Значи заклучок, ако ти имаш совршено семејство, сопруг што те третира како кралица и две здрави дечиња, бизнис што цвета и сите благодети и убавини што може човек да ги посака во животот, ама се облекуваш на начин според другите што не прилега на таков живот, т.е се облекуваш како проститутка по нормите на луѓето и иако ти така се осеќаш најубаво, судејќи по твојата кратка сукња, ти не заслужуваш да бидеш среќна и сигурно и не си чим луѓето имаат такво мислење за тебе? Мислам ВТФ?
Тое е веќе во психолошкии анализи спрема гардеробата за една личност..ама може многу работи да се онјаснат..верувај.
Под сите не се рачуна кланот драга моја. Не не Тоа што го наброја е скроз излезено од контекстот во кој јас го пишав, а да ти објаснувам тебе немам апсолутно никаква намера Твое право е гола да шеташ Мое право е што сакам да мислам. Помири се со тоа.
Извини, не сфаќам шо сакаш да кажиш. Ама, јас не велам дека не треба да се грижиме за себе, напротив, самиот себе треба да сме најголем приоритет ама да се грижиме за себе, не за да задоволиме некој и нечие мислење за нас, туку за да се задоволиме себеси.
Сама си даде одговор кога ги спомнуваш нормите за облекување на една проститутка! Значи кратка сукња е = проститутка....норма нели.
Јас реков. И реков дека е осуда и потсмевање и едното и другото. Едното со сексуална конотација и тотално неправедно, другото е, да бидеме реални, многу субјективно. Нели за вкусови не се расправа? Ако јас си се допаѓам како што сум облечена, од каде ти право да ми се потсмеваш врз основа на мојата облека? Тоа не може да повреди? Не, не е исто ама е многу многу слично, а едните активно го прават едното, а го осудуваат другото. Не иде другари. Малку слобода на сите полиња.
Ова сигурно не се мои зборови. Патем чудно како никој не ја нападна херера. Доволен доказ е тоа што се употреби зборот проститутка и пројде како никому ништо. Сега гледате дека се напаѓа од лични засегнатости а не од реални причини!?
Аха... Имав млад професор во средно. Се облекуваше само во брендирани алишта и делуваше дигнато. Цел клас го критикувавме,го оговаравме... Ама,на крај тој човек го спаси цел клас од голема мака... Облеката не го прави човекот,туку работата !
Клановите постојат само во вашите глави. Мене и за иста личност со дангел ме мислеа, па во клан бевме наводно, па еве на темава јавно не се согласувавме една со друга. Тие приказни на новодојдени да им кажуваш. Нема ништо извлечено од контекст. Нема потреба ни да објаснуваш, те сконтав вчера од прва. Слободно. Уживај во игнорантноста и себељубието преку потценување на другите, ти нај жено во све!
Клановите и те како постојат само нормално е да не се признава, да бевте во школо верувам заедно на мочање ќе одевте. Фала на комплиментот дека сум нај жена во се.
Одма после тоа проститутка имам пишано дел што си го скокнала или не си ме разбрала. По нормите на луѓето пишува, не по мои. Сепак стојам над тоа дека тоа како изгледаш нема ама баш никаква врска со тоа како живееш а најмалку со тоа колку треба да бидеш задоволен самиот со себе на база на туѓото мислење. И мислам дека и ти треба помалку да се секираш за што мислат луѓето за тебе и да си живееш онака како што сакаш, да се облекуваш како што сакаш и да не заборавиш дека луѓето во секој случај ќе зборуваат. Небитни се.
John Snow пиша,ама му се пуштивме... Има милион поговорки. Но,21 век е.Повеќето од старите сфаќања треба да исчезнат.
Не треба да исчезнат. Кој сака нека си ги кажува кој не сака не мора. Тоа е слобода на избор. За тоа што велат горниве Дека се залагаат а уствари да можат би се претвориле во хитлер нација само за да е по нивно.
Некој во реален живот ќе се оствари како таков, друг на форум ќе форсира таква слика. Секој со своите можности. Поздрав.
@DAngel Јас искрено ќе си кажам за самата мене, јас може во мене ќе си помислам дека не ми се допаѓа комбинацијата, но од моден аспект и сигурно нема да земам да се потсмевам или да изгледувам, а не па комбинацијата да ја поврзувам со моралот на личност или директно да судам. Не се до толку заморувам, јас повеќе гледам во сопствената облека да уживам максимално Можеби поаѓам од самата себе, дека сум поминала низ озборувања или сум била мета на потсмев во некои минати времиња, па никогаш не би постапила така да јас сум причината за некој лошо да се чувствува. И погоре напишав дека не треба да судиме и според мене секој има слобода да се облекува како што сака Ако јас се облекувам поинаку од тебе, не постои такво право да велам дека јас сум попаметната или ти да велиш дека јас сум поглупавата, само затоа што пр. јас би сакала бело, ти црно
Мислењето убаво е напишано, ама не секое мозоче го прогресира како што треба Тоа што вие направивте да звучи немало да се омажам ако сум била друкше облечена е ваш проблем. Мој не е.