Ако немам избор ќе идам. И нема да се сомневам дека забот ќе ми биде лошо напраен,исто како и за младата забарка.
Не не,не ми го извртувајте муабетот сеа. Само кажав како го надминав стравот од забар,што нема везе со темава.Да не идеме оф топик
ти рече дека лепота продаје а јас ти кажувам дека се надевам дека ти си лепота за да бидеш успешен, што извртувам?
Убав е џон. Ама сексуализира и затоа вели дека мојот став е погрешен. Зошто ако е ко јас што сакам сигурно ќе нема што да сексуализира. А далеку од Тоа Дека он се залага против стереотипи
Е добро де ништо страшно не е,нели машко сум "дозволено ми е" да ги посматрам жените на тој начин Зависно од тоа каква работа е,лепотата продава да тоа е факт инаку баби ќе беа модели у Викторија Сикрет.
Не треба да изгледаат. „Најселското“ мислење е дека жената ако изгледа некако, било како и кој како гледа, е лесна. Демек со минич е лесна, со шалvари, забулена, не е ?
Друга беше поентата на муабетот али ај,да го смениме таргетот Заебанција Лилице,иронично го реков тоа
Сте чуле некад за тоа дека облеката не го прави човекот?На крај краева ,,руба краси ама и руба гнаси" Не можете да судите некому по облеката.Првин скроз забегавте од темава.Не е темава дали се облакаме или не според дрес-кодот.За тоа се знае што кај се носи. Зборуваме за тоа ,,како жените треба да изгледаат за да не бидат етикетирани како лесни". Првин не знам зашто темава во 21ви век воопшто постои.Зашто да етикетираме некој по облеката?Убаво ќе ни е некој да не етикетира? Еве во школо пример не смееме да носиме отворени маици, маици без ракави, и било што над колена.И машки и женски.Ама надвор кој може да ми каже не носи отворено? Еве шетам по улица, кој може да дојде да ми каже ,,еј ова не смееш да го носиш" или како што пиша Херера како во Берлин да ме праша некој ,,за колку го п***ш".Па забите со метла ќе си ги собира. Некому може му е удобно во сако, панталони и кошула, некому може му е лабаво и гол да се шета.Секој што прави, што облака и како се однесува не треба да ве засега.Многу сте научени да го копате носот во туѓите лични работи.Пример јас сум склетчика и лето нон-стоп дење-ноќе сум во шорцеви, кроп топови, маици на прерамки и рамбовки.Дали на кафе, дали ќе шетам некаде,Дали мене тоа ме прави лесна?Пример јас така преубаво си се чувствувам, и дома ми е убаво гола или по гаќи да се шетам.Не може некој да дојде и да ми каже ваква си таква си.Ако одам расоблечена пример не ме прави мене тоа лесна, а на крај краева и да е некоја лесна ич гајле да не ви е, си имате свој живот, одете ако сакате со фераџе, одете голи, не ги судете другите. Срамота е во 21ви век жени вака меѓу себе да се судат, да се покажуваат со прст и да се натезаваат..место да ги намалите бариерите во светот вие уште толку го расплинувате огнот.. нека се шетаат после во УАЕ на +50 забулени целите.. Како се борите за права и слободи, а јадете г***на за нечија облека?Каде е овде слободата на индивидуата да носи што сака?Каде е слободата?Ајде на работа, школо институција океј пристојно треба да бидеме облечени сите, ама не можете да ускратувате нечии права и слободи и да осудувате какви биле или како да се облекуваат за да не се лесни? Носете си што сакате, прајте што сакате, и остајте ги другите да си го живеат животот.И да си носат што сакаат.
Една жена, за да не биде етикетирана како лесна, треба да прави низа работи. Да не ѝ е грижа дали некој ќе ја етикетира како лесна зошто ако некој веќе оди толку далеку да го прај тоа, не е толку важен за нејзиното внимание. Да не ѝ е грижа како се облекува, сите заслужуваме да носиме облека во која се чувстуваме комотно. Да не ѝ е грижа дали се шминка или не, изборот е нејзин, зошто треба во своја кожа да се чувстуваме комотно и да се сакаме прво себеси, пред некој друг да не сака. Да не ѝ е грижа со колку луѓе е интимна, зошто тоа е во нејзината интима, нејзиниот живот и никој друг нема право да одлучува место неа за нејзиното тело. Ако некој се обиди да ви кажи поинаку - не заслужва да ви биди во животот.
Па има поважни работи во животот за кои треба да се замараш отколку за тоа што некој мисли за тебе и што збори за тебе. Градење кариера, воспитување на деца и уживање во животот на пример?
Ама тоа е скроз друга тема Ангел. Скроз. Непочитување на дрес код можам да направам и со непочитување на други работи, на пример да се појавам со прејака шминка или пак со пирсови на пример. А облеката да ми е 100% по дрес кодот на институцијата. Затоа викам слепо се фативте за докторки и професорки и ја изгубивте суштината по пат.
Точно така..но ајде ќе се баталиме себеси, баш ни е гајле како ќе изгледаме, баш не брига за све...абе како така баш ми е гајле кој што мисли за мене???? и те како ми е гајле, а нарочито ако имам деца...па зарем моите деца да слушаат за мене кој како ке стигне да ме оговара??? Не смее ниедна жена да си дозволи да не се замара како изгледа...се знае што е пристојно облекување и се знае што е облекување за да привлечеш погледи за да го нахраниш егото,
И да шеташ во ролка и панталони цел живот, ќе се најде некој кој ќе те збори. Луѓето се такви. Ако сакаш оди на трепки, некој некогаш ќе те збори. Ако се замараш што ќе постигнеш со тоа? Ќе им смениш мислење? Не живеам за другите. Ќе умрам еден ден, сакам да уживам во овој еден живот а не да се замарам со туѓи мислења, на луѓе кои не ги познавам.