Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како треба да изгледаат жените за да не бидат етикетирани како лесни?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 30 декември 2011.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Ама спореди ти како го кажа а други како го кажаа. Гледаш разлика?
    Пред се, мене цел не ми е да се сложам со сите, апсолутно никогаш, туку го изнесувам мојот став. А тој е таков каков што е и ете тебе не ти се допаѓа и не е во ред. Ок. Јас не те потценувам зошто не ти се допаѓа. Очекувам ни ти мене. Едноставно различни сме. Дали различно растени, дали различно гледаме на животот, луѓе, исто не можеме да бидеме.
    Јас напад добив не сум поддржувала лгбт. Што апсолутно не е точно. Ќе кажам и зошто.
    Зошто јас не се замарам со лгбт.
    Едноставно не ми е во ред парадирање по улица изнесувајќи кој со кого има сексуален однос. Јас да одам и да се дерам се онадам со маж ми не е во ред мрдната ќе ме гледат. А тие тоа да го прават е во ред. Ми ја сфаќаш поентата нели? Во принцип одбивам да се објаснувам кога не вреди а се почесто не вреди.
    Пак ќе кажам секој нека шета како сака а мое е што јас ќе си помислам исто како што твое е што ќе помислиш.
    Далеку од двојни аршини, со оглед дека ставот не го менувам.
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не вака, ама скоро па вака...
    Сум имала асистентки на факултет на кои им се гледале галичките кога поткренат рака за да пишуваат на табла. Сакаш да кажеш дека тоа е во ред и дека ни една од либералните нема да помисли дека тоа не е во ред?
    Не зборам за етикетирање, буквално за дали ќе ти прелета мислата "не требало тоа да го облече" низ глава.
    Сега пред некој ден, на работа имаше жена што носеше фустан со должина на тиролка и чизми со крзно и тенка штикла од 15 цм.
    Никој нити приговори, ниту рече нешто, ниту оговарачкиот клан си шушнавме меѓу нас, значи и да ни поминало нешто низ глава сите сме си го оставиле таму. Дека беше спротивно од стилски и од било кој дрес код - беше, ама сите си преќутевме и секој го остави тоа на нејзиното право да се облекува како што сака.
    Од друга страна некој ти вика дека е во ред да се исмееш на некоја ако е облечена без вкус. Значи за потсмев може, ама не дај боже да си помислиш дека не е во ред.
    20 пати реков дека секоја девојка, па и 20 слоја до земја да облече на неа може да биде етикетирана како лесна, што не е во ред. Таму Сергеј го гледаат како активно исмејува девојки, тука ти вика немаш право да кажуваш кој како да се облекува. Ок...
    Ти 21 пат ме праша "а по Вардар кога шетаат која е лесна, а која не"?
    Оти бе си толкувате мислења како што вам ви одговараат?
    Плус и други девојки рекоа "никогаш не би рекла за женско дека е лесна", вие упорно се понашате како да рекле дека е лесна.
    Чил аут, смирете страсти.
     
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    И морам да додадам уште нешто
    Се бориме да не ни судат за својата облека, став, избор... А се буниме ако различно размислуваме.
    Нзс?
     
    На Feminka22 и Petra777 им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    43.086
    Пол:
    Женски
    Јас се облекувам на начин кој може некому му делува провокативно, не носам градник најчесто, немам мали гради и носам тесно, некогаш носам деколте како на спорната слика со Џиџи горе, некогаш носам мрежести холохопки и тесни фустани, некогаш сум облечена во ролка и фармерки ако така ми се сака. Најчесто носам црвен кармин, носам црвени очила и имам тетоважи, според мојов стил треба да сум лесна и непрофесионална и да не си ја знам работата, некој што не ме знае веројатно и така ќе ме нарече и според мене не е фер, зошто јас првично убаво се осеќам облечена така, сакам да се осеќам убаво додека работам, а другата поголема иронија е како што повеќето знаете тука имав еден дечко цели 10 години и единствен сексуален партнер ми е тој, сега маж, не сум флертувала со други, не сум барала внимание со начинот на кој се облекувам.

    Проблемот како што сите го дискутираме тука е тоа што секој треба да се облекува како што сака, во институции треба да се запазува формалниот дрес код зошто едноставно има соодветна облека за секоја пригода, ама ако некој не сака да го почитува тој дрес код не значи дека е непрофесионален или дека не си ја знае работата. Другиот проблем е тоа што, неколку членки веќе кажаа, ако жена не почитува дрес код тогаш е лесна, ако маж не почитува дрес код тогаш нема стил.
    Проблемот е овој, зошто едноставно и за жената да не се рече нема стил, не ми се допаѓа како се облекува иако правилно нема ни што да ни се допаѓа или не допаѓа, нејзино право, туку одма се претпоставува дека е изгорена за секс и дека ќе спие со кој стигне.

    А и на крај крајот жена може и да спие со кој стигне ама пак тоа не ја прави непрофесионалец и невешта во својата работа.
     
    На Someonespecial, GirlRose, Matotheja и 18 други им се допаѓа ова.
  5. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    мислам дека не е тоа бунење, туку укажување, со надеж дека ќе се сменат тие стереотипи, за во иднина нашите ќерки ако сакаат да облечат МИНИЧ да не бидат етикетирани.
     
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Вршење притисок е сепак. Друг вид ама тоа е. Вршење притисок да се смени стереотип, вршење притисок да не мислам како што мислам. Исто е.
    За волја на вистината тие што вршат притисок се полоши од тие што едноставно нешто не им се допаѓа.
     
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Работава е иста ко мајка ми шо ме убедуваше дека мојата млада и убава забарка не е стручна и којзнае на кој начин добила диплома, требало да најдам постара. Ај за жена од 50 год донекаде е сфатливо, така биле воспитувани порано али у денешно време етикетирањето според изгледот и облеката би требало да го имавме надминато веќе..
     
    На Lella, RosettaStone, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.335
    Пол:
    Женски
    Па,не може жената секогаш да носи тоа што сака.Не е прикладно да ѝ се гледаат градите на деловен состанок.И да не речат тие околу неа дека е лесна,ќе речат дека нема култура,дека нема почит кон другите луѓе и кон компанијата или институцијата.
    И за маж истото.Не е прикладно да се појави со раскопчана кошула и во шорцеви на деловен состанок.И за него ќе го помислат истото.
    Онаму каде што постои формален дрес код мора да се почитува.
    За дома,за до маркет и за излегување никој не смее да се меша.
     
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Уште да не ти идеа сексуални мисли дур гледаш арно ќе беше..
     
    На cresa-jagoda и Petra777 им се допаѓа ова.
  10. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    не знам ,јас лично не вршам притисок на никој, го кажувам само моето мислење и останувам со надеж дека ќе допре до некој. Во Америка секојдневно се одржуваат протести против стереотипни размислувања, за еднаквост меѓу полови и има различни движења и организации за еманципација на жената. Ете мрдаат малце напред со размислувањата, почнаа жени да стануваат дел од сенатот, и се повеќе жени се дел од клучни позиции во Белата куќа. Да се надеваме дека ќе дојде некогаш такво време и кај нас, кога нема тема на муабет да ни биде дали жената е лесна ако се облака провокативно.
     
    На LiliBoz и Animali им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    43.086
    Пол:
    Женски
    Ама тоа сите го збориме до сеа, во ред е да речеш дека не е прикладно и е некултурно ама нее во ред да речеш дека жената е лесна и дека сака секс и е дојдена на состанок за да најде маж за секс, а не дека е дојдена на состанок затоа што си ја знае работата.
     
    На Lella, smooch, macka91 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Секаде во светот се дебатира на темата зошто објективизирањето на жените не е во ред и како оваа појава да престане, само кај нас погенијална тема проследена со што уште треба жената да направи за да не трпи глупости на своја глава :tmi:
     
    На Someonespecial, Lella, RosettaStone и 4 други им се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Тоа нема врска со темава. Муабетот е колку е она стручна и дали знае да си ја работи работата. Оф топик, морав да најдам млада и убава забарка за да го надминам уплавот од идење по забари:whew:
     
    На Annath, CameliaMiller и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Нормално дека треба да се почитува дрес код, темава мислам дека не е конкренто за облекување на работно место. За некоја жена и јас знам дека не ми се допаѓа нејзиниот моден вкус, ама никогаш ама никогаш не етикетирам ваква е или таква е според како се облекла. Не ми се допаѓа што носи пошто мојот вкус е различен и сигурна сум дека и мојот моден вкус на мн не им се допаѓа. ама едно е да не ти се допаѓа тоа е право на избор, а друго е да наречеш некој лесен или друг епитет само заради нејзиниот избор на облека.
     
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.335
    Пол:
    Женски
    Јас не етикетирам луѓе по облека.
    Ама,некој да.
    Балканските стереотипи се тешки за искоренување.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Значи да не си можел да ја сексуализираш не ќе можеше да го надминеш стравот? Седи мирен ќе те нападнат. .
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Не не, далеку од блудни мисли. Барем да не ми се враќаат нозете док идам натаму. Лепота продаје:D
     
  18. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    tumblr_pitno12FQj1xhvp0do1_1280.jpg
     
    На GirlRose, Lella, RosettaStone и 9 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Ама да била 50 год стоматолог немало да идеш нели?
     
  20. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Да се надеваме дека и ти си лепотанче ,за да имаш просперитет на работа ;)