулираат пре со прст ќе покажуваат. А велат јас покажувам :) И на крај само си викаш-да се надеваме дека е до годините.
     
    На Dust и DAngel им се допаѓа ова.
  7. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Женска особа која не е пристојно облечена , туку стесната со што е можно попроѕирна тесна кошулка ,мајца цицки извадени, минич до пи*ка е за мене проститутка.

    Автоматски ме асоцира на проститутка ко овие што ги гледам тука во Берлин така обчелени на улица се нудат , па навикнати се на прашањето за колку го пушиш?

    Единствен искучок за да не изгледа таа жена како проститутка е на плажа, ако сака и гола нека оди по плажата.

    Во секоја друга прилика одма ми доаѓа споредба со порно глумиците и ме асоцира на секс, на потреба од еб*ње.
     
    На cresa-jagoda, Dadusicka, Milan93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @Herrera, муабетот беше потесно, пократко а притоа да е во склоп на пропишаниот дрес код.

    Не знам како се облекуваат проститутките кај тебе, ама ако се водам според тоа што го гледаме по филмови и серии, некако не ми оди дека тој стил ќе биде прифатлив според било кој дрес код :) Ако ти знаеш каде би дозволиле на вработена така облечена да се појави на работа, еве сподели, зошто јас немам видено такво нешто во Мк.
     
    На Harper, buba4e89, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.986
    Каде е границата Дасти?
    И дали ако една жена не е "женствена", помалку е паметна, полошо си ја работи работата, промискуитетна е?

    Дрес код во институција е една работа, кој нема НИКАКВА врска ниту со жени строго, ниту па со темава, може да одиме и во друга крајност на пример, еве да одам јас на работа замотана како муслиманка, ни така нема дрес код да почитувам, нели? Ама дали ќе сум лесна, курва, радодајка?

    Има ОГРОМНА разлика, ама нејсе.

    И не, женава на ништо не повикува, освен ако експлицитно тоа сама не го каже.

    "Сама си го бара" сакаш да кажеш со други зборови, а тоа драга Дасти, ич не е во ред.

    И може само да лажете нели дека некоја во било која институција вака облечена сте ја виделе :) тоа не се случило :)

    Ама на кеј; како сака ќе се облече.

    И без оглед колку е гола, тоа не ја прави "лесна".
     
    На Someonespecial, Lella, RosettaStone и 6 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.986
    Ах, а маж вака на што повикува?
    Сам си го бара да му акнам една меѓу нозе?
    Лесен е?
    Што е?

    SmartSelect_20190227-102738_Google.jpg




    Колку што не си видела ваков во ниту една институција, а богами ни на улица, не си видела ни жена како од твојата слика.

    Крајности.
     
    На Someonespecial, Lella, RosettaStone и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    6.768
    Пол:
    Женски
    Точно дека треба да се има граница помеѓу вулгарното и пристојното. Како што јас не сакам да гледам маж кој оди без маица, без разлика дали има згодно тело или нема, така верувам дека и некој друг не сака да ме гледа мене со градите скроз откриени или со шорцеви кои ми го покажуваат половина задник.

    Не е вкусно, незгодно ми е кога ќе видам жени со по една крпа на нив или пак маж со куси панталони, посебно не оние купаќите што се како гаќи.
    Не знам дали оваа е само кај мене или има и некој друг вака, ама луѓе верувајте дека не сакаат сите да знаат како изгледате под облека.

    Бидејќи во оваа тема е стрикно за женското ќе кажам и дека не е толку привлечно кога се е на јаска, од машка гледна точка.
    Подобро е кога ќе се остави малку на фантазијата. Сега не зборувам јас да се забулиме сите женски па така да одиме. Не се исклучува деколтето, океј е да го има но не кога е премногу нападно.
    Се зависи каков тип на машки сакате да привлечете.

    Јас кога гледам некое девојче во облека која го оцртува струкот и со блуза или фустанче што не ги покажува градите но сепак може да се виде дека има добра града, мене ми е неопишливо привлечно.
    Кога само малку ќе покажеме а другото го оставаме на фантазијата, верувајте има поголем ефект од тоа да покажеме што повеќе.

    280b402b0222fb918e1daba836d2fd79-1-1.jpg hadid-1-.jpg burgundy-all-the-rage-skater-dress-lc61346-3-1.jpg
    Пример за облека во која жената изгледа неодоливо, барем за мене. Посебно втората слика е баш за девојки со мали гради.

    Овие три фотографии, наспрема следниве фотографии.
    Capture-54.jpg rita-ora-tri-krpcinja-02.jpg

    Овие слики можев да ги најдам најпогодни за да го доловам тоа што сакам да го кажам.

    А за поимот "лесна" не би сакала да дискутирам. Ако сака некоја да спие со секој втор тогаш нека го прави тоа и не е убаво заради нечиј начин на живот да ставаме етикети.
    Сите ние имаме различни потреби и различни причини зошто сакаме да правиме или правиме нешто. Ние не сме во ничија кожа и ние не спиеме во ничиј дом па за да бидеме добро запознаени со целата слика. Затоа следен пат ве молам воздржувајте се од овие етикети, бидејќи тоа вас не ве дава во подобро светло.
    Исто така воздржувајте се и од превртување на зборови. Следен пат прво потрудете се да разберете што точно сака да каже членот а не да го разберете онаа што вие сакате да го разберете.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.986
    Од овие "лошиве" првата можда и ќе ја видиш во дискотека, вторава ни таму.
    Во реален живот, вака облечени луѓе не шетаат :)
     
    На Yowannty, ane.bella и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.503
    Пол:
    Женски
    Ко втората имав соученичка на матура дојдена :)
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.986
    Е арно де.
    Не била во институција, не нарушила никаков дрес код... нејзин избор.
    Како ја прави тоа "лесна"? :^)

    Оти темава за тоа е.
     
    На Someonespecial, Lella, RosettaStone и 10 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.503
    Пол:
    Женски
    Темата е за што мислиме.
    Ама според членките погоре јас не смеам да мислам. За нив да им е таман светот треба да се забрани да се мисли ако е различно од нивното.
    Нејзино е како ќе се облече, мое е што јас ќе помислам и секако ќе си го задржам за себе тоа. Не планирам да покажувам со прст.
    Ама не.. Не смеам така јас да мислам...
    Патем.. Забрана за мислење е дел од либералноста
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.721
    Допаѓања:
    10.227
    Пол:
    Машки
    За да не бидат лесни, треба да имаат барем 60 кила.
     
  18. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    кој сака како сака нека се облака!
    На крај краева МЕ ЗАБОЛЕ како некој ќе ме етикетира, што тоа ќе ми смени тоа мене во животот?
    Јас се облакам нормално, да не речам конзервативно зошто мене си се допаѓа тој стил,а не дека не сакам некој си небитен ДА МЕ ЕТИКЕТИРА.
    Познавам жени што носат чипка и мрежа хулахопки преку ден а се пристојни,фини жени во брак што ВОДАТ ФИРМИ и се многу успешни. Така да ве молам да не судиме според изглед во 21 век.
    На некој едоставно му се допаѓа тој стил и тоа нема врска со моралните вредности на човекот.
    Исто како што има промискуитетни жени кои се закопчани до грло.
    Некој си ќе ми кажува како да се облакам за да не ме сметаат за лесна хаха каква глупост ,па поготово МАЖ ако го изусти тоа,има да му одржам таква лекција,нема да знае кај се наоѓа.
     
    На RosettaStone и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.986
    Смееш.
    Ама еве и јас ќе ти кажам дека мислењето не ти е во ред и навистина мислам дека не ти е.

    Ќе ти образложам и зошто.

    Настрана институции, болници, банки, училишта.

    Збориме ако се собереме сите на улица ете некоја.

    Имаш право да осудуваш, имаш право да мислиш дека е лесна нели, ама тоа не ја прави неа навистина лесна. Тоа кажува дека ти површно размислуваш.
    Оти во суштина, не ја познаваш, не знаеш ништо за неа, а верувај, секоја од нас е предмет на осуда, не е важно дали за облека или нешто друго.

    Навистина боли кога луѓето изнесуваат лаги за тебе и те осудуваат, без оглед дали е за облека, физички изглед, начин на воспитување дете... но реалноста е дека таквиот вид на етикетирање и осудување е многу ниска, многу лоша карактеристика.

    И тука најмногу боли двојниот аршин.
    Маж како и да се појави облечен, освен "сељак" друго полошо нема да биде кажано.

    Нема да му кажат дека не е "прав господин" (како права "дама"), дека е курвар, нема сексуално да го вознемируваат. Што се мажите повеќе од нас па да имаат таква привилегија?

    Второ за што мислам дека не си во право, е ценење на стручноста според облеката.

    Знаењето, професионалните способности и квалитети, се исти, и во пижами и во соодветна облека. Добар хирург е добар хирург, макар и во пижами да оперира нели? Не му се мењаат магично способностите кога ќе облече scrubs.

    Сличен ваков пример имаше за еден австралиски доктор, облечен во цивилка и тетовиран од врат до пети, набилдан.
    Ги прашуваа луѓето што мислат за него, и тие кажуваа дека личи на уличен силеџија, дилер... а докторот беше еден од најнаградуваните доктори.
    Со други зборови, стереотипите се лоша работа и неточна.

    Еве еден хипотетички пример.
    Ти доаѓа клиент тебе на работа, а ти во моментот си дознала дека близок некој е многу болен. Човечки е да не си расположена, работиш, но не си најнасмеана и највесела, и сега клиентот вика онаа Лилибоз кој ја вработил, види ја каква е некултурна една, намрштена.

    Што мислиш за тоа? Во ред ли е?

    Сакам да ти кажам, пред да осудиш некој, пред да етикетираш, и тоа да го покриеш со превез на правото за мислење, размисли како ти изгледаш за луѓето околу себе и колку лесно можеш да бидеш ти предмет на осуда и етикета. Оти тоа е најлесно, потешко е да се издигнеме над малограѓанштината и да не го правиме она што не сакаме нас да ни го прават.

    Околу легнување на брашното.
    Јас сум троа постара од студенткиве, ама ќе ти кажам нешто за себе.

    Истото го мислам за слободата што го мислев и на 18. Помалку го вербализирам, не оти сметам дека е лошо моево мислење, туку сметам дека луѓето во суштина се плитки, имаат мислење за се', најчесто без да имаат аргументи за истото, па не образложуваат, туку се бранат со "така мислам". Но, ни под разно не се придружувам на групата ако мислам дека греши.

    Колку сака нека функционира така светот, јас преферирам да живеам со себе и својата совест, а не со правилата на кои очајно им треба апдејт.
     
    На Someonespecial, GirlRose, Lella и 20 други им се допаѓа ова.
  20. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    алелуја некој живее во 21 век!
     
    На RosettaStone и Animali им се допаѓа ова.