Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како треба да изгледаат жените за да не бидат етикетирани како лесни?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 30 декември 2011.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    И да се разбереме за ист стил на облека може да се добие различна етикета, многу е важно кој ја носи, пример Бијонсе, Џенифер Лопез, Адриана Лима и слични на нив можат и само по танга да се прошетаат и пак ќе бидат wow the best, но ако некоја обична смртничка или некоја не толку обожавана го направи истото одма ќе ја помножат со нула.
    Еве и пример, Кендал Џенер облечена вака 19-6-784x441.jpg беше наречена атеншн хор, со нешто слично на неа Џеј Ло беше божица :nod: images.jpeg
    Значи не е фер, но ама баш и двете ги заболе што мисли народот и што етикета им залепи.
     
    На Dadusicka, staycalm, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Јас гледам мислења, не членови.
    Една работа пропушташ - а тоа е токму СЕКСИСТИЧКИОТ елемент на осудата, што е различен (и е во склоп на темата) од сељанка, без вкус, ефтина облека, небрендирана... итн.

    Значи се фокусирам на моментот "лесна" кој има многу подруго значење од се' останато и многу е поважно од тоа дали ноктите и' се тазе лакирани и дали облекла сиви, а по дрес код мора црни чевли.

    Јас на ничие облекување не се потсмевам, не знам од кај го извади тоа?
    Иако има суштинска разлика меѓу етикетите "демоде" и "лесна", нејсе, не знам ова од кај го извади.
     
    На ivi1987, staycalm, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не реков за тебе :D "оти ти вика" пишува, а не "оти ти викаш" :D
    Да, има разлика помеѓу етикетите, ама некого лесна нема да го повреди затоа што знае дека не е вистина, а демоде може да го направи да се чувствува многу неудобно ако на пример, нема друга гардероба и не може да си дозволи. Кои сме ние да бираме која навреда е во ред, а која не е?
    Да, машко никогаш нема да биде навредено со сексуална конотација, ама тоа не ги оправдува сите други навреди. Затоа што навреда е навреда, па во која и да е конотација искажана.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде темата се насочи толку кон работа и дрес код, и не ми се верува за што се расправа два дена. Прочитајте го пак насловот и првото мислење да се потсетите колку е само површна темата уствари, не па за паметни и либерални личности да се делиме и расправаме меѓу себе на истата.

    Тој што има таков умствен склоп да етикетира жени во сексуален контекст, тоа нема да го прави само во сериозни институции (работа, факултет) - туку и на улица во летен ден на +40°C, и на журки во клубови, и на сцена кога се работи за јавни личности, итн. Ако се мажи и во позиција на моќ, ваквата перцепција на облеката е толку сериозна што може да ги доведе до сексуално вознемирување дури и во оние сериозните институции (шеф на вработени, професор на студентка или дури и ученичка).
    Префинет вкус и почитување кодекси е нешто сосема друго.

    И да ве прашам @baba Rada и @Herrera кои сте најконтрадикторни низ темиве - каде со проповедање некакви норми низ ваков вулгарен речник кои самите го користите? Се лажете дека само облеката говори за културата и пристојноста на една личност.
     
    На XstrongerX, smooch, staycalm и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    Кралице, аплауз, и за тебе и за маж ти.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Можеш тоа и како комплимент да го сфатиш, бар од моја страна, верувај.
    Не се впуштам во дискусија со некој кој знам дека прво не може ни да разбере што му зборувам :)
     
    На Lella, LiliBoz и ane.bella им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Ангел, јас никако не оправдав никаква навреда, напротив, се согласив со тебе дека во ситуацијата на која не сум сведочела и те направиле заостаната, не биле во право.
    Немам навика ничија облека негативно да коментирам, освен ако не е побарано мислење од мене. Ниту сметам дека омаловажување по било кој основ е во ред.

    Само се трудам да се држам до темата, која гласи
    SmartSelect_20190227-114623_Chrome.jpg

    Одговорот на ова прашање е - како сакаат.
    Тие што си дозволуваат некоја жена да ја омаловажуваат поради нејзината облека, закопчана до врат или во мини, во нив е проблемот, а не во неа.

    Иако сексуалната навреда и сексистичкиот пристап секогаш ќе тежат повеќе од модна критика, оти првово е сериозно и суштинско, а второво површно и искрено, суштински небитно.
     
    На GirlRose, Lella, Bender Rodriguez и 7 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па тоа го напишав уште во првото мислење на темата.
    Мислам немаше потреба после да се прави хајка и да ме нарекуваат конзерва, затуцана, антифеминист и што ли уште не.
    Нема везе, мислењата се избришани, нема потреба да се навраќаме на тоа. Да, се накурчив затоа што тоа беа навреди што некои свесно одбраа да ги преќутат како супер етикети. Ако нешто сум пробала, секогаш било да не етикетирам и да не навредувам. Сфатив само колку реткост било тоа. Денес добив навреди и етикети кои најмалку ги очекував и на форум и надвор од него, само доказ уште колку треба да мрднеме. Дека не е либералноста само "носи кратки суќњи и деколтиња и ич да не ти чуе".
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Ама каква врска има твојата дискусија со мене, и мислењата на другите?
    Ти упорно ми објаснуваш некој таму што кажал, ок, прочитав и сама, ама не можам да одговарам во туѓо име.

    Тебе ти кажав две работи, прво, дрес код на институција не е природен закон па да не подлежи на промени (некогаш, одамна, жените не смееле пантолони да носат ни на работа), сестрите на пример морале да носат сукњи, денес смеат и сукњи и пантолони да носат и верувај во 99% од времето ќе ги видиш во класична медицинска униформа, ретко некоја сукња да носи. Значи правилата и дрес кодовите се подлежни на промени што бо мои очи не е нешто страшно или ужасно, а ако дојде некој неконвенционално облечен ќе помислам дека е бунтовник и веројатно во позитивна смисла, ама дека е "лесен" и неспособен да си ја работи работата... не, тоа не би го помислила.

    Ниедна осуда не е во ред, ама ајде да почнеме од суштината, модните критики се на последно место кога миничот уште се нарекува "курвинска" облека. Ние уште не сме расчистиле дека "курви" не постојат, има време да еволуираме до таму па да сфатиме дека ничиј моден стил не е за осуда.
     
    На ivi1987, Annath, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    "Некој таму" беше синоќа, тука и на оваа тема.
    Тема која зборува против етикетирање. Сликите на почеток што ги стави @Someonespecial го имаат и едниот и другиот етикет. Оти се ИСТА ОСУДА ВО ДВЕ РАЗЛИЧНИ КРАЈНОСТИ. Да кажеш дека некоја е промискуитетна врз основа на облеката и дека некоја никој не би ја легнал врз основа на облеката се две различни крајности на истата етикета. Зошто свесно бираме да ја дискутираме само едната?
     
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.508
    Што се не се изначитав, колико људи , толико ќуди. Јас НЕ НИ САКАМ да се дружам со некој што нарекува жени лесни. Или демек мераклика..мене поише ми штети лично ако некоја во моја близина на пример, што знам, пуши отколку ако носи минич. Ако и се носи нека носи.
    А за дрес код на работа и во институции ,сум за почитување. Од повеќе причини. Само мене ми се важни моите причини, на некој баш ќе му е гајле за нив. Исто како и мене што не ми е гајле за туѓите за или против. Едноставно, нема влијание на мојот живот.
    Дрес код или не дрес код има жени кои незаслужено тоест заслужено со секс напредуваат на работа. Има мажи кои тоа го овозможуваат. Тие ми се повеќе бљаќ и штеточини во општество од некои кои нема да испочитуваат дрес код.
    А ако во слободно време некој многу му се секса,( маж, жена) што е тој полош од некој на кој не му се секса ич или пак само со еден. За мене баш сеедно. Ако не внимаваат на болести- јер ради професија идам во контакт со плунка и крв, нивна работа. А моја работа ЈАС да се заштитам од нив.
    Јас имам големи гради. Како и да се облечам, освен во ххл , се приметуваат. Ми донесле разни облици на внимание или невнимание. Дел непосакувано. Јасно ми е дека да провоцира директно и грубо , неуморно да трача може само некој со неканализирана сексуална енергија. Второ простаци. Ама се адаптирам на околината оти сакам на работа непречено да си ја вршам работата а во приватен живот иако ми е јасно како се манипулира со изглед, бирам посмирен и да ми е удобно. За другите, не ни размишљам дали имаат прееротизирана облека или не. Разноликост ми е интересна.
    А за вкус и невкус сите имаме и едно и друго.
    ТЛДР:D
     
    На Nausicaa, staycalm, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  12. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Другарка со цицки на изволте што се вика ( затоа што ги има огромни и секое деколте на неа изгледа како да е поотворено) е личност којашто се нема ни бакнато со дечко а не па лесна да е.
    Девојка што знам дека е лесна, не ме напаѓајте за ова затоа што факт е дека е лесна (нејзина работа си е) ја немам видено во минич или деколте.
    И сега што правиме? Секоја пригода си носи дрес код. Да, елегантен фустан за на свадба може да биде многу поубав ако е провокативен отколку затворен сегде) .
     
    На Herrera и Cleonika им се допаѓа ова.
  13. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954

    Извини, убаво си пишала ти, така е (y)

    Да беше лесно прифатлив тој стил , сите ќе одевме облечени како проститутки :D

    Ама таквиот дрес код си прилега токму за таа професија.

    Дефинитивно си во право,,,, очигледно сум ОФФ ТОПИК за дрес код , а темава е за лесни женски.


    Ништо, продолжете си со коментари за лесни женски , јас ќе фаќам сеир од страна :emo:
     
    На Milan93 и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.590
    Пол:
    Женски
    И по стотти пат, ќе си ги ископаме очите нашиов род, а дали ќе слушнете мажи да се караат за тоа како се облечени и дали си удираат рецки кој со колку спиел. Баш напротив ќе си се тапнат по рамо, ќе си подадат рака и ќе си седнат на пиво. И никој лош збор нема да рече.

    А ние гледаме за што побрзо да се исколиме, дали за облека, кодекс на облекување, манири, гестикулации и секс партнери. Па сакате да не почитуваат. Никој нема да ве почитува сами ако не си се почитувате. Никој.

    Седнете и размислете дали вреди да ја вреѓате друга жена по било каков основ.
     
    На Nausicaa, smooch, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.925
    Допаѓања:
    177.497
    Пол:
    Женски
    Note to self: облеката дава порака само и само ако ти сакаш да прочиташ нешто од нечија облека, а богами и ќе ти го дае баш тоа што и сакаш да го прочиташ.


    На кој се беше исушил листот? Мене и овој на мене и овие по саксии ми угинаа од муки дур читав, па ќе одев да наберам сабајле свежи... ако сака некој.. нек се пријави.
     
    На dayla, ivi1987, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Па темава е за едната крајност, инаку пак, во право си, "не би ја легнал никој" "не би ја погледнал никој" "не личи на ништо" се дел од истата осуда.

    Значи кој и да е зборот, не чинат таквите етикети и не треба да релативизираме.
     
    На Nausicaa, buba4e89, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Како сакаш изгледај ако на некого му "сметаш и го нервираш, без разлика како изгледаш и се однесуваш. Ќе почне да шири муабети и да ти лепи етикети. Народот секогаш ќе збори. Старите викаат " На село капија не можеш да му ставиш".
     
    На staycalm, Someonespecial и Animali им се допаѓа ова.
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Докторката од Систина со миниќ и чизма над колено е врвен професионалец.До кога ќе се суди за изгледот,а уште повеќе,од кога па облеката говори за човек и за неговата професионалсност???
    И закопчани до грло,ролки,широки здолништа знаат да зрачат со сексипил,само зависи кој ги носи.

    Го знаете ли она ,,преку ден светица,навечер вештица”?

    Зарем не се стремиме сите да излеземе од стереотипно размислување?
    За ова етикетирањево не ми се ни збори,смешно е.
     
    На Mishela, Nausicaa, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954

    Така е срцко, не е само облеката , има личности кои им вреѓаат интелигенција на други и го заобиколуваат муабетот како абе таа и таа нема да сфати ако нејзе и се обратам или директно идат на вулгарен речник од типот, ти си смотана ако спиеш со некој од форум, ти си проста ако веруваш во магии, замисли каква култура шират на форумот и вака од страна ако ги чита некој ќе си рече машала, колку културни личности пишуваат :clap:

    Не дај боже да ја отвориш темата за македонските јавни личности оти таму никој никого не етикира.

    Во глобала многу културен народ сме ние македонците, си се сакаме, почитуваме, ем во реалниот ем во виртуелниот живот.

    Ела сега да те гушнам бидејќи си ме тагирала :hug: и едно бац бац бидејќи сме форумски пријателки :*

    Многу ве сакам вас искрените како мене, оти сме иста мафија, болно искрени во коментарите :sun:

    Па дај боже да продолжиме вака да шириме позитивна енергија секое утро и да се будиме со насмевки на лицата без никакви лоши мисли за упатување навреди кон непознати личности :l::l::l:


    П.С. Само ти се надоврзувам на твоето мислење дека не е само облеката , а вториот дел за искреноста сериозно го мислам бидејќи ти ме немаш навредено, ама тука во моите зборови ќе се најдат други личности кои мислат дека се попаметни од останатите ;) па нели да не ги тагирам, ќе останеме на фино и културно ниво како што доликува :makeup:
     
    На diskreten32, candy.cane, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.800
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што облеката се поврзува со сексуалноста. Жените најчесто се посматраат како секс објекти. Како и поназад што беше кажано, ако се несоодветно облечени, жените се вулгарни, лесни, мераклики, а мажите се само без стил, сељаци. Не се гледа исто на маж што покажал повеќе кожа и на жена што покажала повеќе кожа. Тоа е проблемот. Жените секогаш повеќе товар понесуваат, за облека, за однесување, за начин на живот итн.
    Точно е дека некои нешта се одлика на човекот, како на пример начинот на облекување, музиката која ја слуша, филмовите што го гледа, што и дали чита и слично, ама според ништо од тоа не се суди.
     
    На GirlRose, theowndemon, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.