1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како треба да изгледаат жените за да не бидат етикетирани како лесни?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 30 декември 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Ќе пишувам понатака подолго....
    Облеката....зависно што сакаш да покажиш, така и ќе се облечиш. :)
    Облеката вообичаено го отсликува карактерот на човекот.

    Еве некои слики. Кога би видела ваква женска, што би помислила? Мислам дека е познат одговорот...

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На drugarka, rossonerka и ludoto19 им се допаѓа ова.
  2. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Добивте два слични одговори, од мене и од Х-ман, дека уствари сакаме девојки што се облакаат провокативно, и дека она (сакам да истражувам да не ми е се на тапет не држи вода)...Па сеа вие дали ќе ја кажете како Attention Whore или не, тоа ваше си е, од машко нема да слушнеш ејјј види ја бе - attention whore....Како и да е одговорот на прашањето е тој...Не привлекуваат провокативни девојќи, и прво на таква би и дал шанса да ја запознаам од колку на некоја друга, од едноставна причина бидејќи првата ме привлекла физички...Да се разбереме - провокативно облакање не значи само минич :!: Тука влегуваат и тесните и залепени фармерки комбинирани со некоја добра чизма (еве конкретно во зимново време)...така да има различни стилови на провокативно облекување, не е само миничот ;)
     
    На Lolo5, INSIDIOUS, si.exs и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски


    Ете на пример гледаш некоја во хеланки која не ги носи со туника или подолга блуза туку со кратка блуза и високи потпетици и викаш ЛЕЛЕ БРАТ ЈАКА ! :^) Е тоа ако не е attention whore не знам што е. Мислам дека тука на фемина прочитав дека секое машко на прва средба или кога прв пат гледа некоја девојка, баш по облеката проценува дали е таа лесна или не. :) Мене искрено некоја ваква облечена како што претходно опишав ми изгледа многу мизерно, фала богу има денес добри бутици може од таму пантолони или фармерки да си купи :lol:
     
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Пупи, вие девојките правите една голема грешка која приметувам постојано се повторува а таа е дека вадите заклучок како ние мислиме но употребувате ваши женски критериуми што е сосема погрешно :D . Заради тоа доаѓаме до трагикомични ситуации 10 девојки за некоја да зборат дека е грда а секое машко би сонувало за секс со истата или некоја ја цените дека е невкусно облечена а ние прво на неа ќе и се пуштиме :D . Невкусното за вас од женски агол може да е многу вкусно од машки агол :lol: .

    Пред некое време постирав една малку пуничка Бразилка во Фитнес и неколку девојки рекоа „ама е грда“ а знам дека нема машко што би ја одбил, вие имате сосема различни и најчесто погрешни критериуми за женска привлечност и убавина.

    И самата етикета „лесна“ најчесто вие девојките сами си ја ставате, ние машките помалку се замараме која каква е и многу помалку не интересира друго машко затоа што сите за себе мислиме дека сме најдобри :D .

    Со други зборови каква е некоја девојка во машки очи прашајте машко мислење зашто вашето е најчесто комплетно погрешно ;).
     
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Икс мен обично така е женско се прашува за машко, а машко за женско. Ние девојките такви сме и секогаш тврдо ќе си ги браниме нашите ставови :lol: секогаш за некоја по хеланки со куса блузичка ќе речеме дека е лесна, исто како што и вие за некое машко што се облекува необично и се дружи со женски би рекле дека е педер. Тоа е тоа, никогаш не можеме да бидиме 100% сигурни дали е некоја лесна или не, или само сака да привлече внимание. :)
     
  6. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Вишокот на шминка може да направи девојка да изгледа лесно, а недостатокот на облека не? :)
    Хм... И јас мислам дека многу шминка изгледа невкусно и дека на природно убава жена шминката во големи размери не и е потребна, НО темава нема врска со природната женска убавина, почнавте да ги мешате работите.

    Облеката има и тоа каква врска со нечиј карактер и важна е за проценка. Облеката само се надополнува, дел е од нечиј стил и начин на гледање на работите. Не сфаќам како може некој да каже дека не била важна. :D Банални примери за влијанието на карактерот и афинитетите врз начинот на облекување, ако во некоја пригода облечам дрес или тренерки со логото на Челзи, не можам да очекувам некој да мисли оти навивам за Манчестер. :^) Ако носам црвено, не може некој да си мисли дека не ја сакам таа боја. Јас можам да си излезам надвор во некоја џиш комбинација све ми боје лепо стоје и не може да ме сметаат за модна икона, не би можеле ни да замерите некому ако помисли дека сум шашава :D . Така е и со ова. Во врска со нападно-провокативното или подобро кажано вулгарното облекување, се знае што сака да постигне жена која го практикува. Стајлинг а ла планет фолкерка воопшто не говори за високо интелектуална личност, се имам уверено во тоа повеќе пати. Не се ова стереотипни размислувања својствени за мажи кои биле "идиоти", туку чиста логика. Човек, небитно дали маж или жена, што знае да расудува, лесно ги проценува овие работи. Не гледам што има чудно тука.

    И немаше да коментирам на темава да не видев која е вашата претстава за провокативно облечена девојка :D
    Какви atention whores бе народе, овие сигурно рано наутро си се враќаат од работа, т.е од некој бордел. :D
    Епа сега таков впечаток оставаат. Дека се опасни интелектуалки, не се, рака во оган ставам. Сериозно има мажи што паѓаат на ова :D ? Искрено, јас да видам некоја ваква, прва помисла ми е којзнае колку болести има собрано :^) Да сум машко би ми било шубе. :)
    Од она што го знам и што го имам видено, никој интелигентен и зрел, не би сакал озбилно ваква девојка покрај себе. Сигурно има и такви, но, мое мислење е дека тука постои страв или комплекс од премногу закачени корпи и женско одбивање, или од некоја трета работа, па сега потребно е нешто каде се е јасно и видливо и што полесно се добива. :)
     
    На srcekrsacka и Antonija123 им се допаѓа ова.
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Чива претстава, на girl.23 :D ? Каква врска има тоа со машко мислење :^) ?

    Гледаш колку сте нефер, сами си ставате фотка која нема врска со темата (зашто ниту јас ниту Мистери мислевме на такви девојки како на сликата) и сами си коментирате што машките сакаат и како ќе реагираат што е стварно трагикомично :).

    Се повеќе се убедувам дека најчесто немате поим што ние сакаме и си вадите некои теории базирани на ваши мерила за женска убавина (кои со нашите мерила врска немаат) и многу повеќе се оптеретувате со други девојки затоа што машко пред сѐ се замара со себе и смета дека е најдобар и не му паѓа на памет да збори за друго машко (понижење ни е) додека вие ќе направите сѐ што можете да ја оцрните според вас поубавата односно позгодната дека е лесна, некултурна, невоспитана, нема вкус за облека итн итн итн.

    Изгенерализирав и секако не се сите девојки такви но повеќето се што е жално.
     
    На Sunnybun, Neytiri, Marchesa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Полека, полека, смирено малце. :!:
    Ова што го напишав не се однесуваше ни на тебе, ниту на некое друго машко од форумов.Е сега ако ти си се препозна друг проблем, тоа прво. Второ, јас ова што го зборувам не го лупам од памет. Што, да не немам направено јас муабет со машко во животов, па за релевантно треба да сметам нечие мислење на форум? Или вие мажите сите размислувате исто :) ? Да беше така и ние женските ќе требаше да размислуваме исто, па тогаш или ќе немаше вулгарно облечени девојчиња или сите ќе се облакавме така (што нема да се случи за твоја жалост) :)
    Јас единствено си искажав свој став на темава која не е строго нагласено дали е тука за на неа да одговараат мажи или жени. Ако тебе ти се допаѓаат вакви девојки, само повели слободно, мене тоа не ме интересира, а не ме интересирааат ни тие девојки за да се занимавам со тоа. ;) Единствено за нив имам став поинаков од твојот.
    И пред се, иако не си ме разбрал како што треба, очигледно зашто point-you' ve mist it, немој да инсинуираш и да ми наметнуваш нешта што ниту сум ги кажала, ниту сум ги мислела. Тоа особено важи за делот со убавината на жената, која јас отсекогаш сум знаела да ја препознавам, да ја ценам и да ја признаам. Ама брате, ти си ги помешал работите, зашо темава си нема благе везе со убавина и згодноча. А ако ти мислиш дека убава жена под дифолт мора да биде разголена и провокативно облечено во секоја прилика, а некоја си таму помалку убава не знае да се соблече, тогаш не знам што да ти речам. :D
    Мене не ми е проблем да искажам став за одредена тема на отворен форум, ама проблем ми е и тоа повеќе од понижувачки да се занимавам со некоја таква одредено за да ја оцрнувам :^) . И малку смешно е да генерализираат и да ме бутаат во ист кош со "повеќето" само затоа што сум изразила објективен став. Поготово некој што не ме познава за да има информации околу мојот физички изглед па да ги одредува причините зошто сум пишувала на темава. :D
    Тоа беше се, друг пат не сфаќај нешто толку лично, освен ако нели не си се препознал, што навистина не е мој проблем, зашто јас во темава не се препознав во ништо навредливо што излегло од тебе. :)

    И пак заборавив. Пак редактирање. Зашто со ова што го напишал Икс Мен некако ме вади од контекст и ми се губи поентата на напишаното, што ми боде очи, не сакам да бидам погрешно сфатена. Стојам на се што кажав. СЕКАКО ДЕКА ОБЛЕКATA E МЕРИЛO, не само за оваа туку и за ред други работи во животот. Конкретно тука, зборот ми беше дека девојките што се облекуваат ептен слободно си размислуваат така како што напишав, значи имаат одредена цел, тоа е јасно. А вулгаризмот е показател на низок интелект, докажано, никој не може да ме убеди во спротивното.
    Е сега зборувам како женско и секако ги разбирам овие работи подобро од машко. Често пати и најмала провокација во женската облека е резултат на тоа што жената сака да предизвика внимание на еден одреден маж или да го задржи истото, додека она ептен провокативното како погоре постираното и некои слични или горе-долу исти, се веќе резултат на предизвикување внимание во глобала и - sex call. Никој тоа не може да го демантира :)
    И јас лично не е дека не знам да облечам деколтирано (со вкус нормално) или нешто покусо, но тоа е невообичаено доколку немам дечко покрај себе, од проста причина што ме иритираат нападните погледи на мажи што не ме интересираат. Па вака колку-толку може да се избегне. :)
     
    На srcekrsacka, Antonija123 и LilBaby им се допаѓа ова.
  9. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Да додадам... Ниту јас ниту Х-мен не рече за девојкиве од горенаведениве слики ниту пак спомна нешто за нив, зашто треба да си малце отиден за да мислиш дека ова е ок...Според ова до сеа што го слушам, изгледа стварно незнаете како ние гледаме на работите, туку вие гледате на тоа како вие би гледале да бевте машко со женски мозок.......А дури и пишав јас дека провокативна девојка може да е и во залепени фаркерки, може да е и во добра суќна и кошула, во залепени хеланки итн..додека ова горе е веќе проституција... :!: но, сепак еве неколку слики што би означиле провокативно облечена девојка за која што јас мислам кога ќе ми спомнете провокативно облечена...Додека за шминката пак лошо ме разбравте или не сакате да ме разберете како што кажувам...Не викам јас воопшто шминка да не се става, туку да се става со вкус, а не 3кг пудра на неа и да свети од сите страни, да се гледа дека е мрсна како да не се бањала 3 недели ;)

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На si.exs, enca.69 и XMaN им се допаѓа ова.
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Мистери, кај ги најде овие во хеланки, ќе ги налутиш фемиките. :D

    Јас потполно ве разбрав вас машките и се сложувам со вас.
    И точно е дека ние женските најчесто ги лепиме етикетите, а не вие!!! Но, така е, зошто ние повеќе согледуваме кај некоја женска каква е, отколку вие машките, кои најчесто гледате површно. :)

    -Кажав дека облеката го одликува човекот. За првиот впечаток на некој, најпрво ќе го отцениш според изгледот.
    -Тука спаѓа и шминката. Најчесто лесните девојки знаат да се нашминкаат пренападно, невкусно и обавезно во `патка поза` со усните застануваат.
    [​IMG]
    -Движењето и говорот. Кај нив се поинакви, заведувачки, се тегнат кога одат, се прцаат со газот, зборуваат `поинаку`, знаат да дофрлат некоја невкусна/провоцирачка шала. :emo:
    -Но, најголемата слика е она што девојката го има зад себе. Таквите девојки, веќе се научени низ град какви се и како такви ги знаеме.
    Ако некоја пристојна женска за навечер се облечи провокативно, ќе ја погледнеш како едно изненадување-во какво издание се појавила, нема да ја етикетираш.

    Зошто женските им се лутат на машките/или има недоразбирање околу оваа тема?????
    Јас мислам вака: Има многу паметни, добри девојчиња, кои се облекуваат попримерно, но секогаш остануваат во сенка, незабележани, кога има провокативни девојки во просторијата. Со право се лутат, кога гледаат како машките трчаат околу нив, опијани се од нив, а нејзе никој не ја ни погледнува, а знае дека вреди многу повеќе!!! :)
     
    На srcekrsacka и Shana им се допаѓа ова.
  11. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Ако женската е навистина интелигентна, ке знае да ја усогласи гардеробата и однесувањето соодветно на приликата па нема да ја етикетираат, а пак ке си брка работа ;) За работа и дневно излегување има една гардероба и шминка, за вечерно друга. Тоа не значи дека навечер треба да се шетаат голи.... Длабочината на диколтето треба да е пропорционална со должината на сукната - длабоко диколте, долга сукна ;) За однесувањето, апсолутно се слагам со girl.23
     
    На srcekrsacka, Antonija123, antilla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Damn it, осеќам, осеќам дека сум извадена од контекст и погрешно сфатена. Јас само можам да кажам дека дискусијава води до погрешен заклучок. :)
    Моите причини за реакција не се усогласени со вашите. Јас изреагирав од истите причини поради кои би изреагирала да видам дебилана од друг тип било кај мажи или кај жени. :)
    Зошто? Изгледа полека станува и нормално жени да си искачаат по улица со танги и подвезици и пази, не само жени, исто и 13 годишни девојчиња кои ја следат сликата што им е наметната од повозрасните, сиот тој кич си се прифаќа и се промовира како секси, тренди и шо ти јас знам и као немало потреба од етикетирање. :^). И поматени се критериуми за убавина кај "рајата" СКРОЗ :!: Не ме интересира кој-како, што преферирал или како се облекувал, да се знае, ама она што не ми е јасно е по која логика претераната разголеност значи убавина. Ајде ако не сите да се соблечат голи и сите ќе бидат убави :D . Една убава девојка со убаво лице и добро тело носи обична блуза или онака најнормално е облечена, а некоја не толку убава со ајде да не речам асиметрична, нека биде просечна фаца, стегната со миничот до пи*от и деколтето... исто до таму :D , ама целулитот фрчи наоколу. И сега по логика дека разголеноста е критериум за убавина, а се друго е погрешно, секој во просторијата би ја избрал втората демек? :D Па глупаво е некако. Еве втората не мора ни сало да и фрчи, може да имаат слична телесна конструкција, ама првата е поубава. И сега само поради разголеноста втората да се прогласува за попривлечна? :) Е тоа не ми беше јасно во дискусијава, зашо таков впечаток се остави, а не е така. Логично е дека секој ќе си го избере она што му одговара и што го преферира, нормално, секому според чергичето што би рекле, ама да не се реметат критериумите за убавина и да не се генерализира :!: .
    ОК, најверојатно не требаше да влетувам во дискусија, јас повеќе се обѕрнувам на работиве од општествен аспект и пишувам подугачки постови, само овде не е местото за такви муабети изгледа зашо следува погрешна интерпретација. :)

    Инаку, ако збориме за убавина, тоа што го постирал Мистери се нормално убави женски тела, фаца онака просечна и тоа претпоставувам се надохнадува со добра гардероба, но телата се ОК.

    За крај, јас лично претерано нападно-облекување не разбирам, зашто, веќе кажав, не ми е пријатно во таква облека, и без тоа ме нервираат напалени машки погледи.
    А и се од тоа прошлото што го кажав, околу (не)поврзаноста на таквиот стајлинг со интелигенцијата си стои. Толку од мене.
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Уште кога ти ја прочитав реченицата како сум се препознал знаев и каков ќе ти биде останатиот текст :D.

    Следен пат кога сакаш нешто да ми кажеш прати пп, цел пост ти е Икс Ман ова, Икс Ман оноа, Икс Ман мисли вака, Икс Ман мисли онака, прашај бе девојко не се мачи да ми читаш мисли :D.

    Еве што напиша претходно да не кажеш сум ти измислип :)

    Како викаат ако козата лаже рогот не лаже ((:) (поговорка е)

    Облеката со карактерот немаат многу врска туку најповеќе со смисол за комбинирање, естетика (све ми боје лепо стоје (:) ) како и со едукацијата и потеклото на девојката и затоа и имаме примери што неколку феминки спомнаа фино девојче се облака според нив како „курвиче“ затоа што е така навикната а за некаков промискуитет не станува ни збор.

    Не може ќе кажеш нешто што не е точно и после пу пу не важи Иксот не те разбрал :D.

    Женските се лутат дека немаат поим како функционира машкиот мозок а мислат дека знаат, со други зборови се лутат за џабе :D.

    Сакаме убаво тело, убаво лице, добра цицка и супер нозе и сакаме тоа да ни биде покажано, кратко и јасно. Не сакаме да погодуваме што се крие позади нечива ролка или сукња до стапала, тоа друг нека открива, женско што ќе ми покаже атрибути кои ми се свиѓаат и која ќе покаже компатибилен карактер и интелигенција неа ќе и пријдам. Амбалажата ПРОДАВА па вие лутете се до утре зашто им приоѓаме на девојки што знаат како да се истакнат :D. Не седите џабе на темите за тело, убавина, боја за коса, козметика, лице, тело, шминки итн итн итн, се небитни работи кои ги правите САМО ЗА СЕБЕ пошто нели природната убавина била битна :lol:

    Ако се јавам у фирма да нудам производ или услуги и ме прашаат од сектор за продажба каков производ нудам и им речам не знам (во ролка е) и ме прашаат каква амбалажа има и им речам пристојна ќе ми речат ЧАО ПРИЈАТНО јави се кога ќе знаеш и кога ќе имаш убава и атрактивна амбалажа :D.

    Јас би сакал да се сите голи ама тогаш 5% машки ќе ги фатат 90% од девојките како и обратно 10% девојки ќе ги фатат најквалитетните машки, е ќе нема фарбање со шминка, потпунки, пуш ап, криење целулит итн итн итн. Исто и за машките важи кога ќе им виснат стомаците :D.

    Може за 30 години баш облакање (соблакање) како тие девојките на сликата ќе биде ИН па ќе биде интересно како тогаш ќе се цени нечив карактер (((:)
     
    На si.exs му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Да има 30 кила сосе облеката.

    Се зезам. Никако. Треба да се однесува, треба да биде - односно да не биде, а не да изгледа. Жената може да го има најдлабокото деколте, или најкратката сукња. Може да има отворен грб, или да ја носи највисоката штикла. А сепак да биде дама на ниво, да биде невина, да биде пристојна, да биде едноставно најнормална жена.

    А шо ви е муабетот уствари? Облека версус провокативност? Привлечност? Леснотијата да се биде жена или не? Или да се растегнат нозете или не?! Облеката односно стилот и тоа како може да се огледало на карактерот.
    И да не се лажеме, жени сме, во крв ни е, секоја од нас сака да е провокативна и привлечна за спротивниот пол - суптилно, или не, наменски или не :D Некоја заведува со поглед некоја со нога, некоја со рамо, а некоја со грб. Сите имаме свое сексуално „оружје“, без разлика дали го употребуваме потсвесно или многу свесно и многу намерно. Ако јас имам ај - кју 140, не мора да значи дека треба со скафандер да шетам низ град за да го тестирам потенцијалот на нашите мажи. Плус што сакам да изгледам ко девојче, затоа што девојче и сум, односно девојка. Мене ме привлекува на прв поглед физички изглед, истото е и кај мажите. Што и да значи привлечна жена за секој еден од нив. Шо вика бившиот мој - сакам да имам секс со телото нејзино а не со карактерот :D
    Е сега ако после тоа не знаеш да сврзеш две реченици, молим лепо. Ама тоа е друг муабет.

    Ама тврдам со печат и потпис дека секоја од нас посакува и сака да е посакувана, да привлече внимание, минимално или максимално, зависи од карактерот. Вака или онака. Некои тоа го прават со проѕирни штикли од 20 сантима и со анимал принт оптегнат на тело, а некои со убаво нашминкани очи со кои ќе трепкаат бре, ко лет на пеперуга, трета знае да игра, четврта знае фино и споро да ја пие пијачката и да в’ти со тоа сламката притоа испраќајќи длабоки сигнали со очите пих! :D
    Да не зборувам за конкуренција, мислам дека ни е во крв секогаш да изгледаме поубаво или посекси од онаа или оваа.

    А за тоа што е евтин кичерај во облекување до граница да е вулгарно и тотално невкусно и што веднаш потегнува размислување - види ја онаа, колку е лесна, е тоа е веќе друга ствар и е прашање на вкус.
    А мене ако ме прашате, со задоволство на билокој од моите другари би им ги местела на пример следниве цури :D Провокативно? Да. Вулгарно - не. Лесно или интелигентно и пристојно? Од кај да знам, ако ја сака за жена ќе мора да открие тој самиот. Во секој случај какви се луѓето, ќе зборуваат што сакаат без разлика дали правите ова или она. Но фактот е еден, физичкото не привлекува а интелектуалното не задржува. И токму така и се однесуваме сите кога имаме интерес да привлечеме некого од противниот пол.

    [​IMG]
    [​IMG]

    п.с. Бар Рафаели, во случај на голем интерес од машка страна, НЕ ми е пријателка, чисто да сме на јасно :D
     
    На SexyLady, Miss.Ricci, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Ајде, ова е првиот мој пост кај шо навистина имам намера да ти се обратам исклучиво тебе, директно или индиректно, пошо ме повика. Да не испаднам сеа јас лошата и лажгата во приказнава што манипулира со фактите, да сублимираме. Јас се огласив на таа слика (каде ти си се согласил со констататацијата дека она што за женскиот дел од дискусијата е atention whore, всушност за мажите било привлечно, за после отворено да се оградувате од истиот тој став што го поткрепивте и ова стварно не е моја работа, ама ти прв се закачаш со мене. И сега ова твоево испаѓа ем шуто ем боде :) ) со цел сеирџиски да констатирам дека она вулгарно облекување всушност не е во ред и се знае за кого е својствено.
    Значи ти мене ама воопшто не си ме разбрал. И тоа со препознавањето, ама поим немаш што сакав да кажам :) . А се уште стојам на тоа и од искуство знам дека сум во право. :)
    И чекај како тоа облека со карактер немала врска :D ? А смислата за комбинирање и естетика немаат врска со карактерот и со личноста? :D Сигурно? Абе момак :D И тие муабети кој шо ти пренесол на друга тема кај мене не играат улога кога зборувам за нешто што сум го видела и сум се уверила, тоа за мене е докажано. А ти мисли си што сакаш, биди си во заблуда ако ти е така полесно. Ако упорно тврдиш дека атрибутите извадени на маса немале врска со промискуитет :D ахам, можда, еден случај на милион, тогаш пак се работи за помодарство, егзибиционизам или како и да е, за мене тоа е подеднакво вулгарно и простачки.

    И види вака, јас знам дека вистината те боли, ама не знам зошто постојано си пишуваш постови за да си ги објаснуваш сопствените преференци, као вулгарна чипка (која нема да стане секојдневие за 30 години, не надевај се напразно) кои не се критериум на одредени мажи кои ги спомнав јас погоре.
    Па не знам ни што си умислил дека си ти гласот на сите мажи на планетава за да го делат твојот став, па има денови кога јас не се согласувам со повеќе од 60 % што ќе прочитам овде на женски форум. Вие сте биле многу сложни, браво. :D
    А сарказам, цинизам и остало с*ање - прекини, зашо не ти оди од рака...
    А не Хиксмен ово, оно... не ласкај си :D .
    Ајт, пошто јас оваа тема за разлика од некого, не сум ја сфатила лично, одамна реков дека ја напуштам дискусијава, ама пусто кога некој не знае самиот себе да си објасни како убава жена во ролка е помалку привлечна од просечна жена во минич... Испаѓа оно што се не може имати... :wasntme:
    И читај го главниот дел, не после Антила пак да доаѓа да повторува, не ќе може веќе.
    Стварно нејќев да се навраќам на темава, ама кога некој мисли дека може да манипулира со поентата...
     
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Мислам дека девојките тука сакаат да прикажат ситуацијата дека нешти слично на ова ако добро сум разбрал :?: :?:
    [​IMG]

    а уствари не сваќаат дека они истото го прават ...

    само што во нашиот свет мажот кој е "лесен" или како и да го етикетирате ....
    не е нарекуван така туку звер :P


    и фактички како во секоја тема до сега .... мажот вака , мажот така а јас не , гледам вака, туку, гледам со други перспективи ама карактер ама ова , ама она и оп утре у диско со најлошиот (у карактер)и све од спротивно што вели ... мување и чуда ...



    да де .... :fubar:
     
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Ех ако зборуваме за оние детиштата од мојата генерација кои ми изиграваат кошаркари и кои некогаш ми изгледаат дека пред да излезат нивната мајка им ја залижала косата, им одбрала облека, им рекла да бидат пристојни и затоа сега овие се потисинати и мирни, а и бајги фрустрирани. Па како јаготка на шлаг и многу неискусни. Е за нив секоја втора е лесна, ако не и секоја!

    Пример, да ме видат мене со деколте и на кој било од нив да му се насмевнам, да го допрам или да почнам муабет со него веднаш би помислиле дека јас сум лесна. Оти дрзок поглед демек држам, сакам да правам нешто јако со него вечер, а врска немат дали случајно сум допрела или погледнала или пак можеби го сакам со целото срце и сум желна за негово внимание. Битно, лесна сум, срам да ми е, треба да седам во ролка и да се срамам од нивниот поглед. Ех, ако пак дознаат што сум правела со претходниот дечко во кревет ехееееее курва со тапија!

    Сакаш ли интелегенција? па баш не сум сигурна дали можеш да се справиш со неа, мил мој.
    Е сега ако некој мисле дека секси фустан и добра нога со памет не идат заедно, Congratulations you are in highschool again!

    Е сега, многу битна работа е дали девојката изиграва мачкица, тигрица и е полна со вулгарности, не свесна за тоа колку изгледа грозно со тој нејзин стил граден по терк од источните и северните другари. Ама пак, ко што кажа Калиопе, може нема добар вкус, а не значи дека е лесна! И јас имам такви другарка и таа има такви другарки значи факт е дека таквите постојат.

    Врти сучи испадна дека најмногу зависи од машкото :D дали девојката ќе ја етикира како лесна или само за секс за една вечер. Зависи тоа и од неговите критериуми па за да ги разграничи, од девојките со кој се дружел и со колку девојки се дружел за да биде свесен дека не постои генрализиција!

    Еден мочко така за мене помисли дека сум лесна само зашто го изговорив јасно и гласно зборчето СЕКС во некој контекс. Срцката се запали и му светнаа очињата верувајќи дека ќе ме ќари и дека сигурно сум многу лоша девојка оти ја имам храброста без срам да кажам-секс. Па после тоа да ме гони месеци и месеци, за на крај во четири саато сабајле да ми доваѓа во маало и да ме бара. Ах, срцка тој...
     
    На srcekrsacka и Black-Hair им се допаѓа ова.
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020


    Антила знам јас што сакаш ти да кажеш .... јас само објаснувам главната суштина на сите теми во категоријава


    а на твоето прашање ... не е до девојката

    него е до машкиот мозок ... таа може да како сака да биде облечена ако во мојот мозок или под влијание на друг пише "лесна" тогаш е лесна .....
     
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Секој си има своја дефиниција за лесна девојка.
    Јас имам затупени другари т.е. познанци, за кои и девојка која го тресе задникот во ритам на музиката во дискотека е лесна, за друг доколку носи деколте и кратка сукња, за трет некоја која нема карактер и сл.
    Меѓутоа облеката не го носи човекот, туку човекот неа.
    Секој различно се доживува себеси, и различно ги доживува другите.

    Според мене девојка со деколте и кратко здолниште не е лесна, ниту некоја со ролка и фармерки интелектуалка. Порано очилата беа симбол за интелигенција, а денес се секојдневие.

    „Тешка“ девојка е девојка со свој став, без разлика на сликата која ја гледаме и облеката која ја носи, зошто карактерот ја прави ваква или онаква, а не гардеробата и како другите ја доживуваат.
     
    На si.exs, Rubiii, Shana и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Прво мора да кажам дека ми се допага 100 % искреност на машките овде бидејки не не моткаат демек сакаат девојки облечени од глава до пета, дека прво гледаат во очите на девојката а не во градите и останати лигави коментари кои повекето ги кажуваат површно а сепак кога ќе им оставиш 5 девојки на избор од кои 4 се многу примерно облечени а една провокатно ќе ја изберат провокантната.

    А второ моногу ме збуни коментарот на XMaN и не можам да го сватам.

    Значи ова ми е океј го свакам и почитувам искреност но тоа што ме збуни е оваа ->

    Значи нели девојката ја сакаш макар и да е со минич до пич и длабоко деколте и тебе тоа не ти пречи бидејки има памет.Зошто откако ќе биде таа девојка со тебе зјапањата и озборувањата наеднаш ке ти станат препрека?Како тоа додека е сингл не ти пречи воопшто а откако ќе е со тебе ќе ти пречи и тоа ужасно?Зарем ќе ја зедеш за да ја промениш? Така излегува дека не ја сакаш каква што е :)

    Друго оваа не е наменето само за XMaN туку за сите машки кои сакаат многу провоканта жена и паметна.Зарем нема да ви биде страм таква да носете дома и да речете мамо, тато оваа е мојата девојка секако вашата идна снаа.


    Искрено јас оваа го свакам дека ваквите привоканти жени вие мажите ѓи гледате повеќе за забава и плакнање очи отколку како сопруга и мајка на вашите деца.На крај сепак излегува дека сакате вашата сопруга да се облекува примерно и само вие да знаете како изгледа нејзиното тело а не цел град да фантазира со неа.
    Извинете ако грешам но оваа е мое мислење :)
     
    На Cence, srcekrsacka и creshicka им се допаѓа ова.